(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    Пази со тироидната, особено ако имаш голем калориски дефицит и вежбаш. Да не се преморуваш и да не се форсираш, и најважно да не гладуваш. Ако си физички активна, треба да внесуваш повеќе од 1200 калории дневно. Во спротивно може да се прегладнеш и да се истоштиш. И да си го успориш метаболизмот уште повеќе.
     
    На Pelargonium, NarCis@, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.071
    Пол:
    Женски
    Не е страшно доколку си на режим веќе подолго време, па и да каснеш вака нешто не ти прави разлика. Ама страшно е ако од прв ден си почнеш со буреци. :D Да се доведам до некој ред, да знам дека веќе сум фатила некое темпо, воопшто нема да се обвинувам за вакви грешки. Ја имам држено УН со милион грешки, ма каков милион, милијарда, и пак ослабев 16 кг. Ама на почетокот зедов залет. :D
     
    На NarCis@, Espadrila, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    IMG_20220202_225042.jpg
    Искрено правам како што гледам другите како прават, добро вчера вистина внесов некаде над 700 калории бидејќи главните оброци ми беа јајца, денес ете ориз со мешавина плус салата, а за доручек стандард банана. Инаку еве од пред една недела испитувањата, пијам еутирокс од 25 скоро 2 месеци. Тсх ми беше дури 7 а за месец и нешто пиење се поправил не е лошо. Еве слика
     
    На Pelargonium, NarCis@, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.474
    Пол:
    Женски
    Теа Трпкова, многу е златна. Ана е Ана Стојанова, исто имаш топ рецепти кај Елена Бубало и Стефан Спиркоски. Запратиш ли една, искачаат нон стоп предлози.
     
    На Espadrila, Ariel, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Фала. Ептен корисни информации се ова. Ми треба инспирација за рецепти што и дома моиве ќе ми ги прифатат.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    И Стефанија Несторовска има убави рецепти, особено за десерти. А Теа е добра со предлози за појадок, ручек, вечера. Односно, добиваш инспирација за комбинација на намирници, и никогаш не се досадни јадењата.
     
    На Espadrila, Ariel, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Баш такво си најдов.


    Изгледа ептем лесно ама, јас на 11та минута веќе бев со јазикот долу. Да не зборам дека џампинг џекс пола мораше да ги правам без скокање оти толку ми беше силата. :worried: Јас ги гледав и тие што и се предизвиците по 2 недели за цело тело вежби ама, има вежби од кои ми е страв дека колениците и стапалата ќе ми настрадаат. Веќе ми се крш и страв ми е, стар човек сум и уште толку ќе остарам. :D

    Ништо од детокс ден, а и нема зошто. Циклусов ми прави збунки.. Час ко балон се осеќам и ко да сум јадела, прејала (ко сабајле), час ми кркорат црева, ми завиваат.
    Доцен доручек - Јајце на око на пречено лепче и филџан јогурт. :x
    Ручек, отом потом. Денес очигледно не ќе можам толку да планирам. Сега па се осеќам ко прејадена и трома. :bug: Тие -500 грама утре да не отидат у плус 1.500 :drunk:
     
    На Pelargonium, mareane, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    10.454
    Тортиљи дефинитивно се со сукање кори, се друго повеќе личи на палачинка и не е тоа-тоа. Иако и палачинки бркаат работа за таков оброк.

    Интегралните брашна се потешки за работа и од мое искуство важно е да одмори тестото малку. Да се направи малку полепливо и да се остави така барем пола саат или повеќе, па после да се домеси.

    Мене овие два рецепти ми се зачувани за проба.


    Овој има путер и некако брашното е многу бело ко за интегрално.


    Овој како поедноставна варијанта.

    Би пробала и со 'ржано пошто најчесто со тоа готвам. Хељдиното пошто нема глутен најубаво да се помеша со друго за полесно да се работи.
     
    На Pelargonium, mareane, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Ти кажа и другата членка, најчесто првите кг се вода, ама што има врска, и мене ми се мотивација дури и -100гр на вага.
    2кг сигурно вода ќе исфрлиш прво, јас понеделникот бев на старт, 20 килограми рамно, толку имам вишок, средата на мерење -2.1кг ми покажа, и тоа е сето вода, не може да имам ослабено 2кг за два дена :D
    Откако ќе ја исфрлиш водата почнува топењето масти, и тогаш на вага ќе гледаш -100, -200грама дневно пример дека си ослабела.
    Само напред, не се демотивирај :hug:

    Реално, за почетник вежбите на Клои се баш заморни.
    Некој што вежбал му се боза сигурно, ама ние, конкретно еве и јас, освен што си го гледам детето што се вели и домашни обврски, друга активност немам, едно пешачење со кучињата додека ги шетам, ама тоа е се лагано, флегматично :D и сега си поземам душа едвај на некои видеа.
    Жално од една страна, млада сум, 25години, од кога забременив газов за вежбањето не ми е мрднат ич, тоа се цели 3години како немам вежбано апсолутно ништо.
    Ама ќе се попраам, имам време сега, малата не е веќе мала :D

    Само полека, без форсирање, од премореност знае и да не ти се станува од кревет а не пак да ти се вежба следниот ден. Колку можеш, толку. :nod:
     
    Последна измена: 11 февруари 2022
    На flower30, Pelargonium, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.902
    Допаѓања:
    142.383
    Здраво девојки и жени:D

    Вчера дури сфатив дека сум ја преминала границата на културен изглед:Dи се разочарав, многу, премногу.
    Дел од членките од оваа група ме знаат од друга тема и знаат дека кукам за се и сешто, а сега капак и килажата.
    Според калкулации БМИ ми е 28:(
    Јас сум ниска, 158см и со оваа тежина изгледам ко некој батка, избацувач пред диско:D.

    Е сега, работава е што сум дома, без никаква физичка активност, многу голем гурман, тешка стрвла:D(ако постои зборот:)), не водам сметка што јадам. Плус Хипо хашимото. Плус се мачам со тахикардии и при малку трчање пример, одма ми се јавува тахикардија. Кардиологот ми рече за почеток шетање, а после и по малку повеќе физичка активност.

    Дајте совет - статичен велосипед ДА или НЕ?!

    Кога не јадам сум ужасно нервозна, па нема да можам за почеток да се ставам на строги рестрикции .
    Еве за почеток би јадела само Тонус леб, би избегавала благо или ќе купувам црно чоколадо.
    (пред пола година имав малку повисок шеќер и само разлика беше што јадев црн леб, било какков и од благо на неколкј дена каснував црно чоколадо).И одма имаше разлика.
    Газирано не пијам ич.

    Мене најголем проблем или криза ми е навечер.

    Ајде ако имате време дајте предлози за почеток што, како?! Морам да ослабам највеќе заради здравје, а после за изглед (или обратно:D
    ).
    Помогнете ми од избацивач до летото да се претворам бар во "солидна" :D

    Извинете на долгиот реферат, ама ја многу темелна сум и морав се да пишам :D
    Имајте убав ден:f:
     
    Последна измена: 11 февруари 2022
    На Pelargonium, andrejko82, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали има некој искуство со плановите за исхрана на Антонио Велковски?
     
  12. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    5ти ден хроно, 2ра рестрикција
    П: тонус, ајвар, авокадо и маслинки (постам, немав протеин)
    Р: пастрмка и салата
    В: ? Ќе одлучам во последен момент :D
    Синоќа повторно имав страшна криза, ми се јадеше нешто што не треба да се јади и издржав некако :whew: се надевам на што помалку вакви кризи
     
    На flower30, Pelargonium, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Благодарам навистина баш ми значи, одиме понатаму! :hug:
     
    На flower30 и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  14. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    47.139
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :hai:

    Среќно и со лесно на сите што решивте да слабеете.

    Имам едно прашање не знам дали е за овде... ме интересира дали користите засладувач наместо шеќер. И ако да, како одат мерките, колку засладувач заменува колку шеќер.
    Сакам да го исфрлам шеќерот од исхрана, зашто благо јадам ненормално и веќе почнав да се плашам да не добијам дијабет, и да го заменам со ова.
    Фала ви однапред
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Јас сепак би препорачал тежински тренинзи. Еве, ако те плаши зборот тежински, може да го наречеме тренинг со отпор.
    Поентата е тоа што над 40тата година почнува да се намалува естрогенот и прогестеронот во телото и всушност тогаш доаѓа до менопаузата.
    Знаеме дека се случуваат бројни промени во телото особено на хормонално ниво.
    Затоа тренингот со некаков отпор ќе биде уште покорисен, за зацврстување на мускулната маса, зацврстување на коските, а има влијание на самото расположение/хормони, и може да го олесни процесот на менопауза.
    Но еве да речеме дека секоја зголемена физичка активност ќе помогне во ова, дали вежби со сопствена тежина, трчање, пливање, велосипед како и да е.

    Од друга страна, под надзор на тренер, дискус хернијата не би требало да претставува проблем за вежбање, затоа што има огромна варијација на вежби кои не мора да го оптеретуваат рбетниот столб. Всушност може да се зацврстат грбните мускули и да се намали болката што ја предизвикува дискус хернијата.

    За исхраната нема некои големи промени. Освен ако треба да се контролира некакво нетипично однесување, како што е зголемен внесот на шеќери или што и да е невообичаено што се појавило како резултат на хормоналните промени. И секако, во секоја возраст полесно и поздраво е здрава, разновидна, лесна, и избалансирана исхрана богата со витамини и минерали.

    Бидејќи на телото поради хормоните најчесто му е потешко да се регенерира после тренинг, не може доволно да се нагласи колку е битно жените на оваа возраст да суплементираат со Магнезиум. Исто така многу од помош ќе биде и истегнување на телото пред и после физичка активност, како и спиење од 7-9 часа. Освен тоа, бидејќи може да се чувствуваат екстра напливи на топлина во телото во текот на вежбањето, важно е да се прават повеќе паузи од претходно, и да се пие повеќе вода од претходно.

    Малаксаноста и немањето енергија се нормална појава поради промените во нивоата на естроген, кортизол и мелатонин. Но сепак мора токму од таа причина да се зголеми физичката активност.
     
    На AngelOfArh, flower30, Pelargonium и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    Ништоо.
    И ако осеќаш навечер ептен глад, да не можеш да издржиш земи си краставица/морков нешто изгрицкај. Подобро тоа отколку да попуштиш и се да се изнајадеш бидејќи почетокот е стварно тежок, самото тело е навикнато на повеќе храна и се буни, може и глава да те боли од глад.
    Полека, полека. Колку побрзо слабееш толку побрзо ќе ги вратиш ако се вратиш на првобитната исхрана, затоа полека, грешки сите правиме :hug:

    Јас со мед заменив, е сега точна мерка немам, по вкус си ставам. :wasntme:
    Друг засладувач не користам, а чоколадото со црно го заменив, има барем избор сега, со бадеми, портокал, брусница, вкусни се.
    Кога излегувам при рака имам секогаш најлепше жеље мало црно чоколадо, да не се задржам па ужинка си го користам до следен оброк.
    А конкретно ако пиеш кафе со шеќер, барем земи кафеав шеќер, стевиа или натрен, мерки за тоа не знам, не можам да ти кажам. По вкус веројатно и тоа :D
     
    На flower30, Pelargonium, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    143.260
    Мило ми е што ќе се дружиме тука.
    Ако те фати криза навечер, ќе пишеш тука и ќе те премислиме :D

    Шала на страна, и мене навечер ме фаќа криза. Најдобро е да си најдеш занимација за навечер, ама со мали деца, не знам како. Мене ептен ако ме фати криза, некоја салата јадам или малку јогурт. Ако ми е криза за благо, пијам какао, со многу малку мед, третина мало лажиче, и многу малку млеко. Не е многу калорично, а имам чувство како да сум изела цело чоколадо.
     
    На Pelargonium, mareane, Vanilla15 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.398
    Допаѓања:
    183.609
    Пол:
    Женски
    Немам многу време овие денови, од сабајле до скоро вечер не сум прибрана, па исхраната ми е скроз неорганизирана.
    Денес за доручек корнфлекс со млеко. Ужина 1 банана. Ручек, пак тост ко вчера и печен компир. За десерт, 3 триаголници чоколада Тоблероне :D А баш ќе беше убаво, да можев цел ред да изедам 8-| Вечера ќе биде некоја покалорична салата најверојатно. До 15ч. направив 10 000 чекори. Да завршам некои други обврски, може и ќе повежбам малку. На 2 дена пред добивање, немам напади на јадење благо и грицки, ептен смирен ПМС.

    @Ajronmen ако не е тајна, професионално се занимаваш со фитнес или...? Овие работи што ѝ ги кажа на Ариел, јас сега почнав да ги применувам, и ми се чини да кажам на доктор дека со дискус хернија вежбам тежини, ќе ме направат луда. Пред некоја година кога одев на терапија, ми рекоа строго само вежби од физикална доаѓаат во предвид, воопшто. А уствари, гледам дека можам да имам нормален физички активен живот.
     
    На Espadrila, flower30, Pelargonium и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    10.454
    Скроз се сложувам за вежбањето. Пред неколку години имав голем проблем со вратна спондилоза, поради којашто и почнав да вежбам и само тоа ми помогна да немам хронични болки. Џабе и масажи и сите други залажувања со краткотраен ефект. Мислам дека секој може да вежба само да прилагоди вежби и темпо на можностите, па со тек на време и повеќе. Почетниците обавезно со инструктор да не направат беља. Башка моментот со подобро расположение, целокупно здравје, метаболизам, енергија.

    Менито денешно засега ок, ама вечер ќе излегувам, а од утре ќе терам викенд со друштво па се надевам ќе задржам каков-таков ред.

    Д: Овесна каша со свашта (кисело млеко, аронија, пола банана, мелени семиња, протеин ванила и путер од кикирики)
    Р: Дојадував грашок од завчера :?: ама среќа и што го имав во фрижидер да не се мислам многу
    В: Планирам да јадам некое месо и салата и да испијам чаша две вино.

    Со вода сум малку катастрофа, не знам ни пола литро дали испив :headbang: морам да надокнадам додека да легнам.
     
    На Pelargonium, mareane, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.243
    Ден 12
    Д. Смути со целер 8)
    У. Јаболко
    Р. Киноа со шампињони и зеленчук,салата марула+рукола
    В. Сендвич со интегрален леб,кашкавал и мартадела... ПМС:drunk:
     
    На Pelargonium, mareane, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.