Да прашам дали може да пијам Велнес вода?Гледам 18 калории на 100 гр.Бааѓи некако? Значи навистина ич не можам обична вода посебно вака на гладно. И тоа ми е најголем проблем за метаболизмов и задржување на течностиве.
Не си јадела, хакнат ти беше профилот. Јас денес за прв оброк 100 грама мешано суво овошје и јаткасти плодови. Втор оброк планирам грашок со мелено месо. Вагата ја имав вчера заборавено во ходник, сабајле на поминување пак се качив, уште помалку покажува од вчера Во пижами се мерам, ладно е за скроз гола. Битно секогаш во исто време и на исто место.
Сега отворив, има и доста јх, јес да е фруктоза ама сепак... Не би пиела место вода, вода е вода. Додавај си лимон или други овошки смрзнати или свежи.
Ако се лажеме, да. 100 грама чоколадо Од 10ти јануари беше отворено, т.е. 200 грама беше, ама пола ми остана. Само мојата вага покажува плус бреее. Ужасно ми е бавен метаболизам. Да не беа апчињата за констипација, ни 5те кила немаше да ги симнам. Да ме преболи раката и ќе почнам да вежбам
@mareane убаво ти вика @AngelOfArh стави си овошки. Мене со парчиња портокал ми е ептен вкусна! Некогаш со лимон и ѓумбир, ако сум за поостар вкус . @JoyJoy и јас ставам кортико, не е од тоа . Сум си слабеела и со кортико кога сум била озбилна. И не гледам ништо лошо во ќебапчиња, напротив, ми даде идеја за утре за ручек . А бе ладно, ама -300 грама ако се мерам без пижами, не се за фрлање .
Хелоу. Вчера јадев за појадок тонус со крем сир лут, ручек салати ( туна, патлиџан и зелка со тонус) вечера јок. Денеска појадок леб и путер и две јајца. Ќе ручам месо печено без леб и салата, ќе пробам пак да не вечерам. Ќе си купам вага следен месец.
Пробај 2 литра вода со 2 лимона, исечени на парчиња, ѓумбир 2, 3 см свеж, 3 зрна ким и малку цимет. Ова од вечер во бокал. Оваа спремна вода ја пиеш во текот на цел ден..пробај како има да ти го размрда метаболизмот ехе...или ако ти е тешка обичната чешмовача земи флаширана..
Ај не си барај изговори , ќе те преболи раката , не ја мрдај вежбај задник и нозе... п.с. тонов во поракава што ја пишав ми е како за стап до мене да држам..се шалам знаеш...
Јас имам мака со раката, не можам да ги правам убави вежбите и ме нервира. А морам да вежбам да не сум инвалид упм. Ама ај денеска ќе трчам малце на лента
Абе со мене само сериозно, иначе 200 изговори ќе најдам Ветувам вечер после работа ќе вежбам, макар 10 минути А дури сум на работа, ќе прошетам неколку пати, барем до 7000 чекори да стигнам денес, сега сум на 2700 Се мислам што за ручек, изгледа лосос со салатка ќе е Ама уште не сум гладна, сабајле 3 јајца и сланинка си каснав, мхм, мхм
Смеам да пешачам и пешачам, ама зимово слабо.Инаку од претходна операција добив кила на левата страна над резот од операција.Јас вежбав стомачни имав симнато бесплатна апликација ама престанав кога ми потврдија .Во март имам термин кај матичната па ќе прашам дали смеам да трчам,обожавам да трчам се спремав со патики со се.Инаку операција ми предложи хирург, ама јас ја одлагам прво бебето да ми преоди да не го шлепам до 4ти и плус ќе дојдат во август свекорци да ги чуваат па тогаш чак ќе одам .Ако претходно не ми се искомплицира де. Фала ви женски добро ве најдов .Се надевам сите ќе не снема од овде за 2-3 месеци.Прв пат држам диета во животот не ни знам дали ќе бидам дисциплинирана. Имате ли користено од овие апликациите за броење калории?Како сте задоволни?Сестра ми цел живот брои ама од кутура. Нема пр.мусака или сарма па си пишува месо,компир ,ориз од кутура грамажа.Ама имаше ефект.
Девојки по колку калории трошите дневно, по колку чекори правите? Јас до сега не сум мерала ама добив смарт часовник и сега само тоа пратам
@JoyJoy и јас сум за ќебапи. Еве и да не си 100% сигурна за состав, нека е и мешано со соја, пак е протеин, нешто што реално е најтешко да се внесе во мени. Башка и вкусно, што е битно за моралот во диета Ете откако те утешив, сега јас да кажам дека јадев ребро за ручек Ама искрено мене месо најмногу ми одговара за внесување протеин, така што среќна сум со одлуката : )) Д: две тонус лепчиња со тенок слој ајвар, мали парченца фета и две јајца на око со течна жолчка. Кафе Р: Ребро на скара и рендана мешана салата Кафе В: Печени филети ослич и зелена салата со маслинки и млад кромид. Ужини не планирам, денес баш ми се јаки сите оброци и искрено воопшто не чувствувам глад, ама сепак јадам затоа што вака-така гледам да не сум без 3 оброци. Може да се тера и некој тренинг за нозе од 20 минути.
Јас денес конечно го извадив точакот. Е сега, до работа и назад едвај 20 минути имам . Ама и тоа е подобро од ништо . П: чиа со путер од кикирики и банана (не е нормално колку ми е убаво ова) Р: 2 мандарини и јаболко В: леќа, цвекло, семки од тиква.
И јас сум за ручек ќебапи. Штета што утре е петок - со моите ќе ручам, а дома, петок ни е ден за грав. Посен. Иначе и ќофте,ќебап со тоа би. Многу би. друг ден. И фалафелот си го ставив на список, и наут генерално и сникерс овесна каша, мада поим немам каква е Денес...сабајлето, ради сладњукавиот вкус, овошје не можев ни да гледам, ни да помирисам. Парче козјо сирење си земав и кисело млеко. Патлиџани су скупе)))) Ручек печени копани, маааалку ориз и цвекло од тегла. Цел ден ми беше фул иначе и јатки ќе мезнев. Сега... затварам кујна. Сабајле на Здраво Македонијо збореа за intermittent fasting. Спенџарска рече дека х години била на тој режим. И ја би. Со години. Ќе земам ама лентички денес - утре за мерење шеќер.... и тоа. Сеа собирам сила за Клои.
Д кафе,портокал...непелени несолени бадеми (ги купив и по пат ги јадев за да издржам до ручек) Р :2 интегрални тортиљи со тенок слој од кајмак и внатаре остатоци од фриз. В ќе правам напори за ептен нешто ситно оти убаво се најадов. Ќе ставам од вечер вода со некое овошје внатре и ќе пијам со сила... И белким вечерва ќе се натерам да повежбам. Чекори 6000 денеска
Да ви се придружам и јас девојки Според бми имам нормална тежина, кон горна граница, но според мене имам за симнување 6-7кг, зошто не ми се допаѓа бројката на вагата, а ни тоа што го гледам во огледало. Сите почнуваат од понеделник, јас и @Ava.84 од четврток, па нека ни е со лесно. Д: кафе, кива и банана Р: туна салата В: интегрални макарони со домашен кечап Ужина имав уште едно кафе и оризова плочка (rice bar), испиени повеќе од 2 литри вода. Од страна на физичка активност - 35 минути на статичен, извртени 15км на среден отпор. Од утре одење пеш и на работа (некои си 2км), и како за прв ден мислам е сосема доволно. Утре одам да купам и дигитална вага, па ќе видиме што ќе покаже во среда.
Ајмо @malerozna ОЗБИЛНО!!! Шо е ова опуштање!! Еве на пример јас вчера на мерење едно, а денес дури и не ми се веруваше... Уште 800 гр во минус.... Штом 500 броев прошлата недела.. Овие - 800 гр ќе ги славам Е сеа уште и јас да сум ОЗБИЛНА за вежбање, ако ве карам вас ... Ама па да не станам многу секси... Проблем на овие години ќе е
Доручек 1 парче 'ржан леб со путер, шунка, кашкавал и маслинки. Ручек тост Вечера корнфлекс со млеко. Ужина портокал и киви. Морам да почнам да си носам ручек на работа. Не ми е за калориите во тостот, колку што ми фали готвена храна. Се надевам од наредна недела ќе можам подобро да се организирам.