Д хроно пита У 2 јаболки Р зеленчук печен со парче печен ослич В јаболко и малку урми...ми се пријаде малку благо... Денес нема вежбање ама работа низ дома до неседнување цел ден... Дефинитивно гладување не е за слабеење, само фрустрирање и демотивација...малку по малку ќе биде... @flower30 за целулит имаше пишано @AngelOfArh чај со ловоров лист, јас пијам пак вода со лимон, ѓумбир, цимет и 2 3 зрна ким и добра ми е...повеќе вода и почни некои вежби дома од you tubeпола саат, 20 мин, ќе видиш одма промена ... @JoyJoy среќен роденден
Среќен роденден, @JoyJoy. Што побрзо да си го видиш згодното тело во огледало. Супер помина денот. Ручек витаминска салата (морков, зелка, цвекло, краставица, марула), пилешки стек и варени компири. Можеше без компирите ама Јас сум од тие што доручкуваат овошје и се научени така. Ако јадам нешто друго се осеќам прејадена и ми е тешко цел ден. Ретко се дешава да сум гладна сабајле и да јадам. Некад се дешава да не можам да издржам до ручекот па јадам или порано или јадам нешто полесно (колку да го одложам гладот) за да имам простор за главно и квалитетно јадење. После ручек немам потреба за вечера. Најадена сум, не сум гладна, не се тресам, не кризирам. Јас кризирам само за смоки, чипс, соленчиња, оние портокалови кикирикички и сл. Ептем сум уморна иначе, можеше да го извежбам видеото на Клои. Да се вратев еден саат порано и ќе го извежбав пошто баш волја имав да порипам малку, амммааа.
Извежбав од Клои денеска и оброците беа тие, си каснав плус 5-6 бадеми. А да, се напив и мача чај денес. За кафе, вода и чај нема да ви кажувам бидејќи пијам премногу. Кафе 2-3 на ден, некогаш и 4, 2-3 чаеви и вода над 3л во зима, лето над 5-6л Дали е до инсулинската резистенција, најверојатно да, цело време се осеќам жедна Утре на мени, ден 7; - детокс палачинки - тортилја со пилешко, павлака, краставица и домат - детокс смути - ужинки ќе видам Ќе се вежба пак Клои со јазик до земја Среќен роденден, најсреќна да бидееш Денес ти е простено се
Мислам дека денеска претерав... Д урда со јајца и тонус Р интегрална тортиља со стек,пченка марула кис.краставилки. В мезе ( сирење пршута маслинки,помфрит)+алкохол. Мене ова ни е многу иако не внесов многу јаглехидрати. Сабајле ќе пешачам по планина да истрошам вечерата Јас за да ослабнам мора 1 оброк скроз да исфрлам.Навечер имам некоја психолошка потреба од храна и најчесто морам нешто барем да каснам.Затоа доручекот го изоставам најчесто. Општо иако сум гурман не јадам количински многу не јадам благо ама пак со се поспориов метаболизам и слабата физичка активнист си се дебелеам
И покрај циклусот и оној ненормален ден кога изедов можда во цел ден пола кило леб со се' и сешто, на -500те грама, сабајлево уште -300. Не знам дал ова значи дека почна процесот на мрдање на вагата, ќе почекам да отидам под најниската бројка во последнава година дена па тогаш ќе рипам од среќа. Сега ќе си го мислам ова ко можност па да се вратам во тоа -/+ и ич да не се мрда па што сака да правам. А скроз да не јадам или почнам некоја од лудите диети што порано ги терав, не планирам веќе во овој живот. Ова си го зборам/пишувам за да се убедам да продолжам ко што си терам и со оброците и со калориите и со вежбањето. Малку ќе се почастам попосле од радост. Да не забегувам.. неколку лешници лешници на мало непуно лажиче крем оти циклусов и на кремот ме тера да мислам иако стои теглата недела+ без да ја чепнам. Ко и чоколадите и се' такво благо. Сега ама, си терам ритуалот - кафе и јаболко. За ручек немам поима што да јадам. Гледав некоја слика од риба во 40ка, Божа имаше пишано како ја маринирала... јас толку ќејфови нема да си правам оти, само службено ако ја мислам и гледам храната (толку протеини, толку јаглехидрати) сум на добар пат. А почнам љубов со неа да водам така... толку од режимот Да видам сега некое видео на дебелки вежбачки за да се мотивирам (чисто да знаете дека и тоа правам да се мотивирам. Ко што гледам и манекенки од фешн тв, згодни фитнес женски итн.) да го извежбам видеото на Клои па и џампинг џекс и чучњеви да направам покасно. Седечките стомачни ќе им се вратам кога ќе мине циклусот. Оној ден пробав и стомакот уште толку мислам почна да ме боли и да се дуе. едит: невесте ми праќа билдерски видеа за мотивација плус
Д хроно пита У јаболка Р ќофте во сос В незнам, ќе видиме денес што ќе сакаат па ќе каснам нешто ситно... Убав ден
Добро утро девојки, ме снема малку, ама тука сум, диетувам и јас. Полумедицинска држам, т.е варени јајца, портокали и плус нешто/ништо, зависи кога како. Ама вагата за малку па -5 А не сум ни почнала сериозно Се мислам од утре, понеделнички ( поздрав за @mareane ) плус повеќе движење и вежбање, ама по малку. Ќе земам и саси вода Денес на мени, варени јајца и портокали, вечер ќе видам што. Прво да се одработи денот Некако многу тешко се организирам за на работа што да јадам, најчесто гладна си го поминувам денот
Вчера убаво извежбав за задник и бутови, и реков протеински пудинг ќе јадам, ама сепак си направив марула, јајце и пченка салата и изедов еден протеински бар. Таман ми дојде. Денес доручек лепче со путер, кашкавал и шунка, и уште едно со путер и џем од сливи. Ужина овошје. Ручек ќе биде свински бут во крчко со сос од домата, кромид и моркови (не можам да ви опишам како мириса, со маж цела ноќ не можевме да спиеме ), пире и салата. Вечера не знам, ама тие се комбинациите корнфлекс или некоја друга житарка. Денес треба да добијам, стомакот минимално потечен. Се качив на вага, уште пола кг надолу од средата, скоро кг и пол од кога го почнав режимов. Јас сум презадоволна. Не се брзи резултати, ама ги има.
Денес нејадев до 10-10.30, такада незнам дали ова да го кажам доручек или ручек. Ај доручек нека биде. За доручек јадев супа и леб, а за десерт јаболки со мед. За ручек ќе јадам посни макарони со посен мајонез.
Доручек- портокал, јаболко, неколку малинки и турско без шеќер Ручек- Печено свинско со испечен компир Вечера- Најверојатно мноогу јогурт и две варени јајца, или парче црн леб со некој намаз, пилешки гради и маслинки. Ќе видиме. Убав и успешен ден женски.
Ден 14 Д. Просо со лешници,пола банана и пола јаболко Р. Печен лосос со прокељ и батат,салата марула В.Кебапчиња со салата,може и нешто плус денес планирам да се опуштам
Јас денес девојки овошен ден. 4/90 Станав и се напив млака вода со лимон и цимет , и доручек два портокали чај и кафе. На секој 2 сати по едно овошје и вечер кон 7 една салата зелка со цвекло и моркови без зачини само лимонов сок. Би требало да е добро затоа што пијам повеќе течности.
Со што можам да направам замена за пилешко? Ич не го можам. За во тортилја ми е, треба 150гр пилешко. Јајца, пилешки гради, нешто? Да биде со сличен внес калории...
Па да во право си, не ни помислив на нив имам дома ќе измешам неколку оревчиња бадеми лешници. Инаку засега два портокали многу вода и во моментов јадам банана. Не чувствувам воопшто глад, се навикнувам. Моментално учам за испит па за сат време ќе одам покрај езеро да пешачам.
Дома ја правам , многу е проста и лесна за правење.. Интегрално брашно , во рецептата е 400 гр одприлика и јас толку ставам, малку сода, малку пециво и сол и 6 лажици маслиново масло, се замесува тесто кое се дели на 2 дела. Фил е пржен праз , јас 2 сецкам и урда измешано. Вчера немав урда па само со праз. Прво едниот дел се става во тавче , може и со рака да се натапка па филот и одозгора второто тесто.. .и одозгора сусам...толку, печам на 200 околу 30 мин..на интернет ја има хроно раванија зашто ја сечат баш како раванија... Пробај убава не е лоша а најадува и држи..
Јас викендов сум цело време излезена и скроз баталив секаков режим. Вчера до ручек супер се држев со салати и овошје, грчки јогурт нискомаслен. Од ручек почнав да терам надолу. Јадев Мекдоналдс, после бев на кино па ај си реков само пуканки, ама мм зеде и благо и така и тоа си каснав. Денес доручкував нормално, ама после тоа падна и баклава со фстак и профитероли и помфрит и пиде. Стока права. За вечера вода. Уплатив програм кај Ана Стојанова, ме интересираше што и како е програмот. Ќе одам по таа исхрана нареден период, ама повеќе ми беше за вежбите. Едвај чекам да се стопли времето за точак.