Почни пак да пушиш Се зезам. Пробај тргни настрана одредена количина според тебе што е нормална за да јадеш во денот и гледај не ја надминувај. Или изеди помалку од претходниот ден. Не знам колку многу јадеш. Јас знаев по цела чоколада да изедам, плус колачи, плус помали чоколатца, мини индијанки... не ни знам колку ми се собираше во денот, ама воопшто не беше малку.
Договорено Веќе си на диета, ама не знаеш Малерозна, диета ден 27? Море 28 било @Estranged диета ден 1 Јас и @NarCis@ ќе ти броиме, ќе те чекаме за вагање, ако нè избегаваш, ќе ти дојдеме на врата, јас со стапот а таа со микрофон/разглас и ќе викаме по тебе Нема бегање Трети ден главоболка, мислев да не јадам ама ај, супа ќе каснам. Од утре, медицинската Се моли @mareane да се произнесе дали се согласува заедно со мене да гладува Лани како убаво си се дружевме во гладувањето Туку трајте си, не каснав крофни Си велам сама на себе, ќе каснеш една, еве со крем нека е. А на една не можеш да застанеш, ќе каснеш и втора и трета, после ќе ти е лошо. Ај што ќе ти е лошо, 26 дена трпиш та на 27миот ли да се огрешиш? Плус уште 5 дена ќе треба да гладуваш за да се врати организамот во "кето" Ај таму, напиј се вода Уствари каснав малку вегански фритери. Карбс, ама јбг, пмс... Барем не беше крофна Се вагав сега, на -3 сум во пмс
Знам и јас да изедам се' што наброја. Има денови (денес на пример) кога нема ич да каснам, а нема ни да осетам потреба. Ама кога ќе почнам, немам контрола. Не опстојува дома кај мене благо, ако знам дека има, нема да спијам дур не го изедам. Макар било пакување од 12 крофни. Еве од утре си давам предизвик за една недела без благо, таман да симнам 200 грама до следна среда, до првото официјално мерење. @malerozna спремај стапот, ќе ти пуштам адреса.
Арно што сама кандиса, вака ќе те довлечевме. Адреса не мора, имам врски јас, ќе те најдеме за сат време Ајде си имаме уште една членка во клубот диетичарки. @Estranged пополни пријава на рецепција Бми, да видиме кај си на листата @NarCis@ да се изјасни таа чоколадата што ја кажува, колку грама е? 100? 200? 360? Оти јас од големките јадам Нутелката ми е 750 грама, со или без тегла мерено не знам, ама знам дека цела имам изедено во еден ден Што со леб и млеко, што така сркам од азното Ајде сега супата да ја пробам. Неќе да е лошо соја сос да и бапнам малку
БМИ 30 +/- Рековме следна среда ќе ми е првото мерење, не ме терај сега да се мерам, може инфаркт да ме стрефи. Вака психички да се припремам. Свечено изјавувам дека сакам до мај да сум 10 кила во минус... за почеток.
Ауу скромно дете си. Јас 99 дена диета 22 кила сакам. А заглавив на -3 Ај мош до утре уште две ќе симнам Јас помини, замини, на вага се качувам 28 дена благо немам каснато за 3 кила. Оф животе...
@malerozna јас чоколадите не ги делам по раса, вера и грамажа, сите се добредојдени кај мене Какво има, такво ќе го изедам цело
Амин! Нескафе со бадемово млеко Д: интегрално лепче со мисиркино, мувлосано сирење и домат У: банана Р: Колбавче, макало од вчера и ориз тава, пола парче леб У: мини вафел со црно чоколадо и капучино В: неколку лажички овошен грчки јогурт 0% масленост Ме фати голема криза за благо затоа каснав од јогуртот. Инаку немаше ни тоа да каснам. Да се пофалам доста вода испив денес и доста пропешачив. Сакам да почнам и точак да возам, ама уште ми е ладно. И како најтешко ми паѓа моментално ограничувањето на благо. Ај за моето Пепси си се помирив дека нема пиење, ама златно благо само ме мачи. А од него сум вакво мало мече Лино.
Ден 9 Д. Јогурт со 2 лажици овесни снегулки и 1 лажица амарант, малку брусница, семиња од лен и коприва и банана Р. Туна со марула и рукола У. Јаболко В. Минијатурно парче пица и супа И сега сум гладна...
Ради тоа од вчера, денес на витаминоза се ставив. Одличен ден. Не знам дали ќе се префорсирам ако терам ден протеин ден- витаминоза, ден скроб- ден витаминоза, ден јх - ден витаминоза... Пробал некој вака?? Утре мерење. Ич немам очекувања. За прошлата среда колку многу си мислев... А едвај 500 гр.... Но битно не сум здебелена... Ваљда
Немој. Секој втор ден шеќери од овошјето, само ќе се подуеш и пак гладна ќе бидеш. Терај си како претходно.
@malerozna не би од сред недела Жан. Обично од понеделник до петој сум ја држела.А и каква одбивност имам кон јајцата во последно ...Незнам навистина... Д банана и кафе. Р тањирче макарони ама не дојадов. В:урда со 1 јајце ,мала коцка похован кашкавал(ова од стрв) и 1 кифличе. 6000 чекори брзо одење... Никако да се натерам вода да пијам повеќе.И чаеви ме мрзи да правам.А бе ич течност не внесувам ич.. Се чувствувам малку поспласнато полесно иако вагата стои не мрда.
@Estranged добре дојде.Мило ми е за плус членките сите. За благото пробај да се залажуваш со некое бонбонче што се растопува полека. Незнам може лупам безвеза оти јас не сум по благото.Можам и да си јадам а и без него немам проблем. Мене тестото ме мачи...