Ај што добив и се издишав, ама стомакот некако чуден го осеќам. Многу ми е тврд и мадуван, ама оној критичен момент од стомакот кај цезареата кај што буквално ми висеше го немам веќе, односно немам повеќе стомак што ми виси. Следниов период ќе воведам секој ден на крај од вежбање неколку вежби за јадро, како досега со планкот. Со јадење се држев, ама ко без ред некој, а што ми е убаво на работа по ред се, ама дома и ред нема. Викендов ден за частење беше денес, си направив њоки, калории тон ама ќе ги изгорам утре со тотал боди и планк и обратен планк, а сакам да почнам и некој предизвик секој ден по 20 стомачни, 20 чучњеви и 20 склекови секое сабајле, на страна од вежбањето, па ќе видиме. Менито не го пишувам оти беше каша попара, денес извежбав 25мин кардио за нозе и бути, 2х1мин планк и загревање 10мин.
Ништо не бидна со рибата денес. Само џабе ја одмрзнав и исчистив. Проја-мафини правев од палента, гриз и многу малку бело брашно.... тоа имав-тоа ставив. Едни мафини со брокула и кашкавал други со маслинки и сирење и.... тоа се ручаше со кисело млеко. Мезев малку лешници, скроз малку крем ко шо реков и тоа беше денот.
Д: кафе и парче тиква Р:пире и гулаш со салата У:Мало колаче. В: парче пастрмајлија И 9300 чекори по планина...
Менито ми беше тоа, го заменив само пилешкото со мала туна, не ми се готвеше, арно ама ништо не извежбав денеска, истоштено се осеќам, утре ќе извежбам два дена од Клои, тоа ќе биде тортура ама тоа е. Освен генералка пак, трчање по дете и кучиња, друго немам, чекори не мерам бидејќи не го носам телефонот кога излегувам со дете или кучињата. Криво ми е што не успеав да извежбам, тоа само дојдов да се пожалам. Утре правам цела недела на режим, ќе ви кажам колку имам симнато и ќе се мерам во обем. Во среда секако ќе се мерам и со вас, ама понеделнички почнав, па да видам како сум за една недела (опсесија со вага е ова ). Ваљда до јуни ќе стигнам до посакуваните резултати Вкупно имам 20кг за симнување, ама и на повеќе не се жалам ако се симнат до тогаш
A во среда имаме групно мерење? Не знаев за ова, значи јас ќе ви се приклучам ама четврток бидејќи среда сум нс испит во Битола. Таман и четврток ќе правам една недела како сум на режим, денес ми беше 4ти ден. Инаку и јас мислам дека 15 кила ќе се доволни за симнување а може и помалце да не претерам многу, сепак имам и висина.
Да да, во среда ни е групното, имаме и тоа Па јас искрено немам некоја висина, 1.68 сум Среќно на испит
Не сум нешто многу за фалење со менито викендов, ама за фалење сум со благото. Конечно дојде денот кога благото веќе не ми е вкусно. Еден месец ми требаше да стигнам до тука. Најголемиот порок го надминав - од сега па натака знам дека ќе биде подобро .
7ми ден хроно, 2ра рестрикција П: ајвар, маслинки и 2 парчиња свински врат Р: стек и салата В: нема Денес каснав и неколку залчиња торта, прв пат после 35 дена, како што напишав пред некој ден за дедото со бурекот што е греота да се одбие, така јас денес имав повод што едноставно каснав за да направам чест, не дека толку ми беше дојдено до торта. Вечерва имав прошетка по продавници и некако уште повеќе имам мотив за да продолжам напред, толку убави работи има… ама за послаби и вечерва си ветив додека не видам 57ца на вагата НЕМА откажување.
Почнува да ми се забележува на лицево и фаремрките сабајле лесно ги закопчав а притоа имам добиено..после циклусов во среда очекувам убави резултати.. Д овес со јаболка У јаболка Р посна сарма и салата В или салата или пуканки @lejlla јас до 67 да видам на вагата нема да се откажам..
15те минути од видеото на Клои завршени без пауза ептем сум хепи. Ќе го задржам темпото и видеото уште некое време. Нема да се форсирам секој ден да го вежбам. Минимум три пати плус кога ми се присака сабајле. Среќа ми се присакува. Кога ќе се прилагодам скроз и ми стане прелесно дури и убрзана верзија, ќе пробам друго,подолго. Кафе и јаболко за кратко. Ручек рибата и салата некоја ко витаминска. имам уште енергија за џампинг џекс и седечки стомачни. Ама стомачни само ќе направам. Доста им е форсирање на нозете за сега. Вечер,здравје. Сега на труд.
Добро утро! Утрово започна со 20 чучњеви, 20 склека, 20 стомачни и 1мин планк, за расонување, денес на ред е Тотал боди, околу 40мин, плус загревање 10мин и 2 круга по 1мин планк и 2 круга по 1мин чучњ на врата. Не знам дали ќе успеам програмата да ја отворам, ама имам видеа на инста симнато разноразни. Укуцајте во срч на инста тоа што сакате да вежбате, Тотал боди, Абс, Легс енд бутис, Армс... во хаштагови има топ избор вежби. појадок-2 палачинки од леќа со ајвар и фета ручек-зелка салата со протеин мала туна во сопствен сос, не во масло, пченка и наут за карбс вечера-немам никаква идеа, треба да отворам програмата да видам што има во вечерите сум заборавила Планот е до летен предизвик кај Ана или пак до некоја нова денс програма ако извади да симнам уште малку па да одржавам и после за летните да удрам форца за да досимнам тоа што остана. Имам битна свадба во август, мора да сум авион!
Добро утро, добар ден Една недела на режимот од Ирина, без бинџ јадење, -3.3кг и ај бидејќи анонимен форум, нема срам нема перде, ги носам 86.7кг моментално, почнав од 90 (и 100,200 гр плус ама небитни се, сакам заокружено хаха), а саааакам до едно 70 да отидам, тие ми се совршена килажа Обем не мерев, не знам кај ми е метрото, ќе си земам и ново до завршување на програмава прва. Инаку менито ќе ви е познато следни две недели, бидејќи така е режимот, еднонеделно мени се држи три недели, па после ќе почнам нова со 3 недели и така. Имам уплатено 3 програми и плус детокс една, ама здравје полека полека, со ред Ден 8; - смути - плескавици од тиквичка и салата - детокс смути - ужинки ќе размислам, нема да сум толку дома, ми завршува изолацијата, ќе фатам магла некаде Се надевам Клои ќе ја извежбам два дена, бидејќи вчера промашив Среќно женски на мерење во среда
Добро утро и од мене девојки Јас се чувствувам многу позитивно бидејќи гледам како килажата навистина оди надолу. На почеток секако се исфрла вишокот вода затоа оди побрзо. Со што сѐ не пробав но залудно, сега гледам дека ун навистина бил спасот за да се почне, а секако потоа ќе се одржувам. Многу сум ќејфлија бидејќи по долго време на вага гледам разлика се само нагоре и нагоре ми одешеПоследниве две години не можев да ја запрам килажата иако не јадев многу и пешачев по 10км дневно се беше залудно. Сега навистина сум многу мотивирана, ајде уште малце и пролетните денови па ќе можеме дури и надвор на трчкање, трева зеленило пеперутки милинаНе знам зошто но кога гледам сонце сум многу помотивирана и посреќна. Инаку после првиот овошен ден се чувствувам супер, не бев воопшто гладна вчера, се заситив од јаткасти плодови што дури ни салатата за вечера не ја изедов Поради вас и членките во групата на фб навистина сум многу помотивирана од било кога Најдобро е кога се работи во група, многу ме поттикнавте иако долго време ве читав. Ве сакам!
@zhap4e на она видеоно од пред некој ден што го сподели овде вежбаш? И секоја вежба по 40 пати? Пробав ја утрово до пола и папсав.Некои вежби ни по 10 ина пати не можам.
Па дека си на почеток, и јас така се чудев, сега кога вежбам претежно бирам потешки видеа ама таа Клои е ептен тешка, неможам јас секогаш неа да ја вежбам... Полека полека и после чуството е преубаво...
Да, тоа. Јас кога го гледав си реков прелесно ама исто ко ти. Кај пола се задишав,се напив вода и продолжив до 11та минута. Полека, до каде можеш и не убрзувај темпо. Не се мачи ни со броење. Кога она менува вежба, смени и ти. По некое време ќе ти стане лесно,ќе бараш друго.
Морам да се пријавам и јас. Три месеци после породување - од страв дека царски не вежбав, јадев се и сешто како пуштена од синџири, и оппп денес се мерам +12 од пораѓај. 97кг денес Бебе од сите можни салати имаше грчеви, и така баталив зеленчук ама сега полека полека ќе пробам со морков и цвекло... Морам да сменам нешто... ќе почнам кратко на орбитрејк од денес по 10-15 мин иако ми е страв од царскиот...ама вака не бива... Башка што сум нервозна што сум станата гица а сакам со бебе да си уживам! Денес за доручек: Чиа со овес, какао и една банана План за ручек: Пола авокадо, киноа, салата, супа Дај кажете идеа за полесни тренинзи, вежбав пред бременост со Клое ама сега ми е страв со неа наеднаш, не дека е тешка ако ми е, ама ради операцијата....