Печената тиква е супер избор. Нема многу калории, на 100 гр испечена тиква има околу 50 калории само. Нема масти, има малку протеини, највеќе има јх, ништо посебно многу, ама поради тоа тиквата спаѓа у група на јх. Јас со парче тиква би комбинирала и протеинче, пример малку путер од кикирики или грчки јогурт со малку мед. Секако и сама по себе е одлична ужинка.
Вчера 15 мин вежбав јога за слабеење и 15 за тегнење. Денеска 6000 чекори само. Ручав ѓеврек од рж и сусам, ајвар, маслинки. Вечера не знам уште,некоја салата или овошје
Вежбам 4-5 пати неделно, баш овие вежби ги има во видеата. Ем се трошат калории, ем помагаат за затегање. Не мора секој ден да се вежба, и така треба денови со пауза за да можат да се опорават мускулите. Во тие денови може некои вежби за истегнување да правите. Доручек овесна каша. Ужина 2 мандарини. После вежбање протеински пудинг со лешник. Ручек интегрална тортиља со гулашот шо ми остана од вчера. Рана вечера пак интегрална тортиља со павлака, печеница, кашкавал, варено јајце, авокадо, марула и кисели краставички.
За вежбање јас барам quite hiit ( или low impact hiit или low impact cardio) на youtube и менувам различни видеа. Има од 10 минути вежби и до цел саат. Тоа quite ми е за да не ја полудам комшиката од долу. Кај детево лупа со топки и разни глупости уште јас фалам да се разрипам. Често имам време само за 15 минути ама поарно толку отколку ништо. Заради грбот секој ден некои јога вежби правам
Јас си го врзав во глава дека било каква активност, е подобра од никаква активност. Порано ќе правев планови да извежбам повеќе видеа и цел саат да вежбам, и од кревет не можев да се натерам да станам. Сега си викам бар едно видео од 10 минути да извежбам, да не сум без ич. Така не си ставам голем притисок и имам поголема мотивација.
Јас сум сепак позитивна, ама ако сум подобра од понеделник ќе ве дружам, бидејќи сега не можам да се држам на менито од нутриционистот, строго сум на супи, сокови цедени и соленки оти од друго ми се лоши. Поздрав девојки
Ден 5 Д. Кефир со овес,амарант,по лажичка семе од коприва,ленено семе, брусница и банана Р.наут со динстан кромид,морков,пиперка и печурки плус марула салата У. 2 мини падобранци В.вариво од зелка со мало парче месо И чаша вино
Здраво, Не знаев дали тука или во темата за Кето диета да го поставам прашањево, ама оваа е поактивна: Што јадете кога сте на патување? Се мислев да земам индиски ореви за грицкање за по пат? Што друго?
Јаткасто и имаш на Виталиа кето крекери и кето трафелс. Тоа за по пат. Јас кога бев на одмор си носев домашно кето лепче и воглавно комбинациите ми беа варени јајца, сувомеснато, млечни производи и зеленчук или кето мусли со јогурт, млеко или овошен јогурт (обавезно ќе читаш колку шеќер и јх има). Не знам какви опции имаш на располагање, дали ќе готвиш или ќе јадеш храна од надвор за ручек.
Ако мора баш спакувано, можеш вакви кабанос стапчиња, ги има во Стокомак. Или маслинки, вакви пакувања имаш во Кам и во Веро. Или да си земеш јогуртче некое вакво.
Фала ви. Едно ноќевање е, ама 10/12 часа пат ќе ми се фати натаму и назад. А и таму не можам да готвам, само за спиење ќе се прибереме, кнап ни е времето и ептен е испланирано, затоа барав некоја опција за јадење од нога. Евентуално таму ако може да најдам нешто за вечера. Каде ги има кето крекерите и трафелсот @NarCis@ ? Фала ти и тебе @MissChievous јогуртов и стапчињава ќе ги земам.
Во сите поголеми маркети: Веро, Тинекс, Рамстор. Кај здравата храна стојат. Пошто ти е долг патот, земи си и од муслите во некој сад и после само дотури млеко или јогурт. Мене лично тие ми беа вкусни мешани со 1-2 лажици овошен јогурт од боровница и обичен јогурт.
Поздрав на сите Вчера супер, денес малку грешна. Ама ќе се искупам со утрешниот витамин АКА ден за лаење Почнав и со рачунање на калории. 100%нешто пропуштам, али ипак е добро, сепак некоја ориентација имам. Освен денес, (не ми се внесени сите продукти, а знам дека ќе рипнат бајаги калориите), прошлите 3 дена, леко леко калориите ми се под 1200...се надевам ќе продолжам ОЗБИЛНО. Ух, само никако да стасам да одвојам време на активност
затоа викам некои едноставни вежби - една уствари, squats, пример што ич време не одзимаат и секој ден можат да се прават. дур чекаш да ти зоврие водата за кафе у кујна, можеш 20 обични squats да направиш денес. Или од 10 да почнеш, зависно кому колку му трпат мускулите на нозете. Утре уште 10 на тие 20 да додадеш, со тоа што тие 10 да ти се друг тип squats - со исчекор во лево и десно пример. Задутре па, освен тие 30 да направиш во текот на денот уште толку или помалку дур запржуваш нешто за ручек. Следен ден истото со плус друга верзија squats. На крај, по х време да стигнеш до 100 squats -различни- да ги направиш одеднаш без подолга пауза од неколку секунди. Од ваквиве вежби не ќе топиме сало, не ќе гориме калории ама, навика билдаме што е битно за сите нас со куп обврски во денот, закржлавени мускули и слаба волја за вежбање пошто сме реално исцедени. Јас, месец и кусур терам така, тукуречи секој ден со исклучок на последната недела+/-. Вчера пак почнав истото. Од squats, не само газот што се затега и обликува, ама и бутките под газот и од страна, ем половината и стомакот ако убаво исправено ја држи човек половината и на секое клекнување ги држи стомачните стегнати. Во комбинација со диетата супер е. Оти кај мене го гледам. Без оглед што вагата не мрда, телото изгледа визуелно доста поистенчено, стегнато, цврсто. Да не зборам стомакот колку ми е прибран во споредба со тоа каков беше и ништо не го оправаше. Враќање на темата... доручек кафе, јаболко и посно кифличе. Кркореа црева и нит маслинки ми се јадеа, нит сирење, урда, јајце, сувомеснаНо (ко шо го вика невесте).. јаглехидратче си сака. Слабо јаглехидрати внесувам па квичи и ми прави депресии, спијам пак по три-четири саати, се будам у 3,4 а сум заспала кај 12 1. Вчера во 16 саат последен оброк, без ужинка и грицкање било што (зелката фино си ме држеше). Во 4 сум станата и кај 8 веќе ми се пријаде. Ручек, брокула, карфиол и јајце ...варени, да се поштедам од плус маснотијќи денес. Ќе гледам пак кај 16 да јадам. Вечера пак да прескокнам. Едит Spoiler Објаснувања за кого го интересира ем да ги имам зачувани за себе: За бавен метабулизам, кето (мада не сум на кето, али пак ограничени јаглехидрати и шеќери), колку месо и intermittent fasting: За да стигнеме до ХИИТ со squats, mountain climber, стомачни. Што да се пие за време на intermittent fasting
25ти ден, се осеќам како слон. Ме фаќа пмс, полека но сигурно. Вчера каков вкусен ручек јадев, ама солено беше у пм. И на лососот имаше сол, и халуми сирењето беше солено, плус во салатата сол ставиле, па и соја сос, после ме сотре тахикардија И денес на работа, ќе размислам до после дали истото ќе јадам За појадок, кето шејк со 2 лажици јогурт плус малку пресно млеко И кафенце си се напив, отров јако со малку шеќер. Јбг, не можам да сум перфектна Вчера вечерата ја прескокнав, денес ќе видиме. Почнав од помалку да се заситувам И јас почнав по малку да вежбам само што моите сквотс не се сквотс, оти ми е сјебано коленото, плус со таа килажа и неактивност последните две години, тешко да сквотам Вчера дури 11500 чекори, така саатот вика. Тоа можам. Денес планирам да попешачам накај дома Се надевам нема да се предомислам.
Јас вчера имав прописен ручек со сите нишани. Ама барем испешачив 12000 чекори. И јас сум за предизвик некој, да не е тежок. Ајде да почнеме од денес. Може да биде барем 10 минути вежби кој што сака? Или пешачење ако е, барем 6,000 чекори. Важно секој ден да пријавиме и движење, не само храна.
А таа што ќе победи на предизвикот, ќе има награда ПИЦА? ? ? М? Ќе треба да комбинирам пешачење со некои вежби плус мањак внес на калории за слабеење. Планирам 1000 калории на ден да трошам. Вчера као 364 калории сум потрошила. Едно кафе. Пу Зошто толку лесно се готви и јаде храната, а после толку тешко се троши. Епа не е фер животецов мој. За мене само мотика и на нива. Да трошам така, плус да можам да си јадам
Јас па синојка си имав прописна вечера со сите нишани... Ќе почнам со дома вежбање по малу.Порано она што Жапче го кажува дур готвиш 10 вакви вежби дур чекаш нешто инакви...практикував .Последниве години имам проблем со мотивација. Го пилнав дебов со вода со лимон и ѓумбир.Па сега кафе. Немам план за понатаму...
Ајде уште малце ќе запролети, па повеќе опции ќе имаме, не мора само стандард вежби. Може на викенд (или секој втор) хајк до Средно, може возење велосипед, може изнајмување теренче и играње тенис, може кајакување на Матка, може подавање со фризби или бадминтон, може пливање... ќе си праиш интересно да ти е, да не ни приметуваш дека си активен.