Не е секоја вежба по 40 пати кај Клои, траењето на вежбите е колку што кажува на видеото, на пример кога менува, менуваш и ти. Една вежба 40 пати ни Клои не може да извежба Вежбите траат 25-30-45 секунди, со тоа да не си се збунила?
Ако доиш а гледам да, не си ограничувај храна, само јади поздраво. Орбитрек слободно врти си, после 40дена бев на контрола после царски, дозволено ми беше, само не стомачни, 6 месеци за нив да поминат мора. Види ги видеата на Клои со low impact, ако можеш, ако не, не. Движи се само повеќе и исклучи леб, благо, газирано и грицки, друг совет стварно не знам
Мене оваа девојка повеќе ми се допаѓа. Сега не се форсирај на почеток, па и не цело време да правиш од се не штета, полека, и не се штеди, нека те болат мускулите ама секое наредно е многу поубаво и полесно.. Кога почнував да вежбам почнав со ова видео.. нормално неможев сите вежби баш како што вежбаат да вежбам, ама се трудев и после ова и еве сега после цели 3 години сите се на оваа база, овие вежби отприлика. Сега моментално сум на он лине платено кај Јасна пилатес и таму е базата ова, само плус минус поразлични вежби ..и сега со време досадуваат па си бараш ново нешто.. Муабетот ми е почни помалку ќе видиш полека се напредува...и да ќе те болат мускули кои не си ни знаела дека постојат
Колку што вежба Клои на брзина и јас не можам, пратам мое темпо, колку извежбам, толку. Менувам кога менува и она. Се потам цела, ваљда тоа значи нешто. Вежбај low impact, напиши на youtube така, има за горен дел, за стомак имаш стоечки баш се лесни, за нозе и задник исто има low impact. Тие што и се standing abs се најлесни за стомакот. Или пишувај за begginers, за да почнеш полека. Ако може модераторите да ми ги спојат мислењава. Да не бидам едно под друго.
Добар ден. Денес после роденденски викенд ќе се доведувам во ред. Два дена немаше нешто многу пазење плус два дена по парче торта се јадеше. Еднаш годишно е роденден не е проблем. Денес доручек: Овесна каша со цело зрно овес, малку млеко и суво грозје. Ужина: Веројатно ќе биде оризови галети со путер од кикирики и кафе Ручек: Тавче гравче и салата Вечера: Ќе се обидам млеко да биде. Од денес подобра сум со синусите. Вчера дури и 15 минути Yoga for fat loss успеав да извежбам. Планот е утре да вежбам понапорни вежби. Туку поголем проблем е што треба да одам фармерки да купувам. Имав у план ама закав барем уште две недели да поминат па со малку нова фигура да купувам. Ама откажаа љубов фармерките па ќе мора сега ваква таква да купувам. Се надевам нема многу да се изнервирам. Купување панталони ми е особено стресно без разлика на тежина. Имам тесен струк и широк и долг кук. И обично морам да купам фармерки или панталони што се точно до папок инаку или ќе ми се собираат и ќе ми прават „муда“ или во газ ќе ми се пикаат или ќе ми штрчат на струк. Плус уште сум на ист конфекциски број како и кога почнав. А ми требаат фармерки. И тоа е. @mareane Клои има HIIT вежби. На Youtube можеш да пишеш begginers HIIT и ќе ти излезат тој тип на вежби. Еве на пример: BEST 15 min Beginner Workout for Fat Burning (NO JUMPING HIIT!!!) - YouTube или ова: Absolute Beginners HIIT Workout | The Body Coach | Joe Wicks - YouTube.
и јас го имам овој проблем и порано повеќе панталони носев фармеки избегнував..ама сега во Страдивариус си купувам 3 пати по ред исти фармерки и топ ми се..и цената им е баш супер 1500 ден...
Јас фармерки на работа не носам. Таму сукњи и фустани.Ова за да избегнам панталони да купувам (зашто и панталони тепко наоѓам). Ама фармерки ќе морам. Порано купував од Есприт кога шетавме надвор, ама последниот пат и во Есприт ми сменија модели и од таму глупаво ми стоеја. Ќе ги проверам Страдивариус. Фал.
Би рекол дека сум фитнес ентузијаст иако сум работел и со други луѓе. А наскоро ќе се сертифицирам за да можам да сум уште поактивен како фитнес инструктор.
Од денес се враќам на редот. Не дека досега не го следев, ама со грешки, за среќа не сум го вратила тоа што го симнав. Појадок сникерс смути, ужинка оризови галети со кикирики и банана, ручек ќе ми биде печена риба со брокула, вечера некоја мешана салата, со јајце за протеин. Денов ми е хаос, вчера не стигнав да зготвам оти снема струја, да не останам со незготвено, ама денес ќе си спремам за утре се по ред. Од вежби, последниве недели пешачев доста, од денес пак ќе почнам со вежбање, тотал боди ќе биде. Сите вие што сега почнувате, првата недела е тешко, ама ако вежбате секој ден, следната недела ќе биде полесна, секоја наредна уште полесно, ама само под услов да не прекинувате со вежбите. И секој ден вежбајте различна група мускули, не истото ден за ден, оти не е ефективно. Обавезно некој ден за одмор да имате. Кога вежбав исто ден за ден ми беше потешко отколку кога вежбам различни вежби секој ден. Ако ви е тешка Клои, бирајте ги вежбите на кои пишува no jumping за почеток. Имам 72 кг. Сакам барем до 60 да дојдам. Ама искрено, бројката не ми е битна, побитно ми е обемот што покажува.
Викендов така-така, денес ќе терам витаминоза, утре протеински и продолжувам. Догрешив и денови и се, ама не се откажувам...некако подолго ми треба за да почнат првите намалувања,ама ги има.... Мерење среда 16.02
Фала девојки за помошта околу вежбањето и линковите. Порано имав навика за вежбање која ја изгубив и толку се разочарав сабајле кога видов колку сум закржлавена и без кондиција. Ама најозбилно ќе вежбам барем по 3 -4 пати во неделата.
8ми ден хроно, 2ра рестрикција Втор ден со намерна грешка П: макарони кои што се дозволени во хроно со моцарела и доматно пире Р: сарма, мислам во хроно не е дозволена, па имаше и малку ориз што во хрони никако не е дозволено, најбитно од се што се јадеше без леб В: можно е некое печено печурче во рерна со карфиолче Се надевам со маливе грешки нема многу да ме казни вагата
@mareane јас почнав да вежбам малку посериозно кога почнаа карантините. Тогаш имав 15кг вишок и кондиција нула. Правев и прекини по 3-4 месеци, ама телото памти. Јас ги вежбам видеата од Памела Реиф и кај неа вежбите траат по 30 секунди. Пред скоро 2 год. едвај издржував 15 секунди од вежба, денес веќе ми се смешка. Сакам да ти кажам, ќе биде, само полека и внимателно вежбај. Подобро извежбај 3 пати од вежба, ама правилно, отколку 10 пати неправилно и без да ја активираш целната мускулатура. И земи си одмор колку што ти треба. Поет, фитнес ентузијаст, а наскоро и фитнес инструктор Ајде, што побрзо да ти се исполни желбата.
Викендот со друштво заврши, па како смо се надали, добро смо сме удали Падна некој полесен коктел со џин, малку неодоливо благо, другото беше стварно ок имајќи предвид дека често се седеше негде на јадење. Од денес пак на вообичаен распоред: Д: варено просо со урда и микс потпечени семки (сончоглед, тиква, сусам) Р: Нудли со пилешко и зеленчук У: Црвен цитрон В: Планирам да биде мешана зелена салата со туна, маслинки и едно јајце. Инаку хроно питата на Андрејко е топ, превкусна и стварно заситува многу. Одамна ја немам направено, баш ме потсети. Мене ми е најомилена со праз, урда и чили, ама убава е и со урда и спанаќ.
П: овес со јогурт и банана, коцка чоколадо Р: чиа со путер од кикирики и две мандарини В: шпагети со мелено месо и чаша вино После ќе вежбам, обавезно. Џаст денс, ништо нарочито, ама барем кичмата да не плаче
Ден 15 Д. Јогурт со амарант,брусница и банана Р. Ориз со зеленчук и салата марула со валеријана У. Малку чоколадо со марципан В. Интегрален леб со намаз од крем сир,димен лосос и краставица
Денес почнав со вежбање, околу 20-25 минути и да ви кажам срам ме фати колку сум тапа. Едвај ги направив, на крај се осеќав како 2 часа да сум вежбала. Нема откажување после овој реалити чек. Денешното мени: Нескафе со бадемово млеко Д: нешто што требаше да биде зелена палачинка, ама испадна омлет сепак беше вкусно, додадов домат,маслинки и лајт намаз У: мандарина Р: надкопан со прилог компир и брокула У: неколку м&м В: неколку лажички овошен грчки јогурт нискомаслен Вода убаво испив денес и леб немам јадено. Едвај чекам мерење среда, секој грам помалку си го рачунам како успех.
Д кафе ,вино ,банана Р:1,5 лепче тонус и гулаш У:Едно шери бонбонче и кафе В: 4 интегрални грисини и мало парче пифтија
За денес Д овес со јаболка У јаболка Р сарма посна (да си ја дојадам) со цвекло салата и парче леб В салата или супа се спремам за утре за мерење @ALISA0000 @Cka каде сте?