Без благо се може. Јас од 01 Април 2021 не јадам благо (како торти, колачи и бел шеќер)само овошје од благо и тоа урми ако ептен ме фати некоја криза за благо. Во кафе користам или кафеав шеќер многу малку или натрен... е летоска се почуствував со сладолед неколку пати и толку...се може само упорност...
Ич? Ни парче торта ни 1 колаче ни 2 коцки чоколадо? Алал да ти е.... Леле јас сум голем гурман сакам од се да пробам.
Зависност е. Јас еднаш не јадев 6 месеци. Не можам да си простам што пројадов пак. А не ми беше вкусно тогаш, ама за 3 дена ја вратив навиката.
Не бе воопшто...и навистина незнам како вагава ми стои !!! Дури и за родендени не јадам, никако...тешко ми беше ама морав, 84 кг имав лани ова време , а со 85 кг на пораѓај одев ...вака ретроспективно од лани до сега големи промени имам направено.
Катастрофален, на целер претежно зашти ставам цело стапче од италијанскиот. Ама рецепт ми е од нутриционист и добро е за детокс. Е оригинално треба и сок од лимон ама не ставам, уште тоа ми треба
^Искрено, комбото ми се виде чудно ... Целер спанаќ и краставица со шумско овошје, затоа те прашав што ќе идзоминира, шо вкус има. Ваљда врши работа нешто низ внатре во телото...
9 ден Д: овесна каша У: јаболко печено Р: цезар салата без дресинг У: црно чоколадо Вчера за пицата не ми стигна интегрално Брашно па можам да кажам дека беше пола со бело пола интегрално и мислам дека ќе пукне послем пицата, тешко, лошо изгледа многу ми дојде
Д овесни со јаболко У портокал Р палачинки од леќа со хумус намаз и малку пилешко месо В салата или супа
Целерот има јак вкус, секогаш доминира. Јас сум го правела ова без целер, тогаш шумското овошје доминира. Спанаќот не се чувствува, само ја расипува бојата на овошјето . Ама мене многу ми е вкусно за пиење. Па и некоја јатка ако фрлиш, па, па, па…
Ехеее без целер е супер, инаку вака е храна наменета за да се откажеш од јадење Прв пат пред две години кога го пиев ми беше одвратно, а сега немам гајле, само ми држи ситост 1.5h максимум и после сум многу гладна. Денешно мени, ден 11 Д. Јогурт со овес,амарант,семе од коприва и ленено семе, брусница и банана Р. Мало парче интегрален 'ржан леб, две варени јајца, пола авокадо и маслинки У. јаболко В. Динстано свинско со праз или печурки со зеленчук и марула, зависи што ќе сака сопругот да дојадува и чаша црно вино
Ден 4: Денешно мени; - сникерс овесна каша - пилешко со печени моркови и салата (ако биде брат ми добродушен да ми земе свежи печурки да го заменам пилешково би било топ , изолацијата ме уби, а и него богами бидејќи нонстоп нешто барам ) - детокс смути - ужинка ќе видиме, денеска јатки може Вчера извежбав вториот ден од предизвикот на Клои, денеска трет ден. Конечно утре ќе има ден за одмор. Скали не можам да качам и симнам од воспаление
Доручек... и за кафе се немаше време па сега го пијам уз јаболко и свеж ѓумбир. Ручек или ослич и салата (зелка) или малку пилешко и варена броколуа и карфиол или леќа манџа... сите јадења ги помислив и ниедно не ми кликна у глава. Вечера у друг живот.
Дали тоа догурав до 30 дена без благо? На леб сум душман, можам секој ден само леб да јадам. Ама некако се одвикнав од него и не ми е проблем. Ама благото... лоша работа. Еднаш се заинатив и не јадев благо неколку месеци. После првиот пат ко пробав, дури ми гореше чоколадото. Ама после ммм. Еве сега пак сум на тој пат Требаше од вчера на медицинската. Ама да не фрлам јадење, од ко ќе дојадам ќе почнам. Вчера цел ден супа од печурки и брокула. Денес за појадок печурки, јајца и котиџ чис. Фрижидерот веќе е празен, можам да пазарувам куп јајца и кисело млеко. И портокали Несакајќи се качив на вага. -4.1 Ајде белким со поминувањето на пмс, ќе се стопам
Здраво девојки, нова сум во оваа тема, од денес почнувам со ун диета. 1/90 - протеински Д: Една банана, кафе и чај Р: 3 варени јајца 1 парче тонус, кисели краставички и маслинки и по ручекот 250мл. бистра супа В: 2 варени јајца, кисели краставички и маслинки, без супата и тонусот. Е сега бидејќи денес дома немам од тие коцките за супа, слушнав дека може да извријам вода со вегета, може?
Ден ден! Ден за нозе и бути, омилен ден за вежбање оти после со саати можам да си ги гледам нозете колку ми се дефинирани. појадок-протеинско смути со јагоди, банана, млеко, протеин и овес ужинка-ќе се потрудам да ја скокнам, или ете ќе го рачунам какаото, зошто претерав малце деновиве со втора ужинка ручек-голема зелка салата со наут, пченка, сирење и печурки вечера-гвакамолето што требаше од вчера ќе се јаде денес, вчера јадев тортиља омлет Никако, вегетата има премногу јх.
Не. А не може ни коцка супа, затоа што супата во ун диета треба да е домашно приготвена од неутрални зеленчуци и процедена нормално, значи само водата од каде што ќе се варат зеленчуците.
Јас кога ја праев ун пишуваше коцка супа и вода без фиде. Само тоа. Искрено, првпат слушам дека не смее вегета во ун. Зачин е.
Боже, па многу е тоа ригорозно..и јас знам дека во ун може коцка за супа, а коцка за супе а малтене вегета...