Уште нешто за денес у темава, се гасам после, ветувам. Каналов го гледам долго време и баш вчера пушти епизода за овес. За прв пат има избрано и Македонка за во видео, Ивана од Охрид го прави солениот овес слично како мене. Енивеј, еве го видеото, може ќе се инспирирате, па на тие што не ви се допаѓа овесот, може конечно ќе ви се бендиса. П.С. Реално овесот најубав е ако го сварите во тенџерче со вода, така се прави како каша и не е веќе како картон.
Денес и јас се мерев, точно 1кг сум симнала, се на се задоволна со резултатот, веќе се приметува и на мене, но мислам дека мора да се вклучи во процесов физичка активнист, јас вежвам 3 пати неделно аеробик и кога имам време во останатите деенови си правам вежби дома. Затоа девојки најдете време и вежбајте или пешачете, така многу побрзо ќе ослабнете
Инаку официјално и ја да се пријавам во темава, судбина беше со грешката Од минатиот понеделник почнав со некоја си моја комбинација на УН, не го држам овошниот ден, тежок ми е ми се врти глава ме боли па затоа го заменив со уште еден протеински. Сабајлево се мерев и сум -1.300 засега. Со 77 почнав а сакам барем до 70 да стигнам.
https://chloeting.com/my-fitness-journey Еве тука ги има, кликни на фрее и одбери си предизвик. Јас сум на 2022 weight loss challenge. Кога ќе кликаш на видеата те префрла на youtube и можеш да си вежбаш. По 4 видеа се, загревање, вежби и на крај за опуштање. Можеш и да се логираш и ќе си кликаш complete workout и самата страна ќе ти реди следни денови. Со среќааа
3 ден хроно - 2 рестрикција П: тостови со пршут и моцарела + авокадо Р: лаврак на скара и салата (зелка, цвекло, морков, краставица) В: се надевам дека нема да ја прескокнам како вчера, ама ич ич не ми се јаде Да спомнам дека во меѓувреме пијам многу течности, чај пола литро, цедени лимони, вода, кафе… се на се скоро 2l
Здраво. Отсега и јас ќе ве дружам. Значи вака девојки, сакав да ве прашам како се справувате со страста за чоколадо, месо, мајонез, и останата брза храна кога ќе ви излезе пред очи?
Ако имаш голема желба да намалиш килажа нема ниту да ги погледнуваш и крај, карактер мора да се покаже, не велам дека е лесно, не е воопшто лесно, но кога јас страсен јадач на чоколади успеав во 31 ден само 2 коцки млечно чоколадо да изедам тогаш може секој. Желбата за да изгледам убаво ми е поголема од желбата кој благо со среќа
+ еден грешник во исповедаоница Вежбам минимум 3 пати неделно комбинирани тренинзи (кардио, тежински, пилатес), релативно балансирано се хранам, ама проблемот ми е количината што ја претерувам и што телово во зима не ми бара течности, па освен ако не се препотам за време на вежбање не ми текнува вода да се напијам. Плус сум залепена за колата и многу малку се движам во зима, да не ми се тренинзите 1000 чекори не знам дали ќе направам дневно На горна граница сум на нормален БМИ, ама реално минативе 3-4 години како вежбам редовно телото доста ми се затегна и обликуваше, па на пример истава килажа кога ја имав пред да вежбам поинаку изгледаше. Имам цел да намалам преостанати масни наслаги, да пијам повеќе течности и да припазам на количини. Д: Интегрална тортиља со урда и спанаќ, запечена на малку маслиново У: Протеински чоколаден пудинг без шеќер Р: Посна грашок манџа В: Планирам омлет од 1 цело јајце и плус две белки со маслинки и млад кромид До сега испив едвај пола литро вода и две кафиња, во план ми е барем уште литро
Скоро никако, минатата недела си дозволив 2-3 прекршоци, пред некој ден кога ме фати криза за благо испив цеден сок од цвекло и јаболко, барем природни шеќери се и ми помина За солено и мрсно ако ме фаќа криза = неколку маслинки ме задоволуваат.. и така кога ќе видиш напредок во процесот, едностано сам себе се мотивираш да не потклекнеш овие не ги ни ставам во есап дневен дека сум ги конзумирала Ааа да, кога сопругот јаде вакви работи,идам во друга соба, исто така престанав да купувам глупости
Јас порано бегав Сега гледам да не сум гладна за да не пружам рака, исто барам и јадам алтернатива некоја Само со благо имам проблем искрено, и сега јадам црно чоколадо, оризови галети со путер од кикирики и мед или стопено црно чоколадо. Овошен јогурт со повеќе мед, банана со путер од кикирики, или повеќе овошја прелиени со топено црно чоколадо. Крај краева, едно парче торта пример на нечиј роденден нема да ти смени многу. Ама самоконтрола е потребна и те како за нас гурмани
Тоа е. Периодов ептен се расчитав околу тоа и гледам дека дури и оперирани од дискус хернија вежбаат во теретана, нормално под голема контрола. Само планкови му е мајката, и тоа сите видови. Јадам сѐ. Ама, ако јадам денес хамбургер, сабајле јадам овесна каша, навечер други житарки или интегрален леб. И чоколада не кратам, ама ќе изедам само еден ред. Во суштина не претерувам со ништо, ни премногу рестриктивна храна, ни само џанк фуд. Ова од сега почнав да го применувам и задоволна сум од резултати, се осеќам најадено, а и немам граници околу која храна смеам, или која не смеам да ја јадам, па не сум нервозна Групава треба да се преимени во "Морална и психолошка поддршка" за binge eater-и ко мене Доручек 2 интегрални пржени лепчиња со сосем малку масло во нелеплива тава, павлака и маслинки. Ужина киви, банана и оризова галета. Ручек мала плескавица и печен зеленчук: компир, морков, шампињони и прокељ, со морков-зелка салата и варено цвекло. Ужина еден ред Милка орео и вечера корнфлекс со млеко. 10 000 чекори досега направени.
@tel-ef благо заменувам со протеински десерти без шеќер, најчесто некој пудинг, од дм протеинските барови, блендирам грчки јогурт со малини или вишни...вообичаено ги јадам како ужина и тоа не секој ден, ама и искрено не сум некој љубител на благо. Ако јадам благо за доручек тоа е најчесто овошје со чиа пудинг или овесни палачинки со овошје и некој путер од јатки. Мене повеќе ми е проблемот со грицкањето. Кога ме фаќа криза гледам да изедам малку апетисани, потпекувам во рерна конзервиран наут со зачини, знам да земам морков да грицкам или трупка излупена како јаболко јадам Како и да е гледам да не грицкам цел ден, да му оставам простор на организмот да си процесира на раат. Многу ми е важно да ми е вкусен оброкот, не можам да јадам нешто пошто така требало да се пополни дневна потреба...во спротивно се осеќам ко казнета и барам да пополнам стрвлук со нешто плус. И најуспешно контролирам глад со саглам избалансирани оброци. Ако земам да јадам глупости без план, најлошо ги поминувам тие денови. А на пример ако си направам поштен доручек како омлет, потпечена сланина, 2 тонус лепчиња, нешто зеленчук плус, тогаш до ручек не ми текнува да грицнам
Тешко или никако Мене благо ми е слаба точка. Гледам чоколадото да го заменам со какао, го правам со многу малку мед и многу малку млеко. Далеку помалку калории од чоколадо, а ми ги задоволува апетитите. И секогаш се прашувам дали навистина сакам да го изедам нештото. Најчесто се откажувам. Ама има доста правење муабет со себе, како што може да се види .
Ден 10 Д. Смути од целер,краставица,спанаќ и шумско овошје У. 2 киви Р. Динстани пилешко со зеленчук и салата зелка В. Динстано свинско со праз и кришка леб И чаша црно вино
П: лиснато тесто со вишна Р: лиснато тесто со вишна В: месо, салата, чаша вино Направив 10 чучњеви . Кај и да е, може и по 15 ќе почнам да правам .
Мене проблем ми е ЛЕБОТ! Не можам без ич. Сега правев некои интегрални крекери со ржано брашно(уставри 30 % било рмано и 70%тип500)и семки.Ќе грицнувам наместо леб.Колку толку се позсрава варијанта од кифла, ѓеврек ,кришка леб. Д Кафе и портокал Р туна со пченка и 2 парчиња тонус. В од крекериве грицкам . В кујна мм само оди и со лажица срка крем а ја кисели краставички. Калимеро нема правда
Ех тоа лиснато и тие вишните колку време ме чекаат во замрзнувачот Ај може за викенд ќе направам. И пази со чучњевите, ради кичмата.
И јас да се пријавам. Мада сега пишувам, се мерев сабајлето само сега се прибирам дома, ве читам и се депресирам и смеам во исто време со коментарите. Минус грамови се и кај мене. Се фаќаат некои 2+/- кг за целиот период од јануари кога почнавме. Ова ама се такви флуктирачки кила кои деновиве дур сум во циклус (почнувајќи од денес) ќе идат нагоре можда (ко прошлиот пат) па се ептем небитни. Немам што многу да менувам во исхраната. Во дефицит сум со калории, редуцирани јаглехидрати и шеќери... редуциран број на оброци дневно. Немам напади на глад. Може нешто да избацам, сменам ама не мислам дека тоа е проблемот. Може само поголема физичка активност да вклучам и ако и тоа не бива, банка ќе ограбам ко што реков за кастрење на желудникот и липосукција.