Добра си бев преку ден и вечерва две орасници изедов. Со работа се фатив и се напнав, кај е работа за навечер . Па и ти @malerozna како можеш крофни да гледаш, а да не ги јадеш, што карактер ќе беше?!? П: овес со јогурт и банана. Р: две јајца со путер од кикирики (лоша комбинација), мандарина, јаболко. В: месо, салата, некој компир, чаша вино и 2 орасници . 224 калории за џабе . Машала, сум си каснала… Ми се воспалија мускули од 10-те чучњеви вчера. Денес не движев, ќe направам сега уште 10, да не сум без ич. Утре што ќе се мерам, ич не се мерам…
Точно не е бело брашно,тоа е направено од жито од цело зрно,лушпа и зрно и е здраво и за недиеталки.Всушност тоа се вика трици,ги хранат жовотните преку зима со ова,само непреработено и непрочистено.
Омг вагана и среќна -1,200гр за 8дена и - 4см во обем значи од кога започнав со новава програма Се на се од почеток првата со 100 грешки вкупно 14ден - 2,200гр Д: чија пудинк У: пола банана и еден портокал Р: интегрална пица У: црно чоколадо
Само -500 грама, бројката е иста напред!! Каде грешам ??? Д овес со јаболка У киви и потокал Р пилешко печено (се пече кокошка во крчко па ќе додадам после смао некој мешан зеленчук ) В незнам супа или кисело млеко со сусам
Ако претходно си симнала повеќе кг, и сега ти останале уште малку, побавно оди. Кога имав повеќе кг за слабеење, скоро по 1кг неделно губев. Сега ни еден за овие 3 недели. Никаде не грешиш, супер ти е менито. Јас сум -900г, а на некој ден пред добивање. Задоволна сум.
Со овој режим пред 1 година првиот месец симнав 4 кг..сега ни кило..имам јас уште многу за симнување ама никако да почне она да оди надоле...кога ќе почне еок, како што ни одма не се поправаме така не е ни слабеењето ама ајде стрплива сум..и упорна морам да бидам..
Минус 400 gr значи рамна 53ка, уште 3кг за месец и пол да успеам и одам во шопинг на фармерки помал број Иако ми е мал минусот, баш ме мотивира затоа што немам којзнае колку вишок па убаво ми доаѓа, оваа цифра мислам дека последен пат ја имам видено на вага додека бев студент...
Тоа баш пишав страници претходно, конкретно за мене. Кај мене ист режим ако го повторам по втор, трет пат, не дава исти резултати. Пробај уште месец дена, ама ако не оди, смени режим. Организмот веќе ти го препознава тој начин на исхрана и можеби затоа нема резултати.
ама јас сум метро и желба за растење мислам сум 154cm а можеби и 155cm, во стари мислења овде сум пишала 155, леле сега и висина треба да мерам за БМИ
29ти ден, јас на -3.8 Така е кој почнува диета пред пмс и сега во пмс се мери И прави куп грешки со кфц Од денес на медицинската, немам веќе изговори. Купив портокали, јајца, кафе без млеко ќе се пие. Треба и тие крекери да ги барам. Имам едни, ама многу калорични се
Аха, незнам не се сеќавам дека сум прочитала нешто такво..сигурно сум те прочитала ама не сум доразбрала..можеби е навистина така!!! ќе видам како ќе биде уште 2 максимум 3 недели... А што мислиш за вежбањето? добро е да се вежба додека си на диета или не?
Апсолутно да. Без разлика дали си на диета, или не, вежбање е секогаш добро. Телото се тонира, се трошат калории, лачиш ендорфин... Има ли поубаво?
Да се согласувам , чуството после извежбан тренинг е неописиво!!! него на времето пред многу години одев на некои вежби во Силуете и таму една жена што правеше антицелулитни масажи зборуваше дека додека си на диета не треба вежбање демек затегаш и нема водата каде да оди!!! еј и после толку години ова ми стои во глава а не се откажувам од вежбањето таман рутина направив..ти благодарам на вниманието нарцис и на одговорите
Е кое кето го држев, кфц и помфрит Во овие 28 дена сигурно 7 пати тоа иам јадено. Пилешко во зејтин, многу зејтин Мора некоја потурбо диета Ајде 15 дена Жан ќе го подржам па после се враќам на кето Секако не планирам леб да јадам, ни благо, ни ништо "грешно" 28 дена мака за ни 4 кила Ќе ми пукне душава...
Да не е поврзано само со масажите? Со диета не гледам никаква поврзаност, баш напротив, се препорачува вежбање. Пошто после слабеење телото може да изгледа "издишано", а со вежбањето се тонира. Сега зависи и какви вежби, дали кардио или тежински, ама најубаво е и двете. Значи стап стапосан за тебе
Незнам ни дали -400-500 гр.сум. Значи мора гладуување. И плус активност. Секоја година се потепко ми иде слабеењето а се побрзо дебелеењето.Упм.. Од денес ветувам ќе пијам повеќе вода и чај.
Супер е да се вежба. Рече Еспадрила и си седна на софата Денес мерено, се вкупно во минус до сега 2 кг. Побавно и потешко оди од прошлите диети. Сигурна има логика во на Нарциска муабетот, а и удел во тоа има и мојата физичка неактивност. Како и да е, не се откажувам... Има ли некој инфо од вас за комбо од постење и УН диета? За другите денови ок ми е, а за протеинскиот некоја идеја? (ваљда со неутралните намирници нешто) Поздрав и среќно дур не се сториме