Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Епа ако не ти е јасно разјасни си. Ако е за тебе диета да доручкувам една маслинка, и да ручам резанка патлиџан за мене не е. И ај оди провери колку се калорични 150 грама прсти па дојди соли ми памет. Што е проблемот ... само да се осудувал некој... каква сакам диета таква ќе држам. И ако те занима да, ослабена сум. А ако те интересира што е здрав режим, оди во вита или било каде и види, па пак дојди и испонашај се на некој.

    И мене ми е смачено веќе од такви мислења. Човек да не смее да пише што и како јадел денес, како божем јас реков сакам да ослабам 20 кила за два дена.
     
    На kate21, Valerin, professoressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Angel4e , со 4-4е, прв пат ја отвараш темава, така?
    Може една молби4ка до тебе, овие очињата за превртување |( да ги исправиш нормално и да се воздржиш од вакви нападни коментари од височина од која птичка кака гомце.

    Како прво, девојката си кажа дека тоа и е единствениот оброк денеска.
    Како второ, некому му одговара повеќе месо, некому житарки, некому млечни производи, секој организам е различен.
    И како трето - тука сме за поддршка и совет, а не за осудување, превртување очиња и зајадлив, троа потскриен, а така добро присутен - сарказам.

    А ти воопшто имаш проблем со тежината, или онака од досада дојде да си поровариш на темава и да не просветлиш?
     
    На kate21, Valerin, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    немав лоша намера само сакав да кажам иако и е единствен оброк денес е многу нездрав,ако и одговара повеќе месо наместо пилешки прсти можеше да нарача пилешки стек и + го прават на скара што е доста поздраво и понекалорично за разлика од пилешките прсти тие се многу нездрави и имаат многу масти.И да имав проблем со тежината и со голем труд фала му на бога го решив и според тоа искуство кажувам.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ Па кажи фино, човечки, како си го решила, што јадеше, кажи совет, мислење, а не ко малите дечиња - тананананана, јас си знам како, вие не знаете ништо и врти гз.

    Ајде сега, фино и од почеток, како се реши од вишокот кг, сподели некој совет.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Избришав еден мал дел од мојот пост. И јас малку претерав, не сум баш океј вечерва и не ни бев свесна што напишав, ама признавам во болна точка ме допре, и ужасно ме издемотивира.

    Се разбравме со Ангелчето по лп. Ми се извини и еве и фала и вака јавно. И јас сум човек. А тие смајлињата често можат многу погрешно да се разберат. Можеби и јас не требаше толку нервозно да изреагирам. Ама не можам веќе, јадеше денес макарони ауууу злодело, касна за ручек ПОЛА кришка леб, леле леле леле џабе диета толку време гризна леб. Јадеше сладолед овошен од 60 калории, лелееее. Уште да ме врзат во црна вреќа и да ме клоцаат е*ате. Ко да не сме ние луѓе туку најголеми криминалци. Не можам верувајте ми, ви кажувам од дното на моето срце со најголемата искреност. Зарем мора секој сегде да се меша ...

    Нема врска, ок. Јас знаев дека се прстите ептен малку калорични, а не знаев дека се нездрави си мислев месо се, ниско калорично а на мојата крв месо и одговара ... За друг пат ќе знам. А го гледав и стекот и немаше обичен туку со сланина или со кашкавал. Па од две зла, прстите ми изгледаа како помало зло и повеќе ги сакам. А тоа и ми е едини оброк денес.

    И това би било това. Се извинувам и јас за мојот испад. Пак ќе кажам, не ми е некој сјаен период. Не сум инаку јас таква како темпирана бомба.
     
  6. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Отпрвин навистина беше многу тешко јас како што си бев навикната секој ден пржено,тостеви ова она и наеднаш да промениш се видов криза ама се навикнав,го отфрлив лебот целосно,пржено никако,е сега јас не јадам скоро воопшто благо и немав проблем со отфрлањето на благото но тие што се љубители на благото малце потешко со него,исто така чипс а посебно од компир никако,смоки јадев но пример еднаш во неделата стоби флипс или оние СМОКИ што се викаат.Имам видено во повеќето диети дека млечните производи не се препорачуваат но млеко мора да се конзумира поради калциумот или јогурт.Сега во летниов период е најдобрата прилика за намалување на килограмите има поголем избор на овошје и зеленчук за разлика од зимскиот период.Тоа една недела само да го конзумираш сигурно 1до 2 килограми ќе сибнеш и со физичка активност секако барем 3 пати неделно Зумба.аеробик,трчање што било важно да бидеш во движење.И имам една диета која е доста ефикасна ако е некој заинтересиран можам да му ја дадам во лп.
     
  7. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас оваа недела така повеќе си јадев. ОД нејадење и толку вежбање почнав да губам сила и неможев да одам веќе а не да вежбам по 2 саати :( и моите дома почнаа да ми се дерат. Многу ме зафркна и ова ПМС-от и цела недела сум како папсана :worried: добро е што сите ми велат дека сум ослабела и дека ми се приметува. Богами штом успеав да ги облечам фармерките од пред 2 години а пред 2 недели не ми одеа повеќе од колкови значи стварно сум ослабела :D . Денес ме изнервираа 2 гуски ми се идеше да ги тепам незнам колку :@ ме прашуваа дали имало ефект вежбањето викам има како нема штом јас ослабев значи стварно има а тие ееј како не воопшто не ти се познава дека си ослабела. Цел град ми вика дека сум ослабела само тие 2 нашле паметни да ми се прават ама и на некој начин излезе добро што се изнервирав денес растурив во теретаната :D
     
    На gaga.rocks и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Луѓе како не сваќате за 7 дена пијајте само сок од лимон наве4ер и насабајле цеден без шејќер.Поручувајте овошје ручајте туна или варена виршла без леб и салата а вечерајте некој млечен производ меѓу оброците имајте простор од 4 до 5 часа и за 7 дена ќе ослабите 3 4 килограми а можи и 5 6 доколку вежбате.Јас така прам
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Денес изедов два танира палента, а требаше еден. Аман со овој ПМС навистина ме пукна веќе...
    И утре грашок па летна манџа (а како не) |(
    Грашокот ок но летната манџа органски неможам да ја замислам, како ниту турлитавата :| И онака пред обивање сум па ќе џапнам еден тост, не е голема штета (цела недела го сонувам ејјј) :fubar: Па човек сум и јас мајкаму стара, зарем не?
    После два часа вежбање, вечер некоја овошка и крај.
    Здраво - нездраво, гладна сум. Жива ненајадена :doh: Мајка ми ми вика ти и еден ден во неделата да јадеш нешто калорично (но во умерени количини) нема да се здебелиш, и плус вежбаш. Од недела кинам по 1-2 кг максимум, епа оваа недела нека бидат само неколку грама I don't care. Човек сум и заслужувам мислам да јадам нешто нормално повремено.
     
    На Rock.Girl и teddybear им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.434
    И моето ќе испадне мешање во туѓа манџа, ама ај да си кажам.
    Јас кога ја држев диетата на Цвета место риба јадев од тие филетите со презла што се и ослабев најмногу до сега. Понекогаш јадев и пилешки прсти. Ај сеа де, ем недиетални, ем нездрави, ем слабеев. Финтата кај диетите не е само гладувањето, туку правилниот начин на исхрана и комбинирање. На организмот му се потребни и масти. Финтава е дека во се треба да си умерен. Јас кога јадам месо, метаболизмот ми се убрзува и слабеам, иако не сум 0 крвна група. Значи секој организам е различен.
    И никако не е грев ако си каснеш овошен сладолед од 60 калории. Па луѓе бе, шеќерот и те како е потребен во организмот. И јас сакам да ослабнам, не знаете на каков зор сум, не од убавина туку ради здравје, ама не можам бе да јадам само домати и краставици.
     
    На teddybear, gaga.rocks и Hopeful им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Ај не пишувај дезинформации ти се молам :) Неколкупати досега те забележувам пишуваш диети кои воопшто не држат вода. На крај краева секој метаболизам е различен, меѓутоа како тоа сметаш ти?
    Секој ден - 1 килограм ли?
    Прво практично е невозможно за 7 дена да се ослабе 3 килограми! Единствено тие што имаат ептен брз метаболизам и четири дена се на овошје, само така може. Во спротивно никако! Па со вежбање уште 5-6 , аха, да ќе биде уживај... :^)
    Јас сум речиси 2 полни месеца на здрав режим на исхрана (кој е најквалитетен)и 15 килограми симнав така да не пишувај дезинформации. Од искуство кажувам. Не бразилска, не аткинсова диета, што се немам пробано а имам брз метаболизам (т.е. сега го убрзав со вежбањево) па не скинав толку килограми. Ај тоа настрана да го оставиме, туку ова не е здраво толку да се симнува. И многу брзо се враќаат покрај другото.
    И незнам како слабееш 5 килограми за 7 дена?
    Или само колку нешто да се пише е работава? :)
     
  12. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Не бе вистина јас од мала пример имав 68 кила замисли а 4 одделение бев после се запишав на карате и тренеро од бонсај така ми рече е сега се слабеј вистина битно е соко од лимон да се пија вистина насабајле и навечер порадфи тоа што го олеснува варејнето на храната.Оброците се распоредени на 4 до 5 часа насабајле јадиш шејкери пример нечто благо или овочје за ручек месо пилечко или било какво или риба туна што било со зелена салата а вечера млечен производ пример можи таратур (јогурт и крастајца) Маки трпев јас зато кажувам.Не се врајча ова не е диета туку анжин на исхрана се можи да јадиш само кажано е како во кој дел од денот кога шејкери кога месо кога млечни производи.Тоа слабеејне беше поради тоа што морав за на такмичејне инаку вака сега како што пишав се слабеј 3 кила негде за 7 дена
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Па еве јас така се хранам, дури и поздраво + вежбам секој ден по еден час навечер или после ручек па не слабеам по 3 килограми од недела.
    Максимум два може.
    Не велам не, се зависи од метаболизмот но некако не ми е многу веродостојно бидејки имам големо исуство минато со диетиве и од сите бројни досегашни најздрава и најмногу ефект сум имала од оваа диета.
    Но којзнае, се е можно :)
     
  14. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Валери и јас одма на тренинг на сабајле на карате од 7 до 11 значи четири сати после во 18 одам на фитнес негде д ане те лажам 1 час можи некогаш и повеќе ама тука негде.Пробај со лимоно ќе видиш навистина помага.Ова и то препорака е од Тони тренерот има блог баш ќе го побарам ќе ставам линк.Сеа нењ е форумов да се лажиме или да се расправаме дали е така или не сепак сакав д апомогнам оти знам какви маки тргав не можев да одам шо се вика ко мала
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.433
    Валерин,не зимај при срце,никој не се труди да наметне.Ако нејзино мислење и искуство е тоа,тоа е тоа,нема дискусија,уверена е дека би помогнало некого.На крајот,сите сме различни и различни работи ни успеваат.
    И да можат за една недела и 5 кг да се симнат и да не се вратат,жив пример сум за тоа.
    Секој со своето,нема потреба од мрчење.
     
    На gaga.rocks и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас денес (поточно вчера, помина 12) си направив салата во ХХL чинија со секој можен зеленчук внатре. Домати, краставици, слатка пченка, марула, морков, рукола, кафен варен грав и целер плус внатре си додадов морски плодови. Со тоа си исцедов сок од портокал 100% природен и кога завршив уште јаболко и авокадо си каснав. Цел ден имам енергија, еве уште ми се нема ништо пријадено.

    Утре планирам кинеска храна, како му се имам намерачено на говедско во сос од остриги, уф!

    И кога јадам никогаш не порачувам едно исто на менито, секогаш ново јадење пробувам.

    Сакам и мексиканска храна многу, ама не претерувам. Екстремно луто не можам да јадам.
    Ама сепак мислам најмногу ми помогна мене чипсот што го откажав. Од тој чипс никако здрав режим не можев да фатам, сега се чувствувам многу подобро откако го откажав. Знам да си купам ама еднаш месечно.

    Ќе ве прашував да не знаете вежби за долниот дел од грбот, поточно над задникот тоа место. Тоа сакам да го зајакнам, за убаво одење е многу битен тој дел, сум слушнала и дека тие вежби се најтешки. Уште тој дел сакам да си го зацврстам па жени ако знаете некои вежби пишете.
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Секако дека нема расправње. Не ни имав таква намера.
    Само зборот ми беше дека навистина се трудам но нема толку висок резултат кај мене. Вообичаено е симнатите килограми брзо да се вратат ако не се придржуваш. Но ако се придржуваш до добар режим на исхрана тогаш ок, се е во ред.
    Исто така за лимунов...Го пијам секое утро со ленено масло, без шеќер.
    Ама ај ќе се обидам наутро со вежбиве. Од кога божем се наканувам да почнам наутро со вежбање но никогаш не успевам поради тоа што седам до доцна и потоа сакам рано да станам :tmi: епа нема :| Ma не цркви, камбани, зурли тапани, аларми ништо не ме оттргнува од скапоцениот сон бре! :D
    Инаку блазесити ако не ги враќаш, мада сум задоволна од својот досегашен резултат. И во обем сум доста падната не само во килограми, но 5 килограми од недела...never хепнд ту ме. И не ми изгледаше реално.
    Прости уште еднаш, не ми беше нејасно, и секако не ми беше намерата да испровоцирам некого.
    Тука сме пред се да споделиме мислења, човечки да се разбереме и да се забавуваме.
    Relax ;)
     
  18. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Мојот самопрограмиран распоред успева :)
    Иако вагата покажува 3.5 кг за 10тина дена, наслагите околу струкот се многу смалени и изгледам како да сум скинала повеќе килограми. :D
     
    На zhap4e, teddybear и gaga.rocks им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    За тој дел ќе правиш грбни склекови.
    Оние стандардни легната на стомак, нозете фиксирани и го поткреваш предниот дел од телото со раце на тил.
    Во истата позиција, но главата легната на земја и поткревај ги двете нозе стегни го задникот.. овие се добри и за задникот меѓу другото.
    Па ќе ги обединиш овие двеве, едновремено кревај нозе и преден дел од телото.
    Па кревај спротивна нога и рака исто така легната на грб.
    А, по овие претај ко да си во вода со двете нозе и рацете со најголема брзина што можеш дур не папсаш :D
    Искомбинирај ги сите овие вежби и направи еднаков број серии колку што ќе можеш, и зголемувај потоа стигни до кај по 20 од секоја, па потоа дуплирај.

    Друга вежба ти е расчекори ги нозете, стапала нанадвор, раце кренати над глава (поголем ефект има за да го оддржуваш грбот исправени затегнат, но можеш и на половина да ги ставиш или да ги испружиш напред во висина на рамениците) и така спуштај се качувај се. Грбот исправен задникот натежнувај го надолу колку можеш повеќе, а баш тој дел што сакаш да го оформиш долниот, дел од грбот одржувај го во форма на „С“ :D демек задникот напрчен за да направиш вдлабнатина во половината кога се спушташ и креваш.
    И другото е така раскрачена боксувај.
    Ова е добро за цел тој дел и половината.


    вежбиве се од мих аеробик инаку :$
     
    На Sparks и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    .. на стомак :$ ваљда сте разбрале :D :rofl: :rofl: :wasntme: