За пост имајте си ги на ум, намаз од семки од сончоглед, од модар, хумус, маслинки, кога ќе можете риба од туна... И имате смеси за фалафел готови, па правете си сендвичи со тоа со некое лепче или тортиља и така. Бар ќе излезат зелениши ќе имате за јадење.
Мене ми е ептен добра ужинка моркови и хумус. Околу 200 грама моркови и хумус едно лажиче (или паштета Медитерана ја има во Веро и Кам слично на хумус ама со грав и наут) има околу 100 калории. Заситува како едно јајце. За урда немам замена. Тие веганските замени се како картон да јадеш. Јас уште не можам да дојдам на себе па и денешното вежбање ќе ми пропадне. Сабајле на сред состанок се закашлав само од зборување многу колешките мислеа ќе приумрам (онлајн состанок не во живо). Пробав со малку активнсот ама не бива нешто премногу. Ќе пробам да испешачам 10000 чекори и толку за денес. Многу си ги мразам синусвие во зима. Секоја зима иста песна. Две недели сум за во канта. Ајде нејсе. Доручек: јачмен варен со малку брусница и малку млеко Ужина: Планирав да биде оризова галета со путер од кикирики ама мајка ми донесе домашна торта со тиква (со 'ржано брашно, без шеќер) па тоа јадев и сега се чувствувам виновно зашто ме мами уште едно парче. Знам не е класична торта ама ако се прејадам пак лошо е. Ручек: Месо со праз и суви сливи (варено како манџа). Може ќе ми треба парче леб со ова. Вечера: Планирам чаша млеко (тортата ќе ја скријам господ знае каде).
Може и од двете да е. Чај од црвена детелина, смееш до 2 шољи на ден. Мене ми доцнеше и од короната, и на кето кога бев, се среди со чајот. Инаку вежбам и за време на циклус, и од кога почнав да вежбам, имам помалку болки и крварење. Ставам само соодветен тампон и терам, се разбира, бес форсирање.
Мене па ми иде еве порано, втор пат веќе. За вежбање вежбам, само да немам болки јаки. Еве денес добив прв ден и ќе вежбам.
Не ти доцни од промена на исхрана ти доцни од Ковидот. Мене ми доцнеше од вакцина против Ковид. На колешката и по вакцината и по Ковид. За вежбање ако не ми е чешма течењето и ако немам болки вежбам (гледам да не правам многу стомачни). Ако не гледам да појачам број на чекори тој ден.
4ти ден хроно, 2ра рестрикција П: омиленото просо со домати, пршут и малку сиренце Р: стек и салата В: печурки и краставица Едвај чекам да помине времево и да намалам од килажава иии веднаш се впуштам во шопинг тоа ми е мотив плус
Ништо девојки... Неуспеав да се воздржам. Ми излегоа Милка колачи пред очи и неможев да им одолеам... Сакав да ве прашам, колку време треба да трчам за да излезе од мене брзата храна? Повеќе од еден час, или?
Зависи колку калории имаш внесено. Пресметај колку калории имаш внесено и види колку калории се трошат со трчање. Сепак проблемот со колачи не се само калориите. Имаат премногу масти (особено заситени масти) и шеќери. Е сега една грешка не е страшна. Продолжи со здрава исхрана и со внимавање и терај даље.
Јас кога ја држев диетата супа од коцка јадев и секако имав ефект. Каква штета може да и направи? Не изела прасе печено па толку да му ја мисли. Јас сум кило и пол ослабена. Со мојот режим три дена здраво, пет дена дај шта даш и овај резултат е супер. Ама од денес одиме построго. Последните 5 кила морам да ги симнам па Јана мајка нека е. За вежбање сум голема мрза. Сега засега пешачам повеќе и правам чучњеви дома, па од крајот на март натаму откако ќе ми заврши сесијата сакам да одам на фитнес. Само дали ќе биди ова уште едно мое празно ветување, останува да видиме.
@AngelOfArh каков протеински прашок користиш? Има различни опции ама да одам на нешто проверено сакам
Денес сум цел ден надвор од дома, па менито крш. Ама се помирив дека ќе има и такви денови. Ако имате предлог за некоја убава кутија за храна што не зафаќа многу место, а го задржува мирисот внатре, слушам. Доручек 2 потпечени интегрални лепчиња со путер, кашкавал, св. врат и маслинки. Ручек тост па чоколаден протеински пудинг. Од овошје 2 портокали. Вечера: на гости сме, па тоа шо ќе понудат домаќините Ако нема сок, може и вода
Синојка ставив чиа во млеко за пудинг и сабајлево го најдов како го ставив.Ништо од пудингот. Па на одење на работа поминав кај другарка на работа на пауза и каснав мако парче пица од нејзината.. Ме држеше сита до 16 часот.. Ручек.2 парчиња стек 1 тонус и салата. В:ќе биде нешто минимално Јас од старт кажав дека ако дотолку строго се држам без сол без вегета без ич шеќер,без ич тесто ќе се откажам брзо. Вегета општо слабо користам ама ако храната не ми е солена не можам.Понекогаш ќе каснам 2 коцки чоколадо, некое колаче или вака ко утрово парче пица.Се додека не претераме добро е.. Околу постот и диета незнам ама јас кога сум постела цели пости колку и да пазам секогаш сум се дебелеела.По манџи посни ич не сум па уште без леб.Затоа последниве години постам првата и последната недела само.
Мене ми дојде денес така да менито хаос. Имаше и тестенини и крем и сок и сендвич. Ама лошо ми беше ептен, не се сеќавам од кога не било вака. Последица од ковид вакцината е мислам. Успеав деновиве да исконтролирам желби јадачки во ПМС, досега во ПМС немав контрола колку благо јадам. Затоа денес пуштив душа Викендов ме очекуваат повеќе обврски надвор, што значи ќе немам баш контрола над менито. Затоа утре малку појачувам зеленчук, да компензирам.
Јас имам на Curver зелена кутија. Ги земав со купони од Веро неколку големини и ОК се. Уште ги има во Веро мислам дека се серија Lunch To Go. Имаат и какo додаток па двоспратна се прави секоја кутија и има кутивче мало за сос и плус прибор за јадење. Убаво затвораат.
Јас УН ја имам држено без супи, вода си пиев и имав супер резултати. Денес… па… П: овес со овошје и путер од кикиририки Р: врап В: гиро Во моја одбрана, сега се вратив од работа. Уште утре и после ќе биде подобро. Движење - ништо. Едвај 5000 чекори.
Исцрпена сум до немајкаде , читај - денес немав никаква физичка активност Ручекот ми беше еден тањир леќа без запршка и кришка леб. Иначе ќе приумрев до сега. По некој саат имав и ужина) Какао, портокал, јаболко и цели две шаки, можда и три сончоглед.
Прв ден ми е од ун диетава, ме фаќа многу криза за јадење, денес сум јадена само 5 јајца и краставички со маслинки и една банана утрово, дали може барем едно овошје нешто да земам? Уште немам ваква навика да не јадам многу
Денес беше ок, ама можеше и подобро. Како и да е барем се исконтролирав да не гнетам глупости, што е напредок со оглед на тоа што пмс дрма на најјако Д: интегрална тортиља со хумус, зелка, морков и едно јајце Р: стек и шопска У: протеин бар со малина В: микс зелена салата, со биено сирење и маслинки и плус една рака кикирики. На крај ме спука криза и земав чоколаден протеински пудинг. Две црни кафиња без шеќер, едно какао и едвај 1.400 вода засега, ама ќе испијам барем уште една чаша до легнување. Инаку имате добри коцки за супа во дм, околу 45 денари за 8 парчиња. Имаат супер состојки и ок се со цена. Како и да е подобро оброк со мала модификација, отколку обесхрабрување. Не бива ни со толку ригорозност и грижа на совест да се тера диета.
Појадок цедени портокали, и плус чиа со јаболко и банана и ленено Ручек грав со 2 парче ржов леб и зелка салата и подлучени пиперки Вечера рипнав, не ми се јадеше. Касно ручав и впрочем сега ми се пријаде али нема да јадам. МАЈ фитнес пал ми вика дека слабо сум ухрањена во поголемиот дел од деновите, освен во тие кои не сум. Као 1200 калории ми извади просек дека треба да внесувам, а јас као често ни тие не ги исполнувам. 100% грешам у селекцијата ама и често, пошто не знам кое е точно, ја избирам опцијата со поголема бројка на калории Any tips and tricks За Ова?