Наутро прво почнуваш со еден цеден лимон со топла вода и мед. После можеш овошје пр банана. По два часа од бананата можеш пак да земеш две исти овошја пр две јаболка, но тоа да е до 12 ч. После ручаш и по 4 сати вечераш и толку. Измеѓу нема никава ужина. А зошто не јаде леб со јајцата за ручекот? Можеш (и треба) слободно две тонус парчиња.
Благодарам многу, од утре така ќе пробам Не знам искрено зошто не јадев црн леб, имав тонус па реков ајде ако веќе почнувам на диета да не грешам.
Може па стварно си слабо ухрањена . Ова што го пиша за денес, нема повеќе од 1000 калори. Јас доста повеќе од тебе јадам, околу 1500 на ден ми излегуваат. Ама требало 1400 .
Не е грешка. Тонус мораш да јадеш во протеински и во скробен за ручек. Дури и во јаглехидратен за ручек може и тонус да јадеш ако за ручек си имала обично бело брашно (пример кифла или макарони од бело брашно). Јас пример кога ја држев во јх кога јадев макарони со кечап плус ќе каснев тонис леб со маслинки или намачкан со малку ајвар.
За денес Д овес со јаболка У банана Р ништо не зготвив вчера па ќе биде јајца и урда В кисело млеко со сусам
Се острам да извежбам некое видео,конечно, од тие на Клои без скокање. Од негде да се почне. И стомачните и сквотс да си ги истерам.Тамам имам време. Денес сакам детокс ден да ми е,али плус и јогурт/кисело млеко ќе пијам,не само вода,чај, кафе. Ајде дур ме држи ова да се раздвижам Едит 500 гр ослабена од оној ден. Хмхмхм
10 ден Д: чија пудинк со вишни и какао крем У: јаболко Р: грав и салата У: протеинско барче Вчера грешка направив бев излезена па имаше мезенце и пиво Иначе за вагета имате зборно, јас повеќе од 4г не употребувам вагета. Имаше период кога син ми не јадеше па имам пробано да му ставам малку али не смена ништо во однос на храната значи не било до тоа и не ставам. Имаа рецепти на нет за домашна вагета ако веќе сакате да биде здраво па пригответеја
Ден ден! Втор ден циклус и не ми се живее а не да ми се праи нешто, незамисливо за мене скокнав вчера вежби за нозе и бути, никад не ми се десило. Утепана ептен! Денес ќе се вежбаат рачиња, гради и грб, нозете ќе ги оставам за утре. појадок-долго се мислев дали да земам еден ѓеврек со јогурт, да се почастам, ама решив дека ќе се частам утре њоки и сос од сино сирење, па земав гранола со грчки јогурт за појадок и некое овошје ќе земам ус тоа ручек-врап со зелка салата, туна, пченка и маслинки, без никаков сос вечера-леќа палачинки со фета и ајвар, вчера не јадев леќа туку изедов 2 галети со урда само Имате ли некој рецепт за добри тортиљи домашни од интегрално брашно, ама да се меки не да се тврди, од какво тесто ги прават, течно како палачинки или како тесто.
Од тесто се прават тортиљите, не од каша. Се печат на нелепливо тавче, како пити за гиро. Ама рецепт немам, ги купувам. Барам и јас, сакам од ржано брашно да правам. Правев некни лепчиња од брашно од наут по рецепт на Теа Трповска, за мерак излегоа, иако малку потврди и со специфичен мирис. Овие ми фаќаат око, ама ги немам пробано https://www.mytastehr.com/r/tortilje-od-raženog-i-heljdinog-brašna-21906545.html
На Теа јас ги правам со овес тие, многу ми се убави. Ама се ме тера памет дека тортиља таква мека и совршена од тесто не може да биде или пак е некое посебно тесто. Сум пробала и од смесата за палачинки потенка па како класика палачинки, преубави се и така, ама пак се сушат брзо и се тврди.
Станувам сабајлево мотивирана да ви се придружам и јас, вчера прв ден го поминав одлично и мислев готово, фатив ред. Иде дедо ми сабајле и ми вика ти купив бурек, изеди го додека е топол. Правев помини, замини, погледај го. На крај пусто срце јуначко не издржа, го поделив и ја каснав едната половина, значи една осмина бурек. До никаде не одам вака. Најтешко ми е да стекнам самоконтрола и да го истренирам мозоков. За после правам ориз со салата. Се надевам не се нешто премногу калории, се изнабарав по интернетов колку калории одприлика има во бурек, не најдов некоја веродостојна информација, некако многу малце калории ми се гледаат за толку мрсно нешто. Ќе го рачунам како 800 ајде (се надевам не е повеќе ). Патем, проверив БМИ и јас и се шлогирав. 29.3. Мозоков мој не ме перцепира како толку многу дебела, ама очигледно си се лажам самата. Имам некои 15 кг вишок кои се надевам дека до јули ќе ги симнам.
Мислам дека тоа е проблем со сите видови лепчиња од интегрални брашна. Стануваат тврди, па и ронливи после некое време. За тортиљите секаде читам дека мора во ќесе да се завиткани за да омекнат. Јас си правам леб од интегрални брашна (пченично и ржано) по рецептот на Ана, и си го замрзнувам на парчиња исечен, така ми е полесно и повкусен ми е, на тостер го ставам. И од Теа лепчињата од овес, и пројата е многу убава. Јас од пројата правам пола доза оти моиве не јадат, и одвај се воздржувам да не ја изедам цела, толку е вкусна.
Нема многу калории во осмина бурек. Еве јас грешната да те утешам. Терај си вообичаено шо ти беше во план да јадиш денес, осмина бурек нема да те здебели. Иначе женски, на која страна да проверам по колку калории треба да внесувам на дневно ниво за да бидам во калориски дефицит? Едит: сега пресметав, за да губам пола кило во неделата треба да внесувам 1400 калории, а едно кило 900 калории.
Вчера извежбано, денеска имам рест деј од кај Клои, што ми се погоди супер бидејќи ми дојде вчера вечер. Вчера на менито немав ужинки, само со оброците останав. Денес на мени: - чиа пудинг - риба, брокула со путер и лук и свежа салата - детокс смути - ужинки ќе видиме Типувам; Сега ќе мине циклусов и ќе паднат 1.5-2г до среда Имаш програми бесплатни од Клои на нејзиниот сајт, разгледај може некоја ќе ти фати око. И јас ги вежбам без скокање, има опција за така, дава алтернативи Клои. Ако фатам да скокам со оваа килажа ќе пропаднам на прв спрат, ќе ме дотепа мајка Шала на страна, ем не можам од одма со скокање, ем многу ќе им лупа доле
Оригиналните тортиљи се од пченкарно брашно ама во тестото има и прилично масло. Веројатно затоа се меки. Инаку не е како каша тестото туку како меко тесто кое се расукува или плеска. Тетка ми во Америка имаше пријателка Мексиканка и таа така ги правеше. Ама рецепт не знам средношколка бев тогаш тоа не ме интересираше. @AngelOfArh, @Annath Дај кажете која е таа Теа. Ептен се расфрлате тука со имиња, Ана, Теа итн итн. Да научиме по нешто.
Е па тоа маслото е проблем. А во интегралните нема баш масло. Теа, е Теа Трповска на инстаграм, има одлични здрави рецепти. Исто има и профил Чинијата на Ирма каде што става рецепти за бебешка исхрана и за мали деца, мене ми се и тие рецепти одлични.
Девојки можеби ќе звучи чудно но дали од 1 ден држење на диетава може да се почувствува разлика? И тоа од едно кило? Во шок сум искрено, ако вака лесно се симнуваа килограми
Вода е тоа што губиш. Може да се осеќаш полесно ако си исфрлила нездрава храна, ама резултати нема брзо. Првите кг се вода најчесто, после доаѓа топењето на мастите.
Ако битно да се почне од некаде! Пак сум среќна бидејки имам и тироидна па никако неможев грам да намалам, ќе си терам вака.