7300 чекори, изедени шпагетите Вагата ми е расипана другари Морам да купам нова. Брришев подови на колена, околу 70 кв, само едниот спрат, спружував куп алишта па се надевам потрошив многу. Плус пешки 5 или 6 км, од таму ми се чекорите, низ дома не носам моб. И сега ми е падната мотивацијата оти не можам да се мерам
Јас не сум пишала со денови, цел викенд сум ем како утепана од синуси ем со многу обврски. Од утре се враќам во нормала со сите салтанати- умерена храна, вежбање и плачење по сокче
Ден 7 Д. Просо со пола банана и јаболка и малку ореви У. Овошна штанглица на син ми и малку стоби флипс Р. Печено ќофте од јунешко и печен батат со кромид плус салата од зелка,морков,цвекло В.грст кикирики печени и лименка пиво
Не е ден за да кажувам што се ставив в уста .Ама па 7000 чекори регистрирани и сигурно уште толку низ дома... Каснав и благо и газирано гревови доста се за неделава Ај да ја прескокнеме средава за мерење оти незнам дали ќе има некој во минус.
Јас уште со синуси мака. Од вежбање малку пешачење во парк. Сега пак лежам глава ме уби од болка. Доручек: три пржени лебчиња ( на тефлон тава) и сиренце малку Ужина: Кафе Ручек: Мусака, туршија и еден ред чоколадо (ми требаше енергија).
П: чиа оброк Р: ордевер, пица, торта и три чаши вино Пешачев и мислев којзнае колку сум изодела, тоа едвај 6000 чекори беа . Ама со тие низ дома, станаа 9000 . Мора да се мериме во среда, за памет . Ама сме неозболни…
28ми ден хроно. Завршена прва рестрикција со минимални грешки. Мерење утре од сабајле П: пржени лебчиња со јајце, малку сиренце и домат Р: стек, една краставица, еден домат, пола главица кромид и пола авокадо В: малку кримид и мн малку туна Се надевам утре вагата нема да ме разочара, но каква и да е цифрата јас не се откажувам и дефинитивно спремна сум уште две рестрикции со по 28 дена да издржам, тоа значи дека овде ќе бидам се до април Се лесно на сите и даа ќе заборавев, три пати по еден час аеробик исцрпувачки вежби од кои и долниот веш ми е мокар
Ако ништо друго, истеравме режим за одржување тежина. За слабеење, се мислам да ограбам банка за да ми го скратат желудникот, ем липосукција оти, едното не ќе е доволно.
Баш така. Ако не бев овде периодов со олку готвење храна ,прослави и гости гарант ќе бев 2 кг плус. Викај ко ќе решиш да ограбиш банка ќе те дружам.Заедно барем ќе лежиме после...
За денес Д овес со јаболка У мало парче хроно пита Р грав В супа Супер е вака навистина, кога има храна па кога с еготви полесно е да си на режим и нема да јадеш, јас во такви ситуации се прејадувам ко да нема утре.. Синојка едни тешки вежби што извежбав сега нозеве ми горат...ќе пијам некое апче после..
Вчера застанав божем да извежбам ради реда 20мин, ама излегоа 45, 1 кардио 5мин, друго кардио 10мин, едно брн фет 15мин и од мене 2 тури планк по 1мин и реврс планк 45сек, бриџ глут пулс и чучњ на ѕид потпрена 1мин. Кога завршив стоперката рече рамно 45мин и некоја секунда, со многу мали паузи одев, на почетокот ич не правев пауза. Стомакот ми е рипнат ептен оти сум на пар дена од добивање, килажата што ја добив кога завршив со Инста фитот во декември. појадок-домашна гранола, грчки јогурт со 0% масти, 1 лажиче мед, 1 лажиче путер од кикирки и шака боровинки ужинка-зелени јаболки ручек-мекички микс оброк, со црвен грав, пченка, наут, морков, кромид и компир, ко манџиче му иде динстано со голема зелка салата вечера-протеински божем вафли со овошје, велам божем зошто ќе бидат во тостер не во вафларка Денес ќе се вежба Тотал боди, ама ќе си убацам малку стомак за да извадам ова подуеноста од мене.
Ден 6 Д: чија пудинк со овошје У: пола палачинка солена од на синко ама умрев за јадење (грешка мала) Р: ориз со салата У: црно чоколадо или кафе
Ден 8 Д. Смути од целер,пола краставица,спанаќ,шумско овошје,лажица ленено семе и 5 бадеми Р. Интегрален ориз со спанаќ,јајце и мала чашка кефир + салата од зелка,мокров,цвекло У. Крушка В. Или пола од ручекот без кефир или мала туна со марула