Ден 13: Ајде добро утро вагата ме сакаше сабајлево, 85.8 ќе заменам ден од менито бидејќи брат ми напна да пробам од стекот што го правел, а мене утре ми е на мени тој ручек, така да денеска вака ќе е; - доручек; детокс палачинки - ручек; пилешко (треба да е со тортилја ама немам и ќе ја промашам, може ќе земам лебче тонус кришка), павлака и салата - детокс смути за Клои не ветувам ништо, ама се надевам ќе ги извежбам пак два дена, сакам утре да сум слободна @zhap4e и кога бев најслаба после породување, 77кг летово што мина, делот од стомакот кај раната си стоеше од царскиот... ако има некој успешна приказна како го снемало, нека ни сподели. Не ми смета толку ама убаво би било кога би го немало
Д: јајце со кисело м У: кива Р: кај свекрва ми ќе бидам па што ќе има тоа У: домашно барче да се дојдат зошто никој не ги јаде по дома едино јас
Нарцис (тагнувањето ме зеза) ми се свиѓа кетозата и те како ми се свиѓа. Лицево дури ми е променето. Почисто, порите затворени... енергијата ко да ми расте од ден во ден. Вчера два пати едно по друго го извежбав видеото со Клои и тоа со убрзано темпо па и брзо трчање у место на крај. Гаќите дури ми се широки во половината и стомакот. Да не зборам за фармерките. А у килажа не е толку многу во минус. Има време..не брзам. Се надевам ќе продолжи. Белким ќе успеам да ја одржам кетозава и ќе си го средам телово и не само за сега него и за понатака. Можам вака да јадам - ограничени и калории и јаглехидрати и време на јадење Ми треба промена, не само во изгледот него и ради здравјето. Последно нормално изгледав во 2018та. Утрово се осеќам најадено и немам апетит нит за овошје нит за било што, па и кафе. Сркнав многу малку ради реда. Ручек не знам што ќе јадам. Вежби... веќе се подразбира - Клои 2х истото видео или утрово или вечер. Вечер можда ќе е. Изгледа сепак ќе вежбам секој ден освен кога нема да можам ради обврски. Ама кога не можам... имам чувство телото ми трча и ми плаче за вежбање.
@MissChievous и @lejlla Ви благодарам за искуствата што ги споделите, ќе почнам секако, само да ми мине ковидов. Таман ќе имам време и да се спремам психички и да си направам план за јадењето. Туку, се водите по некои посебни диети или само ви е исфрлено од исхрана се онаа што е нездраво?
Ме фаќа срам, не од тоа што јадам, туку од тоа што не вежбам. Се си викам од вечерва, ама после работа сум капут машина, деновиве особено. Најискрено, немав време ни да се измерам ко човек. Важно, почнав пообилен ручек да јадам и тоа ми годи, не ми се јаде вечер. Вчера изедов тон салата, а и денес ми е тоа на мени. Ајде валда вечерва ќе се решам да повежбам малку До среда ми е 6 недели на диета а јас само 6 кила ќе успеам да симнам... кај ми се 22 до април
не се форсирај. Почни од многу малку па постепено зголемувај. Јас почнав од чучњеви - по 20 и ништо друго. Па правев по 100 на крај. Правев и по неколку пати. Па седечки стомачни... Сето за да си створам навика за вежбање оти ем ме мрзеше ем истоштена бев ем никаква мотивација имав.
Абе не е дека не можам, мрза сум си. Без проблем можам и 20 чучњеви и 50 стомачни да направам, ама некој треба да стане и да почне да вежба Ајде од понеделник
Значи вчера денов како на крај го зафркнав. место кисели млеко земав семки да грицкам и чаша пиво испив...ај тоа па и не беше толку страшно...ама јадеа дома сладолед абе на се ќе одолеам ама на сладолед не бе...колку 1 топка беше количината ама пукнав цела вечер од грижа на совест.. Одиме понатаму, памет у глава и најозбилно што може .. Д палента со кисело млеко Р парче свинска шницла со салата В незнам..
@zhap4e да, и лицето ми беше стакло. Со кето се таргетираат баш мастите и мислам дека кога ќе се стопат, после полесно е одржување дури и со храна со јх. Ти не си класично кето, повеќе си на low carb, ама и таа е одлична. А за енергијата, тек допрва ќе осеќаш @malerozna мали залаци, стеб бај степ. Затоа викам подобро помала физичка активност, отколку никаква. Дај си помала задача, полесно ќе ја завршиш. Исто ко што ти пиша Жабата. @andrejko82 И, се здебели 2 кг од една топка сладолед? Не. Ај седи мирна, да не те фатам со стапот на Малерозна Немојте да сте престроги со себе
Денес овошен ден Првиот пат го издржав машки , ќе видиме денес. За почеток овошна салата па потоа на 2 до 3 часа по едно овошје. Денес сум на гости и ми е дополнителен предизвик. Ќе мора и зеленчукова салата да вметнам денес, да не се навредат домаќините ако не земам ништо Секако строго не се држам на оваа диета,ми служи само како план како да си оформам поздрав режим на исхрана, има отскоци ама и те како има резултати. Кафе, чај,вода со лимон и суво и јаткасто овошје ми се секојдневна ужина Најбитното нешто ми е што благото го исфрлив скоро скроз... еднаш неделно јадам и не ми фали ич, а зависна бев Е има една маана - Мерењето насабајле ми стана опсесија
Ве читам некое време и решив д апишам и јас. Веќе 19дена сум на УН диета се мерам после секој овошен ден. Првите 2 имаше поголема разлика на вагата вторите по едвај 200-300 гр. Мн споро ми оди , не вежбам моментално ама сакам да почнам. Дали поради тоа што имам малку за слабеење или морам да почнам и да вежбам незнам ама севкупно сакам да ослабам околу 7-8кг досега ослабев 3.5 одприлика.
41ви ден хроно , 41 ден без благо, без грицки, без глупости мислам дека можам уште многу време вака да издржам, се навикнав и скрос ми е ОК П: макарони дозволени во хроно, доматен сос, малку сиренце Р: ми остана од вчера една пастрмка па да не се фрла си ја апнав денес + карфиолче печено во рерна и салата со краставица и домат В: се надевам дека нема да ја прескокнам, веќе неколку денови неможам да стасам за да вечерам и си легнувам гладна, па пијам вода и цела ноќ одам во wc
Јас во средата не се мерев туку во четвртокот и сум уште некои 400 грама во минус. Вкупно нецели 2 кила. Од денес воведувам плус уште една/две чаши вода и задолжително со ручек барем еден тањир салата оти скоро ич не јадам зеленчук и вода едвај 2 чаши од 300 мл ако испијам. Засега не можам да вежбам, тоа ќе го воведам за некоја недела.
Јас до 18h со три кафиња, три чаши цедено овошје, два литри вода, па едно време почнав да осеќам ко да ми трнат рацете, каснав две крембананки, тоа ми беше при рака. Сега ориз со печурки и многу салата, ова ручек - вечера ми дојде, и најверојатно тоа ќе биде се за денес. Да извежбам сега набрзина, да немам грижа на совест вечерва ако покрај вода, пијам и нешто друго.
Денес пропаднат ден. Ама ќе пишам. Многу калории преку месо алкохол сирење, на скара па и пола лепиња . Дури и 1 еклер изедов. Се тоа во 3 саати. Сега само вода ќе локам.И кафе... Да спадне јадењево вечер и јас Клои х2 ќе ја вежбам
Морам да најдам конкретна диета и да се придржувам по неа, вака самоволно ништо не правам. Вчера читав за кето диета би ја почнала ама месо не јадам нешто многу и со ќеф. Денес еден куп глупости изедов и плус ќе вечерам.Утре исто ќе ми биде ден за грев правење.Ај од понеделник здравје.
Не сум многу запознаена со диетиве оти не сум имала причина да ги применам ама ќе ја разгледам и УН мислам дека е комплицирана оти има само овошни денови, само протеински и тоа ми е ептен режим . Сакам се да си јадам ама да не се дебелеам.Мислам ова редукција на калории ќе го пробам. Ти што правиш тука на темава оди уживај си во јадењето имаш со што да се правдаш.
Д: интегрален леб, авокадо, домат и варено јајце У: цеден портокал и колаче Р: интегрални шпагети со печурки, брокула и лук В: не вечерав Деновиве глава не можев да кренам од работа, ама сепак се држев до здрави оброци и избегнував да јадам глупости. Вчера извежбав со последните сили, а денес ќе скокнам ептен сум утепана. Само да се натерам редовно да пијам поголема количина вода. Се надевам вагата нема да ме утепа во среда. Не се мерам секој ден, мислам дека нема да ми влијае позитивно.