Кај нас дома, маж ми најчесто прави салати. Уствари договор е, еден прави ручек, друг салата Денес јас ручекот, маж ми салатата Предај му ја должноста салата на некој друг. Некој да ми даде идеја како да го истрошам спанаќот, а да не е манџа. Нешто ќе ставам во салата, планирам и лиснати со спанаќ да направам, ама пак ќе ми остане.
Денес ќе се вежбаше кардио, ама колено зеза па ќе оставам за утре. Ама пешачев кратко, пазарев во најдалечниот маркет и отидов и се вратив пешки и тоа не по скратен пат туку од подалеку, ама бавно пешачење, дека со дете, така да скоро и да не се важи. Појадок-1ипол тост од рано лепче со моцарела и спанаќ Ручек-пица, со сите салтанати Вечера-ќе скокнам јер сепак пица се јадеше, изедов една банана и ќе испијам сега едно какао со вода ама и пола лажиче шеќер, кафе пијам отров горко ама какао не можам
На XboX играм, ја купивме Just Dance 2022, имам симнато и апликација за телефонот да ми е контролер. Ја има и за Плеј Стејшн, Нинтендо… Нема шанси да ме победиш, парче правам .
Тоа е, Ариел со ИксБокс, ние со кило брашно чучњеви правиме во кујна А за некој месец, може и со вреќа компири
Кога му купуваш играчка на детето, за ти да си играш… Јас чучњеви ако направам, нема да можам да станам. Со или брз брашно
Како јас да сум пишувала, скрос. Иначе скрос исто БМИ имаме Плус и јас сум со метрото Само кај мене обратно, бутовите се проблем, а во струкот увек сум слаба. Не си ставам преголеми рестрикции, ама пак имам проблем со binge eating Само, не само куп нездрава храна изедена наеднаш. Некогаш правам binge eating и со здрава, пример со бадеми и лешници. А тие па колку калории имаат Сакам да ви се придружам, ама некако мн малку ми јадете, срам ми е да кажам некогаш колку јадам ,благо, пред се. Еве денес бевме на гости на ручек и мн се задржавме. Додека стигнавме дома јас жива гладна и вечерва едно киндер буено (пола паковање значи), еден протеински пудинг (150 калории е тој) и мало парче пита @Ariel бравооо
Слободно придружи ни се, нели ме читаш јас колку јадам Јас престанав да си ставам забрани и тоа ми помогна да не се прејадувам. На пр. не си кратам благо, а еве не јадам многу. Ако речам не јадам, за една недела сум изела наеднаш цела чоколада и роварам во кујна по уште. Блесава работа
Истаааа сум, затоа се откажав од конкретни диети, чувство на рестрикција дефинитивно има контра ефект и кај мене. Сега одам само на калориски дефицит Ве пратааам, тука сум И ќе пишам, само да не ја начекам Алиска пред мене со црното кафе и салатите
6 ден Д: кисело млеко со семиња У: јаболка печени Р: сарми од вчера и 150гр свинско месо У: рака ореви В: не чуствувам глад не вечерам во програма е таратур
Добра идеја е тоа со вреќата брашно Колку килска креваш и спуштат, Нарцис? Да знам од колку кила да почнам, дали да ја фатам петкилскава што ја имам, или помалку амбициозно - да не се расчепам Ариел се моли да ни се придружи. Колачот за сабајле што ти е, стави го на некоја полица за на секое кревање да дофатиш парченце, па чучни, пак стани да гризнеш, па чучни)) Какао испив, капучино - три во едно испив... малку се залажа желудникот, па се одложи доручекот. Не ќе е за долго ама. Менито за денес... поим немам. За ручек ќе гледам месо и зеленчук (броколи, карфиол, зелка салата) да јадам. Сабајлечки од кревет станата 20 пижама-чучњеви. Ставив водата да врие уште 60. До вечер уште ќе има. Ќе гледам да почнам и некои седечки стомачни што ќе може да ги правам на стол пошто, помалку ќе ме мрзи одошто ако треба да легнам на земја па ќе може да се затерам почесто во неделата да правам. Spoiler
^во смисол ќе тргнам да каснам, ама нема да каснам и така 30 пати... тргни врати се, тргни врати се. И етто ти вежби ^^ шубави, ем си седиш ем си вежби
Ден 7 без леб. Ама денеска е частењето со шпагети. Сабајлево немав толку виснат мев. Omg it's happening! Ми се деси у глава моментот дека нема да јадам леб и се осеќам како да имам гадење кога го гледам. Предложив хбокс, маж ми ми се смее. Денеска 5 машини за спружување што значи ќе вежбам наведни се и исправи се мноооогу пати.
Пијам вода, лимон, ѓумбир и цимет, мала пауза од чајот од ловоров, па кафе. Ќе се чисти денес и ќе се вежба кардио. Појадок-веќе изедов 2 парчиња од вчерашната пица само со кашкавал на синко Ручек-сарма Вечера-гранола со грчки јогурт Денес планот е чистење и кардио, плус малку пешачење. Не знам за вас ама мене пешачење ме успива ко ништо, доаѓам дома и одма перницата под глава.
за мрзливи, дебели газови што легнуваат на под и пола саат само лежат и скролаат,па уште толку после им треба за да се кренат (со помош)...само вака
26ти ден, пмс ме дрма, ама не се давам. Вчера така слатко се најадов, да имаше уште ќе јадев. Денес, ден за грешење Појадок, пола чорицо и кето шејк со грик јогурт и малку млеко. Плус кафе си се напив, со малку шеќер, оти ќе почнам да касам уште малку Вечера, кфц пилешко. Јбг, нема друго. Од вторник друга приказна ќе е Вежбите ќе ги оставам после циклус. Сега ни шетање нема, не од што не сакам, туку не можам. Денес, работно...
Две парчиња пита од голем плех од рерна (1 плех 8 парчиња) и едно парче иста големина пица. Плус една чаша вино =1600 калории само за ручек. Плус околу 500 ми беше сабајле овесната каша со банана, значи за денес не само што завршив туку и претерав. Вечер да си легнам во 7 инаку друго чаре не гледам. Се тешам со пешачење 1 саат и возење точак пола саат.
Почнуваш со one cup и стигнуваш до една вреќа брашно Стави во една платнена торба ориз, брашно, млеко до 1-2 кг за почеток, и дигај. Можеш и шише со вода. Јас завчера искомбиниирав тегови 8кг и сега ме болат мускули за кои не ни знаев дека постојат Бриџо, прати ни димензии на плехот, вака не се важи Денес го почнав денот со портокал, па 2 тостирани интегрални лепчиња со путер, кашкавал и свински врат. Ручек парче лазања и салата од марула, спанаќ, морков и пченка. Ужина еден протеински бар со кафето и чајот. Вечера поим немам. Ќе се потрудам да не е тесто пак. Денес нема да стигнам да ги направам чекорите, али извежбав вежби за muffin top и вежби за растегнување.
Речено, сторено. Изгледа за мерењето ќе сум плус 5, а не -4 Само 1625 чекори Ајде прв ден добиено, ќе си простам. Од утре нема веќе оправдување