Добро утро! Вчера малку вечерта кикирики јадев , се заборавив ..кога внесов во планот не ми смени многу... Денес Д 2ржаби лепчиња 2 јајца и 1 л грчки јогурт Р стек со зеленчук У јаболко В салата Мора да се ставам под 1500 калории.. Инаку се дома вежбам и 3 пати неделно ми е ок. Се облекувам во облека за вежбање и си вежбам. Овој месец се преплатив кај Јасна пилатес и ок е кога се вежба во група е помотивирачки... Убав ден
Па нели две кафиња се 500 калории, што ќе јадеш? Јас ќе мора медицинска диета или Жан Митрев, кој како љуби да ја каже Со @mareane екстра ни беше лани
Па мислев количински да намалам од ова што го јадам..се сум околу 1600-1800 сум...ќе пробам па ќе пишам..
6 ден Д: јајце со пиперки и грчки јогурт У: нескафе (не е во програма али неможам друго кафе) Р: посна сарма В: бистра супа
Таа што ќе победи, ќе ја награди @Ariel со топло-ладно Јас од тие скватови или чучњеви по нашки, добив убаво запаление на мускули. Ама денес се раздвижив и еве веќе имам 7000 чекори. Дури не ми помине запалението, не планирам да вежбам ништо, евентуално вежби за граден кош и раце. Доручек за денес 2 палачинки, една со сирење и уште една со крем. Традиција ни е маж да прави палачинки во сабота и не планирам да ја прекршам. Разликата е во тоа што порано по 5 јадев за доручек, а денес со 2 се најадов. Ужина мандарини и киви. Ручек печен зеленчук: компир, морков, печурки, прокељ и брокула со печен пилешки стек. Јас салатите не ги пишувам никогаш, ко да ми се подразбираат заедно со кафето дека ќе ги имам во текот на денот Вечера или некоја житарка, или палачинки пак. Додуша, една палачинка
Денес сум нешто болна. Синусите ли ми се или вирус ама одамна не сум била ваква. Од кревет не ми се станува. За доручек амерички палачинки (со интегрално брашно). Каснав убаво што би се рекло и до сега глад не осетив. За ручек месо и салата. Денес нема вежбање прст не можам да мрднам.
Јас ја држев на Жан. Ај што бев несреќна, храната е Туку и тие кг шо ги изгубив, ги вратив дури да речеш "Жан". @JoyJoy Битно да оздравиш, после пак ќе си се вратиш на активност. И еден голем поздрав за @mal.ecka која редовно нѐ чита, а не треба да има ни пристап во темава
Верен фан ви сум Изедов една цела пица,па ај да ве исчитам додека ми слези јадењето па да дремнам п.с Се обидувам да накачам кг.па да ве дружам Прекрасно друштво сте се собрале.
Ден 6 Д. 5 мини палачинчиња од овес и банана,со путер од кикирики плус шумско овошје Р. Печен стек со батат, брокула,кромид и салата марула У.2 мини падобранци и веќе не купувам такви искушенија В.наут со зеленчук(остаток од вчерашен ручек) плус чаша вино Ова вака не иде...Од понеделник малку построго со диета што ја имам од нутриционист од пред две години
Ден 6 без леб! Сабајле се погледнав у огледало и маааце вратот и лицето ко да ми се ослабени. Значи има напредок! Појадок, тонус две лепчиња, маслинки. Ручек, печено месо, пире, салата. Ужина мешано овошје. Вечера не знам. Утре е денот за шпагети!!!!
Доручек- банана и турско без шеќер Ручек- Испржени пилешки прсти, супа, салата брокула и павлака и парче црн леб. За вечера ќе биди нешто безвезно, ќе одам в кафана така да ќе се јади нездраво и ќе се пие алкохол. То е то.
Салатите се гејм чејнџер за слабеење. Многу ги сакам, а најтешко ми е да ги направам. Сѐ ќе зготвам и кога ќе дојдам до салатата, немам ни енергија, ни трпение веќе. Морам да се натерам повеќе да правам. Може кога правам ручек треба да почнам од слатата, па ако немам енергија за главно јадење, уште подобро . Денес пак нешто глупости се изнајадов. П: парче колач, житарки со млеко, ама од тие на децата, со шеќер. Р: чиа оброк, кифличка со крем. Децата рекоа дека бил светски ден на нутелата, па ај да одбележиме . В: ќе биде риба со салата и чаша вино. Поскокав на џаст денс 40 минути. Играв онлајн турнир, бев 10-та од 244 вкупно. А бе плесачица .
На УН диета ли си (според менито судам )? Ја често прашувам таму во темата за совети, за правила на комбинација на различни храни, идеи за мениа, ама ич не е активна темата,...
Не сум на ун ама имам бидено порано и ми остана како навика за доручек да имам само овошје, немам апетит за мрсен појадок. Ефективна диета во секој случај, ама за мене многу досадна и еднолична. Ти посакувам среќа и да бидиш истрајна. И пишувај слободно тука, ќе добиеш совет и насока секако.
Денов бил ден на пилешко, дал печено, пржено, пилешки прсти... За ручек испив една часа Траминец аууу што убаво ми дојде...ама затоа вечер само лимон со ѓумбир во вода...