Денес ја започнувам втората хроно рестрикција од 28 дрна. Првата ја завршив одлично -5кг, свесна сум дека од почеток килограмите побрзо се намалуваат, но како и да е нема откажување додека не дојдам до посакуваната тежина. П: потпечени тонус лебчиња со моцарела и доматен сос Р: варена зелка со мелено месо В: немам идеа
Денот уште не ми е започнат, засега една рака апчиња и литро вода. Уште денес ќе сум грешница, од утре Жан ме чека Среда беше мерењето?
Ние какви сме, сите ќе дојдеме за заедно да лежиме Доручек овесна каша. Ужина киви и оризова галета. Ручек истиот од вчера. Десерт 3 ресани Треба да добијам, додадов една плус. Вечера не знам, ама ми оди паметот на некоја салата со варено јајце и авокадо. Ќе видиме до вечер.
Еве ме и мене во темава Добив програма за исхрана од Ирина, две недели минус 3 кг. Овие два три дена нешто не се придржував, гледам да не јадам бел леб и да не пијам газирано
Д: кафе и портокал Р :парче проја и јогурт В: уште ништо немам јадено немам идеја а ми се лае ми се јаде.
П: чиа оброк, чоколадно бонбонче. Р: јајца со јогурт (@mareane ова е добра вечера). В: кифличка, риба со моркови, компири и салата. Само 3900 чекори. Направив 10 чучњеви без брашно, ако не можам да станам утре, вие сте криви .
Јас уште затната не можам да дишам не па да вежбам. Неделава скроз утната од аспект вежбање. Нема да оди вага надолу знам. Плус треба да добијам. Да не оди нагоре друго не ми е гајле. Доручек: варен јачмен со млеко и суво грозје Ручек: Ќофте со кромид и две лепчиња Вечера ќе се потрудам млеко да биде.
Ич нејќам јајца во последно. Каснав сосем мало парче од пројата 1 краставичка(кисело,не од скапите да не речете оваа само кука а баш сега краставици сред зима јаде)и парче печеница. И сега уште повеќе ми се јаде.
Можам и јас утре некое комбо со авокадо и јајце да правам. Нескафе со бадемово млеко Д: сендвич со мисиркино, домат, лајт намаз и кашкавал. Лепчето беше интегрално. Р: печено пилешко, крокети и макало од печен зеленчук, една крембанана и капучино В: една банана и лажичка путер од кикиритки, а и тоа ми е многу со оглед на тоа што убаво ручав. Вода: 1л. Чекори според апликација : 5548
Ау колку добри излегоа вафлите, лудница. Ако сака некоја рецепт ќе ги ставам во соодветната тема. Туку дојдов за друго да се пофалам, извежбав тоа што ми беше по програма од кај Ана за денес, само 1 видео, не ги сакам тотал боди видеата многу ми се напорни, ај да не пуштам уште едно земав од видеата што ги имам сејвнато да извежбам едно, ми се бендиса па 3 пати го повторив, ај уште едно ама модифицирано за почетници без скокање и на крај 2 пати по 1 мин планк и 2 пати по 1 мин чучњ на ѕид потпрена. Мокра бев до гола кожа. После тоа вафли, па туш и сега веќе сум у кревет. Многу добар ден денес!
Јас вчера претерав со чучнувања и седечки стомачни. Денес не знам што повеќе ме болеше. Пешачев само, 7.000 чекори. Ладно ми беше за повеќе. Сто пати ми се примоча. Сабајлето јаболко само. Кај 16 ручек, кришка леб, чаша јогурт, три маслинки, зелка салата, две лентички пилешки прсти, непанирани, само со веѓета и една свинско месо. Толку за денес.
Јас ќе си кажам. Пилешко од кфц заедно со две порции помфрит И многу вода, и многу апчиња за болка. Пмс, јбг. Од утре, Жан ме чека
Денес па чучни, стани и стомачни. Се мислам и џампинг џекс да вклучам, можда и скокање јаже денес. Мене си ми треба кардио тренинг за ова тело. Ама... Доручек...одлагам. Ми кркорат малце цревата, али се трпи. Се надевам ќе се дисциплинирам вака,пошто инаку не бива. Вчера со ручекот завршив и ништо не грицкав после. Менито,ќе видиме покасно. Држте се. Гледам сте се остреле со крофни ноќеска во 40ка
Утро! Денес е на мени стомачни, ама многу стомачни, јер овие гасови од пмс мора да излезат. Овој месец немам други симптоми сем подуен стомак и болни гради, градиве дури премногу болни и отечени. појадок-галети со хумус и маслинки, веројатно ќе земам некое протеинче во вид на лосос чаден или нешто такво, ама ќе видиме, може да ме измрзи да се ашкам по снегов ужинка-протеин бар ручек-салата со портобело печурки, јајца варени, авокадо, пченка и наут, ми фали брокулка, мож и тоа да земам од кам смрзнато па да го попарам на работа само да се одмрзне да го пикнам во салатата, јер краставици е ту мач вечера-ориз со батаче и зелка салата
Д овесна каша со јаболко У банана Р не смилсив, не направив, може јајца со урда или пиерки со јајца ќе видам В салата Се спремам за утрешното мерење
Сте пробале печена овесна каша, ми пролета низ инста и не можам да ја најдам сега, овес варен не го сакам, ама печен мислам ќе помине после со грчки и боровинки. Ќе пробам од ѓутуре да си ја направам, ко вчера вафлите.
Јас овесни снегулки ситни од Кам купувам и ги попарувам со чај и додавам јаболко или банана и понекогаш урми и топ ми се така...