Не знам точно од кој тонус беше, јас имав страшни грчеви, а не можев да одам во вц. Ми требаа неколку дена да сфатам дека од тоа ми е. Ја знаете онаа: Сѐ што сум рекла, по врат сум јала Ручекот дури сега ми беше, излегов порано за на работа, не стигнав да јадам, а касно се прибрав. За да не се онесвестам каснав 2 протеински барови и 1 парче торта, се славеше роденден Ова дека нема вечера. Нема каење, сѐ е за луѓе
Бриџо, палачинки од леќа немам пробано. Ама едни плескавици шо ги праев, стварно беа превкусни. И тоа месар ко мене ти кажува, па сега ти види.
И јас така мислев порано Овие моиве се со лешници и спанаќ, луда комбинација, ама прават вкус на сланина и телешко
Инаку немам ништо против леќа, мене ми е ок, ја јадам, знам дека е здрава. Потребата од неа палачинки да се прават не ми е јасна. Зошто да се пржи на масло кога може сварена со зеленчук без запршка секако, со две капки масло и сос од патлиџани ко што ја створил Бог?
Оригинално се праат само со леќа и вода (колку леќа, толку и вода, се кисне преку ноќ, после блендаш во блендер и тоа ти е смесата), ама можеш да додадеш и други ствари, битно се печат без масло, на нелепливо тавче. Мислам дека е добра опција баш ако не јадеш леќа, вака би ја јадел ваљда, зш мачкани со намази и зеленчуци не се осеќа вкусот на леќата.
Прочитав сега како се прави, да не бидам ептен старо дртало, да сум у тек со модата де мислев се вари па се блендира. Зар толку омекнува само од стоење? Пошто читам не се ни пржи многу, ко жива ми делува така.
Не омекнува баш нешто, ама разпукува, се отвараат семињата. Палачинките не се живи и испаѓаат убави диксови, ама се лесно кршливи. Не се лоши искрено, не се многу калорични, имаат океј нутритивен состав, некад место лепче се добра замена според мене.
П: чиа со банана Р: две јајца со јогурт В: грав, колбаси, пола парче леб, ајвар Бонус: кикирики (+400 калории ) Јадете си вие палачинки од леќа, добри ми се мене кикириките
Доручек прерипан, пиев само кафе и вода. Ручек, урда со ореви, јаболко. Вечера, мини мандарина, шака сончоглед и идам да си легнам кај и да е, да не ги мислам смоките у шкафче. Друг ден ќе ги изедам со јогурт))) Вие само кркајте си и правете ни на нас гревовите лиги. Бриџо, тоа повеќе ќе биде путер-крем од кикирики
никогаш немам ефект ако јадам ко вие. Од 12ти јануари пробувам “здраво“ слабеење и слушам секакви совети на добронамерни луѓе. Тепале кој нејќе. Вагата не се мрдна. Ич не е малку. Вие сте си научени на богата исхрана. Па јадете тро помалку од таа богата исхрана. Мојата секојдневна исхрана во нормални денови не е така богата Е, Нарцис, ќофте од леќа не ми прави лиги. Јади си го, сосе палачинките од леќа Ама тие ребра што се вртат тука, помфритче, сувомеснати, торти, гурабијки...
Да се самоцитирам уште вечерва, очајно каснував се што видов во обид да сетам вкус и мирис. Ништо не сетив, па ни чили... нема да ве дружам доколку сум позитивна утре на тестот. Среќно и бидете во минус девојкии
25ти ден хроно (нешто сум помешала, вчера сум напишала дека ми е 25ти ) П: потпечени хроно лебчиња со моцарела и маслинки + домат Р: варена зелка со свинско месо + салата (зелка, морков и цвекло) В: немам, толку многу течност имам испиенио што не ми се ни јаде Вчера ја имав најголемата криза и успеав да не потклекнам многу сум си горда сама на себе вежбам три пати неделно и во план сум да си земам за дома некоја справа за вежбање. Имам уште многу работа до посакуваната цел Многу ми е драго што темава стана многу посетена, со среќа девојки, само упорно и во никој случај откажување