Здраво девојки Сакам да ве прашам како почнавте со слабеењето, како издржувавте на почетокот? Јас имам доста за симнување и мислам дека е редно време да почнам, килограмите ми се накачени од бременост и цело време варирам тука некаде, ама никако да почнам, ќе издржам ден, два, после тоа ќе се залажам само една апка од оваа, една од оваа и пак ќе почнам. Поготово многу јадам благо. Кажете ми ги вашите искуства за почетоците, можеби ќе мо помогнете и јас да почнам
Според мене равенката за речиси се' е: есенцијалност + конзистентност + трпение = посакувани резултати. Во превод: прво ќе си решиш што е есенцијално за тебе и ќе го ставиш тоа за приоритет, а се' останато ќе исфрлиш или барем ќе ставиш на пауза - во твојов случај штом сакаш да симнеш килограми, ќе баталиш залажувања околу исхраната, ќе се фокусираш на квалитетни оброци и калориски дефицит; потоа ќе бидеш конзистентна во работење на остварување на целта - во твојов случај штом сакаш да симнеш килограми конзистентно, односно редовно ќе тераш квалитетна исхрана и ќе додадеш физичка активност; и за крај многу важно, ќе бидеш трпелива - нема да очекуваш да си ја оствариш целта за неколку недели, па јас би рекла дури и за неколку месеци, туку ќе си тераш без брзање и предвремено разочарување, ќе си дадеш време. Според мене голема грешка е што ги броите деновите, па и неделите. Едноставно поголемиот дел од времето имајте редовни квалитетни оброци, не претерувајте и секогаш имајте некаква физичка активност, и гарантирам дека за пола година или една година, ќе имате многу големи резултати. @Lalalupsi и кога ми паѓа мотивацијата, овака си зборувам сама на себе:
Јас мислам дека мора психички да си спремна пред да почнеш, барем кај мене беше така мора карактер да покажеш, мора да се моривираш, доколку издржиш првата недела после тоа како песна ќе ти оди. Исто и јас бев навлечена на благо ама еве се можело и без тоа цели 40 дена сега се каам што не почнав порано
@zhap4e баш ми е мило што ти прија кетозата, т.е. она што следи после неа. Никогаш подобро не сум се осеќала кога бев на кето. Можам да кажам дека и телото комплетно ми се смени. Порано кога бев со оваа килажа носев поголем конфекциски број, сега истата килажа после кето, јас сум во помал број облечена. И по прслукот исто приметувам. Денес доручек овесна каша со банана. Ужина портокал и оризова галета. Ручек стек, компир манџа (јас ставам и малку ориз и грашок ко во градинка) со павлака и зелка салата. Еден ред тути фрути чоколада. Вечера поим немам, ќе видиме според расположение. За чекори колку е оптимално, да не лутаме, еве една табела според возраст.
Јас сум многу умна ама вагата ич не ме сака :/ е гола не сум (и) се качила До вечер ќе поминам 10к. Плус 5к се од Водно
Бошке, гола, боса, и накит ако имаш вади. Не вие ми се сликате по плишани тренерки, со телефонот во џеб, прстени, обетки и ланци, и после не мрда вагата. Е не мрда
Речено - сторено, земав вага денес, успат и цедалка, па сега да ја испробам цедам цитруси, попрактично зошто ме мрзи да лупам. Д: исто ко и вчера, најверојатно така ќе биде и секој ден, како доручекот во УН диета - кива, банана, кафе Р: модри патлиџани со моцарела и песто В: овошна или зеленчукова салата Ужина сабајле оризова плочка, сега неколку цедени портокали, со турско кафе. Ќе гледам да вечерам пред 8, па потоа вежбање.
Ајде да дадам отчет, менито го испочитував, немав ни ужинки. И само што завршив два дена од Клои, 67минути вежбање, морав да надокнадам што не вежбав вчера Ќе пијам детокс смути и ќе си легнам, очекувам утре на вага барем 85.9
Дали ви се има случено главоболка да имате во тек на диета и вежбање? И не е којзнае колку строга диетата, ама ова со главоболката ме загрижува. Кај слепоочницата
Појадок тонус со намаз од сирење. Ручек третина пица не многу калорична, пиво и капучино со шлаг, ама на дејт бев. Вечера нема. Може една банана. Ужина едно мало чоколатце од колешка. На мене се гледа како да слабеам, може се занесувам. Изодени 6000 чекори, плус вежби за рамо
Еве сега уште повеќе ме збрка.Почнав да си мислам Клои Кардишијан вежби правите и исто ко брат ти си помислив баш неа ли ја најдовте.Сега велиш не била она, ај кажите што е тоа сега. Мене ми се случи неколку пати вртоглавица, штом почнам да вежбам после 2 недели ми се јавува.Разговарав со матичната и ми рече дека е од крвотокот морам да пијам повеќе течности.После советот не сум вежбала.Најдобро да се посоветуваш со доктор. Леле колку работи ќе научам овде има нутриционист да станам и маж ми да го ослабам, покрај мене. Денешно мени: Д: 4 американски палачинки со карамел сос (малку) за да не ми се суви. Ставив прстофат шеќер и наместо 1,5 чаши брашно ,пола овес.Нареден пат ќе пробам без брашно. Кафе У: Една јагода Р: Грав со салата и леб. У: Непечени бадеми една рака.
Добро почнав со чиа, банана инпутер со кикирики и после… Сладолед, палачинки и гиро. Точак малку повртев.
Д кафе ,1 рака непечени бадеми. Р риба (ама пржена) и малку компир варен. Кафе, 1 шери бонбонче В: малу пршута онака за мезе колку да се осолам... Да се приберат по соби па ќе ја вежбам Клои и јас да видам до каде ќе издржам.
Дека скапи или голема беше јагодата? Ќе ве карам сите за вакви работи Јадете нормално, значи нормално. Ни премногу, ни премалку. Јас вежбав, па вечерав протеински пудинг. Ама да не е @Ariel сама, ќе ја дружам со малку тортиља чипс ако заспијат посовреме децата
Повели https://chloeting.com/ @Ava.84 Вежбаме по нејзините програми, барем јас, бесплатни и се, со распоред, со префрлање на yt Ама ти спомна не смееш, напорни и се малку искрено
Не бе па ти.Сакав овошна да јадам само што почнав јагодите да ги чистам бебево ме пукна-болно е и ја апнав јагодата,а салатата ја заборавив.После термин имав и дојде ручек. Не јас да вежбам вас да ве проверам.Фала на разјаснувањето.
Денес некако повеќе овошје внесов од вообичаено, ме утепа прв ден циклус, стомаков цел ден ми тежи и енергија на нула. Д: овесна каша со овошје и се друго што ми се фати Кафе У: протеин бар со малина Р: зелена салата и печено пиле У: мешано вишни, аронија и банана со малку путер од кикирики В: мезев од пилето со една чаша црвено вино
Денес пак се мерев,добро е,цело кило минус за 18 дена Денешно мени,ден 19 Д.палачинка од овес и банана со путер од кикирики и шумско овошје Р. Вариво од кисела зелка и свинско месо В. Некој намаз на интегрален леб ќе биде или буковка со праз