@Cka пробав еднаш сва пати тонус и не ми се свиѓа на вкус, а за одење во вц не ми помогна. Затоа смути и цели варени житарки ми помагаат. @Bridget мене пиштол на глава да ми ставиш палачинка на масло не знам да направам. Од старт правам во тефлонско тавче (сега веќе керамичко). Нит во тестото по рецептот што го имам нема масло. Така мајка ми ги прави, од неа ми е рецептот. Америчките ги правам по рецепт од Џејми Оливер со рендана јабука или круша место шеќер. Исто у нелепливо тавче. Чудно ми падна дека палачинка треба мрсна да биде. Најново откритие ми се тие од леќа. Ама не индијската туку една турска варијанта. Меки се ептен имаат млеко јајце и пециво.
Немав тонус, не спремив појадок, а у близина немам ништо што можам да јадам а да не е леб и сега? А 5 ден...
Па не е страшно парче геврек или некоја кифла интегрална, bake rolls, ако имаш маркет во близина овие овесни каши готови само да им додадеш јогурт?
Еден ѓеврек или кифла, ама баш никако нема да ти влијаат на резултатите. Можеш и некое интегрално тесто. Купи си, не гладувај. Евентуално ако имаш маркет во близина, купи од оние готови мусли ту гоу, на Баланс мислам беа.
Вчера демек ќе имав рест деј, шипки варени, работеше во мене нешто па извежбав стомак 20мин сосе загревање и истегнување. А денес на ред се раце и грб, омилените вежби зошто тангираат и стомак. Појадок-протеински шејк од јагода и ванила, сама си го правам со протеин млеко од Мегле, протеин од ванила на ДМ, смрзнати јагоди, банана, путер од кикирки и овес. Ручек-200гр стек само со сол на грил пан, салата од зелка Вечера-сендвич со туна и јаболко зелено, многу убаво комбо е, со лепчињата од овес на Теа Трпкова Е денес ќе си дозволам една ужинка, протеинско пудингче или пак протеинско барче. После појадок ќе изедам јаболко зошто ми фали свежина во шејков. Планот е 5 дена да се држам строго до програмата, а за викенд да се држам со појадок и вечера, ручекот да си дозволам да биде за уживање ако не двата дена бар еден од двата Еве ја ќе те викнам на палачинки од црвена леќа и фета, па после ќе праиме муабет. Првиот пат кога ги направив и од една доза ми излегоа 6 си викав кој ќе ги изеде овие, па многу се и така, па и гадни, земав му убутав на дете 3 и викам ај 3 ќе ги фукнам некако, ахам, се молев дете да рече не го сакам ова, ама не, и он ми ги бендиса, па затоа сега правам по 3 дози наеднаш. Жабо од гладување не се слабее, само ќе направиш контраефект. Од искуство, знаеш. Со оваа исхрана еве 8м, многу ми е убаво, слабеам а не сум гладна и го немам оној момент да се тресам за храна. Здраво, избалансирано и редовно, без скокање оброци за да не скока инсулинот па да чува телото сало за кога ќе нема, а мускулот да го троши.
Ништо страшно. Гледај да биде нешто помало, комбинирај со повеќе јогурт и тоа е. Ќе имаме сите вакви денови. Јас денес веќе морам да активирам физички, макар со пешачење. Доста беше лежење.
За денес Д јајце, лажица урда, лажица ајвар и 2 кришки ржан леб. У јаболко Р туна салата В некоја супа ќе правам сигурно Гледајќи во бројот на калории и менито што го правам количински мора да намалам..инаку ок ми е супер се чуствувам...
24ти ден диета. Појадок во 5.50 Кето шејк со соја јогурт и вода За ужина, си каснав троа чорицо и шунка плус гвакамоле. Ручек, валда печен лосос со салата Ми го затворија едниот ресторан кај што јадев, сега мора во грчкиот да одам Вечера, валда ќе сум преморена и така ќе си легнам, без вечера Стомакот, даска. Дури и униформата за работа трпа покомотна. И јакната А се мислев нова да си порачам Ама не ми се фрлаат толку пари за XL кога секако планирам да ослабам А слабеам 6та година. Само што 2020та со локдаунот ептен качив килажа, сега сфаќам дека порано сум си била екстра. За 4 месеци и нешто качив 18тина килца... после ослабев 12 ама пак вратив Ајде доста кукам. Да одам по кафе, едвај чекам симпатијата да отвори
Закисни леќа црвена, минимум 2ч, исцеди и на 100гр леќа 1 јајце, мало шолче јогурт, 1 лукче, пециво малу, сол и црвена пиперка, изблендирај и на нелепливо тавче се печат за нијанса подолго од обичните палачинки. Можеш и да додадеш повеќе јогурт и малку вода па да ги пржиш како обични палачинки и да бидат тортиљи. Колку е погуста смесата толку е потврда палачинката, колку е потечно толку е помека.
Една чаша леќа се кисне со 2 чаши вода цела ноќ. Сабајлето се цеди водата. Со истата чаша се додава млеко 1 чаша и едно јајце. Се бленда смесата и се додава 1 прашок за пециво, малку сол и зачини по желба. Јас додадвам куркума и лукче понекогаш. За денес планирам (или јадев): Доручек: Смути од третина банана, третина јаболко, еден мал портокал и едно киви. Потоа овесната каша. Ужинка: Три оризови галети со една лажичка путер од кикирики Ручек: Карфиол со малку павлака и риба Вечера: Веројатно чаша млеко. Одсабајле направив 6000 чекори. Вечер некои вежби за растенгување ќе правам коленово ме боли и не можам да го оптоварувам. Инаку една сукња што ми беше кнап подобро ми се копчи. Не е некој голем напредок ама го има значи. Одиме понатаму. Сега ми е само страв од викендов зашто за викенд обично појадокот ни е заеднички и тогаш се јадат палачинки и слични ствари (маж ми воопшто не сака ни да проба палачинки од леќа, а дете сака палачинки за доручек па ќе мора обични палачонки да бидат). За ручек ќе одиме на гости на свекор и свекрва и таму храната е покалорична од она што јас готвам сама па ќе видиме како ќе поминам. @Cka не знам зошто баш тонус мора да биде. Ако нема тонус потопи овесни снегулки во млеко/кисело млеко/јогурт, додај свежо или сушено овошје и ете доручек. Ова можеш и на работа да го направиш со кисело млеко. Во канчето директно додаваш овесни снегулки, чекаш малку и со пластична лажица јадеш.
Ноќна мора ми е кога немам доручек, ама најчесто зимам галети со урда и некој зеленчук, галети со путер од кикирики и некое овошје, галети со хумус и лосос, е сеа ако нема услови за ништо од ова зимам некоја проја или пециво или било што, од еден доручек ништо нема да се деси а полошо е да гладуваш.
Фала на сите, не сакам да скршам диета, оти правило бр 1 ми е да не јадам леб, и претрчав купив еден тонус, сеа у ташна цел леб носам :0 и намаз некој земав. Овес не јадам, има вкус на картон Значи успеав, ден 5 без леб у недела се частам шпагети. Фала на сите, плус фала за списокот БМИ ме покажа дека сум високо на листатаа и некако ме освести. Срциња сте
26ти ден хроно П: лебчиња намачкани со хумус од печурки + еден домат и пола краставица Р: печена пастрмка и мешана салата (зелка, морков, цвекло и краставица) В: печурки и краставица Од вчера нешто грло ме гребе, се упрпав скрос да не е ковид па прекршив хроно, јадев две-три лажички мед, пиев цитрон, портокал, мандарина…. лимони, чај … пред се драги мои здравјето, ако се има желба и ќе се ослабне, но мора да се чуваме
И јас денес на работа толку ме фати криза и си купив 1 кувано ѓеврече.А бе со каква сласт го изедов ко торта да јадам. Ручек само 1 парче месо и корнишони. Вечер сме на гости ќе каснам може нешто отповеќе. И викендов сум со луѓе со многу храна спремање и знам ќе грешам. Ама од понеделник готово со гости слави имендени помени па белким ќе се доведам во ред....
Доручек кафе. Мене не ми е најважен оброк и можам без него без да се тресам Ужина (непланирана) мини домашна зеничка (“за душа„) третина од моја тупаница и јаболко. Ручек - тањир зелка (свежа) манџа со малку печеница ради стрв. Вечера тешко. Толку сум уморна што ќе заспијам дур ми се свари зелката. Така е зборот. А да си ставиме некој предизвик и со вежби што нема да ни одзимаат многу време, ко squats, ко mountain climbing, седечки стомачни и сл. што ќе ги правиме секој ден сабајле или вечер, а? Spoiler
Печена тиква дали е погодна за диета? Заситува многу затоа прашувам, но нутритивни вредности незнам за тиквата. Дали е многу калорична или не е, и во кој тип храна спаѓа (во смисла, дали содржи многу јагленохидрати или скроб......или пак е едноставно една добра витаминска храна што можеш да си ја јадеш без грижа на совест )