Јас за никаде сум. -0.4 од минатата недела, значи исто колку пред две недели. За цел месец нешто повеќе од 1 кг. Реално, и тие ги ослабев додека бев болна, па не можев да јадам. Мора да се редуцира еден оброк. До следно мерење -1 кг, како знам и умеам.
Јас сум - 0.3. Очекувано ми беше, во форма дури понеделникот се вратив, а и пред добивање сум. Сепак мило ми е што не сум заминала нагоре и мотивирана сум да продолжам и понатаму.
Со УН првиот пат симнав 14кг, потоа едвај по 3 кила симнував. Едноставно организмот не го препознава како храна тоа. Затоа е битно на долги стази да менуваме за да не се навикне организмот и да не ја регистрира промената. Оти тоа клетките се паметни, они складираат, ко што памтат дека ги изгладуваме да складираат маснотии, чиста енергија. Ете и Нарцис исто мислење имаме. Тоа се изговори на мрзливите. Со диета ќе симнеш може ама ќе остане се под кожа и тоа ќе биде претворено во целулит и маснотии, а со вежбање водата се дренира, па да видиш како комбинација од вежби и исхрана тонира мускули за некое време. Мене нозете ми се јака страна и моментално сум цела мускул на нозе, ми се оцртуваат, ептен ми се убави нозете, кога вежбам како ми се познаваат, за мерак, а стомакот и рацете дека ми се послаби немам толкав ефект. Додуша и рацете не се лоши, да ги нема свадбарките како ќе ми се познаваат, охооо, али има ефект ептен од вежбањево многу. Стомак рипнат, а килажа иста, 73 кила, или рамно 25 кила минус за 8м. На 3 дена од добивање сум и подуен стомак ептен и гради тешки и болни, ама килажата си стои. Пред режимов сум качувала по 4 кила на циклус и сум симнувала одма штом добијам. Денес ќе се одмара од вежбање, вчера вежбав 60мин скоро, загревање, 3 различни тренинга за стомак, плус на сето тоа по 2 серии планк и чучњ на врата потпрена. појадок-овесни снегулки, чиа, грчки јогурт 0% масленост разреден со вода, лажичка путер од кикирики и малини, ама апетиот ми рече малку ти е и изедов и 1 банана, нема да имам ужинка така да ок сум ручек-ориз со портобело печурки и зелка салата вечера-галети со гвакамоле најверојатно Вчера планот избега од контрола, изедов малку чоколадо и корката од на синко лепчето со кајмак и затоа не вечерав.
- 2.1кг сум од почетна килажа (во понеделникот бев на сам почеток -20кг) Значи 17.9 to go Вчера си јадев и две оризови галети со путер од кикирики и мед Го почнав предизвикот на Клои Тинг со вежбање, трае 28 дена, free е програмата, ако сакате ќе ви ставам линкче Поштено немав душа уште на загревањето ама издржав до крај со јазикот до земја Денеска на мени; - палента и јогурт - цезар салата (ама со јајца, не со пилешко, не го можам ич) - детокс смути - и некое ужинче или нешто благо, уште не ми дојде Ќе го вежбам и вториот ден од предизвикот на Клои.
Клои е доста тешка, бар за мене..ама судејки по ова со вагава треба дополнително да се исорсирам со вежбањево и да намалам овошје.. ќе ја вежбм и јас ама после 28 до тогаш имам уплатено кај Јасна...
Епа, гладување од една страна и зголемена физичка активност од друга страна е супер рецепт како да не намалиш тежина, или привидно да намалиш, ама после секој нареден пат (секоја наредна година) да ти е уште потешко да изгубиш тежина. Мускулите ги трошат калориите. Вежбање во склоп на изгладнување = губење масти И МУСКУЛИ И така, еден ден ти скиснува да се изгладнуваш и почнуваш да јадеш повеќе. Само што сега немаш мускули кои ќе ги трошат калориите, туку ти се таложат во масти. На крај завршуваш со повеќе масти од пред изгладнувањето. Јојо, и тоа бетер од јојо. И така пак почнуваш да се изгладнуваш, и пак вежбаш но и оние мускулни ткива што преживеале сега повторно се јадат самите себе. И така во круг се додека скоро целосно не му ја одземеш можноста на телото да согорува повеќе калории и целосно не го забавиш метаболизмот. Поиздржливо и подолгорочно решение би било малку да намалиш калории, или општо јадење (а не да не јадеш), а да зголемиш физичка активност - или во превод, здрав начин на живот.
Имаш ли препорака за жени во менопауза, кога метаболизмот нагло забавува, а тешки вежби за жал веќе не се опција поради здравствени проблеми како дискус хернија? Да речеме дали има нешто специфично во однос на исхраната, број на калории дали останува ист или се менува, која конкретна активност е соодветна за тој период од животот и колку време дневно / неделно? Бидејќи навистина е различно во споредба со претходно. Секоја деценија е сосема поинаку, и пред менопауза, ама тогаш промената е најголема.
Значи горе долу сите сме тука по околу -400 неделно,а за скоро месец неполни -2 кг... Ај продолжуваме понатаму нема откажување... Да не бев во групата досега ќе се откажев и ќе имав плус 2 .
Добар ден и од мене. На денешно мерење -700грама. Вкупно за две недели 1200 грама. Јас сум супер задоволна од резултатов. Одржливо ми е вакво слабеење. Може ќе ми треба повеќе време, ама па се трудам да создадам навики во исхрана што ќе ми ми бидат подолготрајни (од типот избегнување благо, цели житарки за доручек, ручек без леб, нешто малку за вечера и слично). Задоволна сум и што денес ми е прв ден од циклус, а јас не сум во плус. Други месеци ќе имав едно кило плус сигурно и ќе бев многу поподуена. Вака стомаков ми е малку рипнат, градиве ми се еден број поголеми ама другото е исто како претходно. Со оглед на тоа што неделава не вежбав мислам дека наредната нема многу да намалам зашто кога ќе активирам мускули ќе добијат малку во тежина мускулите па вагата нема да оди толку надолу, ама се надевам обемот ќе оди надолу. Сега за сега сум на 71,2 кила. МИ се доближува границата под 70 што сакам да ја видам. Уште сум број 40 ама веќе покомотно ми е се. Стомак никогаш не сум имала голем, имам песочен часовник фигура, ама перничињава на колков сакам да ми се намалат. И малку бутини и гради малку. @Ariel јас имам проблем со дискус хернија (имав 33 години кога ми дијагностицираа) во горниот дел од вратот и мене ептен јога ми помага. Не се вежби со потење ама активираат мускули што не ни знаеш дека постојат. Плус повеќето вежби се истегнувања што исто помага. Ама треба да вежбаш барем на почеток со инструктор за да ги правиш правилно позите инаку може поголем проблем да направиш. Еве од мене еден голем аплауз за сите. Колку што видов никој не е во плус. Сите се на исто или во минус од минатата недела. И тоа заслужува славје.
Златно пешачење. И велосипед и пливање. Ехеее цела деценија. Тоа од година за година се менува, не па ли цела деценија. Грубо кажано после 30ка метаболизмот почнува да се успорува, што значи помалце/потешко/поспоро трошиме калории, што значи треба да поднамалиме со количина на исхраната - односно да правиме поквалитетен избор на храна.
За дискус хернија, велосипед не е препорачливо. Јас имам и после подолго возење, ми се укочува кичмата. Зборам за дискус хернија на долен дел на 'рбет. @Ariel дали ги правиш вежбите за дискус хернија по дома? Тие вежби секој ден, а после штом се осетиш подобро, core вежби, како на пр. планкови за да се стегнат мускулите. Со нив и се стегнуваш, и се слабее. Јас тоа вежбам и немам проблеми.
Пливање и јога, ништо друго за дискус хернија. А исхраната мислам дека е побитна ако имаш хормонски дисбаланс, ако се е ок, нема потреба од специјална исхрана. Мислам дека сепак треба да регулираш внес на шеќери, да сведеш на овошје, во менопауза шеќерите не се трошат така лесно. Ете и Нарцис што пиша, вежбите кои ги даваат од ортопедија. Сепак кардио мислам и скокање не е баш препорачливо.
Искрено мене претешко ми беше вчера. Ги вежбам вежбите со low impact мислам се викаше? Без скокање му доаѓа тоа, да ги исскокам сите нема шанси сега како почетник, плус залежена цела зима, ми тежи се на мене... Ама не се откажувам, нејќам слики од свадба здравје да ми се со оваа тежина, ова не сум јас.
Фала девојки. Ново ми е ова со дискус хернијата, мислам тазе дијагностицирано, си го имам од порано. Линк со вежби ми пишаа на ливче и го изгубив , така да фала и за тоа. Ама знам дека смее само лесни вежби да се прават. Во менопауза уште не сум, ама ја очекувам . Ама се успорува многу метаболизмот со годините и тоа што поминувало пред 10 или 20 години, сега не оди.
И јас имам, исто на долен дел на рбет. Кога бев кај Ангеловски на физикална терапија, он ми препорача велосипед и пливање. И јас се зачудив за велосипедот и го препрашав, и он ми рече дека велосипед не се препорачувало за луѓе со проблеми со колената. Е сега колку е вистина, не знам, јас продолжив да возам и океј ми е. Ми рече да не спортувам ништо со скокање. И јас правам вежби за грбот, у принцип се јога тип/растегнувања разни, ама искрено тоа не го рачунам за физичка активност, зш го праам некои си 10ина мин.
Јас вежбам и со тегчиња, тежински вежби. И според ова што читам на нет, може скоро сѐ да се вежба, само мора да се стегнат тие core muscles, не знам како да ги преведам точно. И еве правам склекови, планкови, почнав до 8кг да дигам за вежби за грб и немам мака досега.
Тоа ти е торзото, јас како што знам, стомакот со страничните стомачни мускули, јадрото на телото го преведуваат нашите фитнес тренери. Кога ти е јадрото стегнато помалку страда кичмата при вежбање, тоа јас како проблем го имам зошто имам Лордоза и тешко ми оди да го стегнам јадрото па често имам болки после вежбање и знам дека ми е од што заборавам да стегнам јадро.
Јас и лордоза имам исто така. Ќе си речете оваа измислува, ама најсериозно. Вратот ми бил "војнички" (премногу исправен, природната кривина ја нема), на средина од рбетот лордоза (односно искривување нанапред) и плус дископатија на последните 3 пршлени (од кои ми се фаќа скиатика нервот, што е најголемата мака). И сега откако се породив, ми се направи папочна кила. Е ај смислете физичка активност за мене со сите овие работи!