Мерено наутро по пижами(оти пантолниве и џемперов тежат пола кг плус сигурно) :-500 гр од претходна недела ,вкупно - околу 2,5 кг од најгорната тежина. За повеќе од месец е ова ама со оглед на метаболизмов,хормониве заспани не е лошо.
Не сум ни ослабена (а ќе се зачудев да бев) ама не сум ни поправена Д: чорба телешка У: кафе Р: јајце со пиперки и домати В: кисело млеко
Ден за мерење, скапана од вакцина сум. Арно што не се фатив за нутелата. Вагата вика -4.8 килца за 35 дена Ништо од медицинската диета деновиве, ќе видам од наредната. А ништо и од вежбањето Да стигнам до -12 до 15ти март ќе е супер Ама нешто тешко оди
Немав време да се измерам сабајлево, утре ќе пишам ама некако не се надевам на голем минус Ден 17 д. Парче проја со ајвар и маслинки р. Мала туна со зелка в. копан со батат и карфиол плус салата
Девојки јас сум презадоволна од мојот досегашен резултат, за 37 дена хроно намалив скоро па 6кг, но и со три пати во неделата исцрпувачки аеробик +дома вежбички и трчање секој ден со деца во паркче. Од последното мерење -600 имам симнато, се на се презадоволна, на вага си видов 65кг, но имам уште доста, додека не стасам до 57 не ми паѓа на памет да се откажам, само здрсвје да не служи сите
Денешно мени: П: ајвар на тостиран тонус, маслинки и три парчиња печеница Р: стек и салата (марула, домат и краставица) В: сугурно ќе печам карфиол, ептен ама ептен ми се допадна па ќе видам со каков протеин ќе комбинирам
-1,2 кг за една недела веќе се осеќам и по облека и по лицево, со мерак ќе ја почнам вторава недела. Д: Три тонус лепчиња од хељда и пченица со ајвар и нискомаслена фета Кафе Р: Стек и шопска У: Протеински пудинг од лешник Кафе В: Спремив да правам фалафел, со сос од грчки јогурт и некаква зелена салата. Вода испив околу литро, ама денес имам и тренинг така што надежна сум дека ќе стигнам и до 2 литра
По пижами?!? Јас строго по гаќи се мерам, а некогаш и пиштол гола . Тежат пижамите, какви пижами, не доаѓа предвид . Мотото на групата . Ќе бидеме супер сите, само да не се откажуваме.
Така е правилно Јас само по гаќи се мерам. Да не е ладно и нив ќе ги слечам. Па уште кога сум свежо издепилирана Ручек 6 ќебапчиња, пола лепиња и малку помфрит. 2 коцки млечна чоколада (чудо, само толку ми се јадеше). Вечера корнфлекс со млеко. Денес добив. Наредна недела очекувам бар 500г помалку
Јас за карање сум. Јес да колку толку пазев на јадењето, ама со вежби ич. Ништо не прифаќам како изговор пред себеси, само мојата мрзливост. Ова од вчера останало... Денес јазик до земја ми е откако извежбав. Не ми беа тешки тотал боди вежбите, колку што ми се тешки вежбите за стомак. И со ластици, и со тегови ќе вежбам и ќе трчам километри, ама стомачни, не можам, еве сега и 15 минути после завршување на стомачните вежби, мене ми се гади, повраќа и глава ме боли. Се трудам да не ги вклучувам вратните мускули, пазам на тоа, дишењето го контролирам, ама тешко е. @AngelOfArh иста мака имаме, слаба точка стомакот. Јас може и дијастаза имам уште, којзнае. Понеделникот не ручав риба, само салата на брзинка изедов и си легнав. Менито од вчера ми беше тост од тортиља со хумус, спанаќ и моцарела. Ужинка ред црна чоколада со кафе и кардамом, ручекот ми беше зелка манџа со месо, без запршка и масло. Вечера марула со јајце, илити мимоза без други додатоци. Со малку сол, маслиново и лажиче балсамико. Денес за појадок имав чиа пудинг со бадемово млеко, со какао, путер од кикирики, лажиче мед и смрзнати цреши и аронија. Ужинка не стигнав, за ручек риба и зелка салата, после кафе. Извежбав, па сега да сецкам зеленчуци (цвекло, морков, зелка) како meal prep за да јадам повеќе салата (да немам изговори).
Правило ми е да не се мерам после бањање, дека мокра косата па да не тежи Исклучиво после туширање, без никакви вишок аксесоари
Ми даваш надеж. Spoiler Си купив еден убав градник за мотивација плус, ама само со Ц корпи имаше. Јас иначе сум меѓу Ц и Д, ама се надевам накај Ц да лизнам, за да ми биде точен градникот. Не дека сега не ми е, ама пошо балконет модел е и плус пуш ап, кога ќе го облечам, ко на балкон да се излезени девојкиве
Ќе лизнат и градите. Јас имам исти модели од Лисца, само различни броеви и баш заприметив дека иако корпите се Д, на тој прслук со обем 75, корпата е малку помала.
Верувам. Иначе овој ми е од Њујоркер, во последно време ептен ми се погодени. И модел и форми. А за ич пари. Од Лисца ми се многу крути.
И јас ко Ана секогаш меѓу Ц и Д сум. Ама упорно Ц купувам као ќе ги ослабнам и нив...А ха...Додуша со годиниве можам да ги стиснам и во Б