Ден незнам мислмадма 18 Д: протеинско барче У: киви Р: мелено месо со печурки У: домашни чоколаца (кокос,банана и црно чоколадо)
Се мерев... Минус 200 gr од последното мерење, вкупно минус 600 gr za 14дена, ова не е добро.... Моментална килажа 52.8, ама во циклус сум па се надевам дека сум плус од тоа... исто се надевам дека формирам мускулна маса зашто три пати неделно вежбам по еден час Но, не се откажувам!!! Идемо даље... Денешно мени. Д. Овесни снегулки со јогурт,брусница,банана Р. Макарони од леќа со сирење и кечап В. Варено јајце со марула и рукола
Жабја,жабја, ама накај прасечка иде Само нека се топи оти, трпението при крај ми беше - ќе ја сечев)) Ќе видам за леб. Ќе исчитам да видам. И мафините кога ги јадев од палента и гриз ми направија нешто слично следно сабајле. Можда гликозата...ќе пребарам по нет покасно.
Срам ми е да кажам Стигнав до 3кг по рака, значи 6 вкупно кога вежбам раце и грб. А кога правам стомачни и скватови по 8кг. Е сега со стомачни можам и потешко, ама немам соодветни тегови, па нареден месец ми е во план да купам до 30кг оние што може да се комбинираат. Пилатесот е одличен за тонирање Штом ти станат полесни вежбите, вметни и ластици, ќе се сториш модел до лето
Е ајде добро утро. На сестра ми и е роденден, па вечераме заедно вечер, затоа денес скромно (а богами и вечер) Појадок - Кафе и јаболко Ручек - Салата (овошна или зеленчукова, зависи што ќе ми се јаде) Вечера - Ќе комбинирам некој протеин со салатиче, и чашка домашна ракија.
Јас се мерам и сликам секогаш во исто време и исто облечена/соблечена. Мерење по гаки и прслук сабајле во среда, сликање во сабота после вежбање исто сабајле пред туш. Стандард! За да направиш мускул ти треба да внесеш многу повеќе протеини од ова, да вежбаш минимум 5 дена неделно и да појачаш тежини. Утро! 20 чучњеви, 20 склека, 20 стомачни и 1мин пленк завршени. Денес нозе и бути на ред, 40тина мин. појадок-200мл кисело млеко баланс, проја парче колку 1/4 бурек, али не стандард проја туку протеинска, од овесно брашно, фета, печурки и праз, многу е повкусна од регулар пројата ручек-бурито со телешко, зелка, пченка и сос од грчки јогурт, сенф и доматна паста во интегрална тортиља вечера мислам дека ќе јадам само салата, нешто полајт оти денес многу ќе ми дојде јх Денес се слави, влегов во фармерки кои ги немам ниеднаш облечено а ги имам купено пред 5г рамно, прехепи!
Добро утро, добар ден денес ќе немам толку обврски па ќе бидам дома и ќе извежбам конечно два дена од Клои за да бидам регулар слободна во недела од вежбање, се надевам барем ќе успеам, ако не, еден ден не ми бега секако Ден 11: - сникерс овесна каша - пилешко, моркови печени и салата - детокс смути - а со ужинки малку ќе намалам, ќе видиме што ќе земам или нема да земам ич Вагава ми стагнира од вчера, опсесивно се мерам секој ден инаку
Да се придружам официјално на темата .Мислев 5кг треба да ослабнам оно станале 8 кг.Леле бе од каде.Аха од каде без благо не можам се тресам.Епа еве ми сега.Да вежбам не смеам минимум до август.Ама па може да припазувам на храна.Гледам пишувате што јадете имате ли некои специјални диети или сами си ги комбинирате? Јас почнувам без благо и количински помалку да јадам, навечер после 20ч да не вечерам , па ќе видам дали ќе намалам нешто.
Денес дури сега појадувам, ужас, на литро и пол вода сум од сабајле. Појадок овес со грчки јогурт, семиња, јаболко, цимет, морско оревче и пола лажиче мед. Ужинка, банана со путер од кикирики. Ручек леќа манџа со мешана салата, вечера не знам уште, ама мислам ќе бидат палачинки со урда и јајца, плус белки. Денес или вежби за нозе, или генералка низ дома. Ќе видам за што сум расположена, ама сакам викендов да сум слободна, па ќе чистам после работа најверојатно. Ако не заглавам, оф корс, а големи се шансите да се случи тоа...
@Ava.84 добредојде. Се се може кога се сака. Вчера место сарма ќебапчиња за ручек јадев. Немав избор не се прибравме дома и мораше надвор нешто да се јаде. Дајте тоа стапот да се удрам малку. Морам да се вратам на ептен строг режим. Денес доручек: Овесни снегулки, чиа семе, малку путер од кикирики и малку суво грозје. И секако смути предтходно. Ужинка: Мандарини Ручек: Сармата што не се изеде вчера Вечера: Млеко Се мислам дали и ова кортикоспрејов што го прскам во нос ми прави проблем со тежина. Ама немам избор морам уште барем една недела да го користам. На него не пишува дека има системско влијание, ама никогаш не се знае. Ах и не знам каде да најдам повеќе време за вежбање. Три дена неделно малку ми се гледаат, ама толку можам. Распоредот ми е кнап и вака.
Добредојде во клубот Како што гледам повеќето импровизираме, неколку само работат со нутриционист. Јас лично се заинатив да не јадам благо и леб, речиси никакви јаглехидрати не јадам во големи количини. Искомбинирај си диета со повеќе зеленчуци и салати, да не те фаќа глад. Гледам дека кај мене тоа највеќе ми фали за мојот бавен метаболизам 3 до 4 мали оброци на ден, наместо еден голем. Ама веќе неколку години се сторија како јадам еднаш во денот, ама обилно, и по неколку дена кога ќе прегладнам се фрлам на благо Леле сега се читам синоќа чоколадо сум јадела
Јас сум сигурна дека лекови не вилијаат на тежина а камоли спреј. Може на задржување вода, ама таа вода ќе се издренира еден ден и ајт, ама на зголемени маснотии илимити сало не. Ако се сомневаш на задржана течност, вода, испиј 2 чаши чај од магдонос и ајт на здравје. Мое мислење е дека млекото за вечера ти е грешка, особено што доручек имаш овошје или слаб доручек, инсулинот праи кармакаша и ти на ручек почнуваш да кризираш. Не смееш да почнеш да се тресеш за јадење во ниеден момент. Може грешам, не викам не, кортикостероидите влијаат на апетитот да, ама не и на дебелеење без да јадеш.