Ден за мерење..и само минус 300 грама , ко воопшто да не мрднала вагата..нема врска не се разочарувам ама дефинитивно ќе водам ред во броење калории повеќе ама па и 1 недела на диета сакам резултати којзнае какви.. За денес Д овес со јаболка У компот од дуња Р растурена сарма со слаата без леб ќе пробам В салата Ај баш ќе видам како ќе биде денов..
И јас за денес имав поголеми очекувања. Но, како што вика нашиот експерт лидер со мотивациони говори @Ariel (мада кога и го видов нејзниот БМИ, воопшто не треба со неа да се споредувам...пошто за неа сум БАТКА ) : Може не сум ослабена, ама не сум ни здебелена . Се на се, од старт кога почнавме со мерење до сега -1.5кг, односно од прошлото мерење до сега само -500гр. Искрено, не знам ни дали влегува во намалување . Нооо, не се откажувам. На моменти искрено ми здосадува, но автомобилскава гума на позиција стомак ужасно ми смета. Така да, ќе си се рестириктирам уште извесно време а и мора некоја физичка активност да убацам. Одиме понатаму девојки. дур не станиме За денес на ред протеински. Или ќе биде риба во кафана, или ќе биде риба конзерва/туна ...секако и салата
Заради ненормален работен живот последните неколку недели, ќе се мерам попладне Браво за @andrejko82 и @Espadrila Ајде на наредно мерење ќе биде кило ипол
Добар ден, Ај и јас да пријавам што се случува. Се мерев денес и сум некаде минус 500 грама. Ама се чувствувам подуена и отечена зашто ми с еближи циклус и не го осеќам телово нешто намалено. Како и да е продолжуваме понатаму па ќе видиме што ќе донесе следна недела. Денес доручек овес од вечер (овес, вода, млеко, една лажица чиа, малку брусница и една лажичка путер од кикирики). За ручек или подварок или сарма од лист. За вечера планирам чаша млеко. За ужинките уште не знам. Се надевам со зеленчук да поминам ама ќе видиме.
Ја симнав апликацијата за мерење калории што жабче ја препорача. Еве вчера и денес внесувам и гледам добра е, таман за ориентација...ќе се поднаучам што се и колку калории има...ми требаше ова за да не се мислам е ништо не јадам а не слабеам...
За жал денес не можам да кажам може не сум ослабена, важно не сум здебелена, затоа што сум . +0.4 кг од последното мерење. - 0.9 кг од почеток на диетата. Добро, научена лекција, одиме понатаму. Минатиот период многу јадев, со болести се занимавав и ми се одрази, ама сега сум ок, нема веќе изговори.
Немам минус моментално, само 2кг од почетно. За 2-3 дена треба да ми дојде циклус, обично стагнирам пред него и додека трае. Почетни кг не кажуваме така ? Само минусираме? Денес на мени: - палента и јогурт - може ужинка јатки или црно чоколадо, оти пред циклус ненормално сум гладна - зелена салата и стек - детокс смути - не верувам дека ќе вечерам, касно ми излегува, треба 3 саати после смутито а тоа го пијам во 8-9 вечер
Јас сум на програма од нутриционист, она е за еспресо или турско кафе ама пример си кажува дека малку млеко па и лажиче шеќер ако ептен не можеш поинаку нема да е проблем, ми нагласи баш иако јас пијам црно и без шеќер. Работава е да не е кафе ко оброк, со многу шеќери, млеко. Ако можеш замени го со растително млеко, од кокос е баш убаво со кафе. Шеќерот со кафеав пример ако стевиата не ти е вкусна, нешто од нешто барем, јас така се тешам А на ЈХ ден почасти се со кафе по ќејф
мене вагата ми е расипана ама не запирам додке не си ги видам коските на лицето. Имам убаво лице кога сум слаба, сега како подуван балон сум. Појадок - две тонус лепчиња, сиренње, маслинки и кисели краставички. Ручек - не сум решила. Учина две мандатини и рака ореви. Вечера или ништо или супа. ден 3, без леб и благо, со сите сили, да го избуткаме.
И јас сум -300, ама овојпат навистина не сакам брзи резултати. Башка, како беше она: slow progress is better than no progress Кој путер од кикирики го користиш? Јас многу го сакам индивидуално да го јадам, така со лажичка, ама мешан со други вкусови ич не ми оди. Дали е до путерот, дали до моите комбинации, или едноставно не ми лежи. Доручек овесна каша со јаболко, а ручек ќе биде пица. Вечера ќе гледам да не е тесто пак, може мусли, корнфлекс или овесни снегулки. Ужина овошје, протеински бар и евентуално оризова галета. И се разбира награда малку чоколада, ресана или нешто сл.
А зошто не пробаш да јадеш благо, ама редуцирано? На пр. темна чоколада, или дури и обична млечна да е, ама не повеќе од еден ред и да не е секој ден. Или 1 крем бананче, нешто така ситно, колку да ти се задоволи потребата, а да не ти влијае на килажата.
не сакам, а и не е многу проблем. Мене проблем ми се тестенините и лебот. Вчера ќекра ми побара јуфки. И сварив и останаа двве лажичиња. Ми с еплачаше од што сакав да ги каснам и ги изедов, ама само две беа. Чоколадо да гледам не е криза, криза е после ручек, ама знам дека е навика, и можам да ја тргнам. Ама леб и тестенини.... ах. АХ.
Па немам диета,се трудам да внесувам хранливо ама со намален внес на калории.. Не планирам нагло да направам рестрикции затоа што бргу губам воља ако се изгладнувам, голем гурман сум.. Имав 60 кг кога прв пат сфатив дека сум дебела пред две години и постепено намалував до сега,ама решив да пишувам овде за да имам некој поттик да не претерувам Мерење сабајле - 53.4 Уште 3.4 да стопам и да имам сатисфакција дека сум постигнала одредена цел
@NarCis@ купувам каков стигнам само да не е со додадено масло или шеќер и сол. Сега имам од оној што е од КАМ, а во Веро купувам од Magic. Двата се македонски. Купувам и од тие кобајаги органски и слично од време на време. Јас најчесто го користам во овесна каша како додаток. Некогаш го јадам со парчиња јабука и цимет. Некогаш ако сака детево на леб со џем (од јагода или слива, со кајсија џем на пример и со мешан џем ич не ми одговара).
@Vanilla15 леле да, тнх за идеата, не ми текна за бадемово или кокосово млеко...може така да правам да, додуша јас ставам многу малку млекце во кафето, пијам обично нес или еспресо, со многу малку млеко, ама така црно кафе не ми оди ич, ич , ќе си нагласам некое мало пакување на такво млеко бар малку да капнам во кафето, да ми тргне денот , понекогаш денот по кафето се познава . А за да е благо ќе навикнам на стевиа тоа е, бел шеќер крај. @Espadrila ти благодарам, еве почнав од денеска та ќе видиме дали ќе истерам до целта , започнав со турско кафе, од сабајле и на работа им кажав 3 во 1 , или капучино за мене е забрането да не ме нудат , ќе си дозволувам само макијато од време на време кога ќе одам у кафуле Без се се може јасно ми е, ама ајде де, додека навикнеме. @Luna91 леле кога читам вака и ослабев 15кг, знаете која огромна мотивација ми е, баш па за ко на почеток Јас купив вчера стевиа и вештачи засладувач, ставив од сабајле во турското кафе.
Ниска.. 154 За чиата негде читав дека макс требало лажичка дневно,затоа коминирам со овесни за пудинг
За поновите колешки на темава, ние БМИ пишувавме на почеток, пошто жена за килограми и години не се прашува . Неделно само разликата во кг ја кажуваме, да не сметаме БМИ, ама на крај обавезно ќе има „пред” и „потоа” на БМИ . @NarCis@ за мене најубав путер од кикирики е од Чиа - дуќанот за здрави десерти позади железничка, спроти Гет кафе. Го прават таму за нивни потреби, ама продаваат и теглички. Летото беше 200 денари тегличка од околу 350гр, како пола тегла за ајвар што изгледаат . Добро се сомелени кикириките, има додадено и крупни парчиња кикирики, ама не се премногу. За мене поубав путер од кикирики нема, а сум пробала милион. Ама вкус е во прашање, јас сакам да ми крцка кога јадам (не вилицата, туку кикириките ).