Фала што ме мислиш, ама немам вега и не можам да се мотивирам. Плус почнав со лекови и мислам дека ме дебелеат. Иако уште не јадам бел леб и намалив на благо, ама сепак премалку се движам ради немање на време. Малце сум даун и мислам дека нема да успеам и затоа не пишувам.
Јас и во вакви периоди пишувам. Колку и да не пазам, кога пишувам пак јадам помалку, срам ме фаќа . Не се откажувај, супер ти тргна. Ќе биде подобро времето за месец-два, ќе се движиме. До тогаш, барем некоја навика ќе смениме, дали благо, дали леб ќе баталиме. Нема да имаме брзи резултати, ама чекор по чекор, ќе биде.
@Cka Исто мислам ко Ариел. Не се разочарувај. Со пазење секако не може да биде полошо, туку само подобро. Моето мени вчера беше базирано на леб и јх, тоа е, се дешава. Затоа денес подобро. Мени од вчера: доручек 2 парчиња леб со путер, кашкавал, шунка и маслинки. Ужина 2 портокали. Ручек црвена леќа манџа, парче свинско месо, салата. Ужина крофна и вечера баварски перек и павлака. Денес доручек овесна со чиа, млеко и банана. Ужина овошје. Ручек ориз тава со копани. Вечера уште не знам.
Благото и лебот се клучните фактори за дебелеење-слабеење..полека, полека, ама тука си..исти сме сите кога даун кога се ок..тоа е обврски еден куп..не ти треба вага, доволни се едни фаремрки што ги носиш и тие ќе ти бидат мерка репер..
Добро утро извежбав вчера од Клои, менито беше тоа само ручекот го заменив со јајца и урда од смесата за плескавици количински, ем ми беше побрзо ем немав тиквичка Ужинки немав вчера. Денес пак Клои, без пауза до недела, тогаш ќе имам ден за одмор, морам деновите да ги наредам точно, недела да ми е за одмор а не понеделник На мени; - јајца сирење и салата - грашок манџа и салата - детокс смути - ужинки ќе видиме Утре мерење, претходна среда бев 87.9кг
Koга почнав со Ана си реков, ај да го пробам и ова, ама знам нема да успеам. Денес и третите фармерки ги спакував за кај мајка, од 44 на 38 паднав, 25 кила минус, дома ич да не е пола саат ќе најдеш да извежбаш. А со првите резултати и мотивацијата рипа. Батали вага, сликај се во исти алишта и споредувај слики, ќе видиш на огледало резултат. Утрински 20 чучњеви, 20 склека, 20 стомачни и 1мин планк, а после ќе се вежбаат 45мин стомак, загревање и истегнување по 10тина мин. појадок-2 големи лажици гранола (дома сама си ја правам), 1 грчки јогурт со 0% маснотии (170гр.) и шака малини, една супер фина странка ми донесе едно чоколатце веганско со јатки и суви овошја, црно чоколадо и кокосово масло ручек-грашок со мевце малку, дома го јадат со тестенини така да ќе протрча некоја тестенина сигурно низ порцијата и зелка салата вечера-палачинка од леќа со урда ужина-зелени јаболки
Вчера купив фармерки. И тоа од втора. До брендот било. Малку за повозрасни бренд и оп одма нормални модели на фармерки мене што ми одговараат има. И 38 ми е ОК величина. Германска 38-ца, ама сепак. И синоќа ги пробав тие 38 тесните што ми стојат во плакар и кај и да е ќе може ОК да ги закопчам. Сега за сега само со стегање ама и тоа ќе биде. Вагата колку ќе покаже утре ич не ми е гајле. Доручек: Палачинки од леќа, домашен намаз од пиперки и модар патлиџан, урда и маслинки. Ручек: Свински врат со компир и морков Вечера: Чаша млеко. Ужини ќе смислувам успат.
Да се пријавам и јас. Денес нема да имам вежбање пошто од ниедно време сум излезена и таков ќе е денот. Доручекот стандард... за ручек ќе видам шо ќе биде. Пред ручекот, т.е. кај и да е ќе испијам чаша томатело и некои јатки ќе зобнам.
Се мерев денес бидејќи нема да можам утре и да ви се пофалам имам 64.5. Пред точно месец дена вагата наутро ми покажуваше 67кг, ова е солиден успех за тоа што си прекршував често и си каснував се и сешто. Е сеа физички не ми се познава баш, само малку ослабена во лицето и стомакот, ама па за 2 ипол кила симнати и тоа е таман. На мени не знам шо ќе имам, затоа нема да ви пишувам за тоа.
И јас се демотивирам.Никогаш доолку не одело споро намалувањето на кг. Ама инат ме фатило ќе слезам на 60 и точка.И ќе си купам фармерки. Сабајле вежбав малку на едно од видеата.Оти не кажавте дека без прслук или топ не се вежба бе Инаку почнав со смути од банана портокал и чиа. За понатака ќе видиме...
Jaс во групата кај Ана гледам има и со прслуци со корпи вежбаат, јас тоа шанса нема. Сега сум со 2 прслука за вежбање само, другите 3 ми се големи, 1 ми е така така, на граница, ама кај и да е ќе попушти и тој, не знам како ќе биде.
Обавезно прслук и тоа само од тие за вежбање. Со другите е неудобно. Барем мене ми е. Последно убав за вежбање купив во она reserved на попуст за 300 денари.
Држ се. Не се откажувај, еј! И кај мене оди бавно, пребавно и имам чувство дека никогаш нема да си го видам телово и да сум среќна. Тек па кога ги читав другите по колку кила слабеат ... Само упорно. Ако сега не е момент за вежбање, ич не се преоптоварувај со тоа. Нит се преоптоварувај колку оброци да имаш, колку другите јадат, колку калории, колку пати да вежбаш по колку минути. Почни од она што ти е најлесно, мали промени и кога ќе се осетиш спремна за други промени, терај. И да не гледаш резултати - терај. Упорна биди ко и со се друго во животот Кога пишувам вакви работи и за себе си пишувам - се бодрам и сама себе
@Cka немој да се демотивираш. Споро споро само нека оди слабеење. Јас споро слабеам брзо се дебелеам заради ПЦОС. Ама мали промени и полека полека. Вага не ти ни треба. По облека најубаво се познава се. Лековите се ептен зезнати. Јас последно ептен се здебелив од антихистаминик ако ти се верува. Отпосле сфатив дека тоа е причината. Сега тие килца што ги качив за месец дена нема три месеци да ги стопам, ама тоа е тоа. Врати се на тонус и нејадење благо и топ си.
9ти ден, 2ра рестрикција П: пржено јајце со домат и нормално тостирн тонус Р: динстано свинско месо со огромна салата зелка, морков, цвекло и краставица В: туна со кромид Утре се мерам и јас, искремо сега очекувам поспоро да се намалуваат килограмите но нема никако откажување. Некоја од девојките имаше напишано дека не е мотивирана, и јас пред два месеци не бев воопшто, само јадев и се дебелеев, се криев во широки алишта, дури и несакав да излегувам, до толку што не ми се допаѓаше како изгледам. Од неколку разговори со моите блиски сватив дека јас можам да променам нешто, ме подржаа, ме мотивираа, кога ги гледав девојките на инстаграм си велев зошто да не изгледам и јас како нив. Секој, секогаш може, никогаш не е доцна, се зависи од Вас! Јас со две мали деца успевам и доручек да направам и ручек, деца да прошетам, ручек да направам и што е најважно си најдов време и да вежбам, затоа изговори нема, само треба желба
Ден 16 Д. Смути од целер и два интегрални крекери У. Јаболко Р. Пилешко со шампињони и тиквица плус салата марула и валеријана У.Едно киви В. Шака кикирики и
Овошје Кафе х2 Шака апетисани, бадеми и лешници. 2 ќофтиња и леб и многу салата од зелка, цвекло, морков За вечера ќе видам. Можеби салата... @Cka не се демотивира. Ако те спопаднала таква енергија. Не се предавај. Еве препушти се денес, па и утре на "ниски страсти" храна, а после продолжи како да си била 3 месеца на режим и како да оди добро. Изигнорирај грешки и продолжи напред. И јас не вежбам. Немам време... Можеби само си изнаоѓам изговори.... Ама еве, се немам нафатено со вежбање... И.. Пишувај тука, јас барем така се ставам во ред....
Д: Кафе и смути од банана портокал и чиа Р:2 варени јајца и големо парче свинско. В:Пита со тиква(ова е со бело брашно и шеќер ама ретко ова задоволство може да си приуштам направено од ќерка и плус е крај на сезона на тиква.)Леле колку оправдувања си најдов. 10 мин вежбање и 4 200 чекори само ама ко утепана сум нешто денес.