Прво саглам јадење ми е сега во 4 и пол. Дотогаш кафе ,овошје расолница вода. Сега пита со расол и салата од расол.Се е во знак на расол уште вечера да најдам со расол.. Инаку расол е кисела зелка ако некој не знае Пешачење 7500 чекори со брзо темпо... Од утре ептен озбилна ќе бидам.
Овој мојот не дава мезе од кашкавал и пршут, само џанк фуд, а јас тоа не го јадам. Вчера пиев едно благо вино , немав алкохол пиено 2 години . Убаво ми дојде, уште да не морав 200 пати по бебето за думкање да станам ќе си уживав како двентиџерка. Читав за УН диета примамливаа ми се виде.Ама не ми е јасно тој воден ден како ќе издржам без храна? А и само на овошје до ручек?Треба да пробам.
Не мораш да ги држиш водените. Јас последно кога ја држев, успеав воден ден, ама од денешен аспект, мислам дека е непотребен.
Мислиш воден @zhap4e А да пробаш со стегач за колена да вежбаш? Без разлика дали ги користиш или не колената, носи си стегач. Јас имам добар од Али, ако сакаш да ти пратам линк од селерот.
Добар ден. Два дена скијање биднаа. Петок вечер беше најлош за храна. Имаше вино и мезе и јатки (калориски бомби на кои јас не одолевам ако се пред мене). Вчера доручек 3 пржени лепчиња. Ручек сарма и неколку наполитанки. Вечера две мандарини. Денес доручек две лепчиња, јајце, мортадела, ајвар и сирење. Ручек турли тава. Вечера не знам. Битно супер на душичкава. Може и нешто од резултати ќе се види особено по денешниов ден и најтешката стаза во регионов извозена по длабок снег. @Ava.84 пробај со апликација за мерење калории (Samsung си имаат нивна на телефоните инсталирано на пример или Myfitnesspal). Диети што ептен ограничуваат се тешки за држење и често имаат јојо ефект.
На УН трите водени ги терав и супер ми беше. Од еднаш после тоа симнував и вишок течности исфрлав. Се заситив од УН. Ќе се тера како ме учи умот. Ќе ве дружам од утре активно, иако веќе некое време припазувам. Денес исто е безопасно. Појадок палента од интегрално пченкарно со фета, ручек печени моркови и цекло со плескавички од мисиркино мелено и зелена салата, вечера ќе се јаде само салата и фета ако не е прекасно.
Еве сум и јас, да поднесам извештај. Овие 3 дена ми се фати секој ден по еден оброк да ми е или надвор од дома или takeaway, па гледам со другиот оброк во денот да балансирам. Таргет за дневен внес ми се 1350 калории ама обично сум околу 1000, вака кога ќе затерам со нарачки одам до лимитот. Што е супер, пошто кога не обрнував внимание на тоа јадев многу повеќе, сигурно по 2000-2500 калории дневно, а не трошев ич. Мени за последниве 3 дена: Петок - прв оброк: 80 грама микс од јаткасти и суво овошје; втор оброк: индиска храна (пилешко во сос со путер и наан) - прилично обилен оброк Сабота - прв оброк: кроасан со крем од ванила и бадеми + капучино; втор оброк: гиро и мал помфрит; ужина измеѓу двата оброка: чоко бисквит Прв ден надвор од изолација, околу 8000 чекори, што е повеќе од вкупниот број чекори од последните 2 недели. Денес - прв оброк: кроасан со шунка и кашкавал; втор најверојатно ќе биде салата со туна и тестенини. 5000 чекори досега, ќе стигнам до кај 6000 до крајот на денот. Од утре се враќам на работа, значи полесно ќе ми е да си го организирам денот. На пауза (околу 12:30) јадам овошје (мандарини или круши најчесто) и вториот оброк ми е кога ќе се вратам дома околу 18:00-18:30, после него не внесувам калории до пладне следниот ден. Плус со одење на работа, автоматски стигам до 4000 чекори дневно, па полесно ми е да дополнам до 6000, колку што моментално ми е таргетот. Да створам навика за пешачење, па полека планирам да воведам и вежби. За почеток дома, значи мора без скокање, да не мислат комшиите дека има земјотрес. Совет за тие што држите УН: немојте да се мерите секој ден. Да, фино е на почетокот кога секои 2-3 дена е килце во минус, ама после некое време е неминовна стагнација и многу ќе ве демотивира. Идеално е после секој воден ден, ама ако сте толку нестрпливи, после секој втор овошен ден, значи на секои 8 дена е сосема доволно. Јас се мислев да ја почнам пак, во 2 наврати последниве 10 години имам изгубено по 15+ кила со неа, ама имам чувство дека организмот веќе нема да ми делува исто на неа, затоа засега ќе продолжам само со броење калории додека не изберам друга диета што ќе ми одговара. А делува и ова, досега сум 3кг во минус за десетина дена, значи на добар пат сум да си ја остварам целта до летоска. Одам сега да чистам кујна, па да пуштам правосмукалка, да дополнам чекорите.
Мислам.... Мислам.... @Lilit и мене некако ми се збогтисува од УН... Се мислам ај уште 1-2 тури да истерам... Па да идам на калориски дефицит. А и планирам да постам велигденски пости... Ќе се размислам поубо
Денес Д овес со јаболка У варено јајце Р пастрмајлија В 1 час вежбање плус 35 мин клои да ја согорам пастрмајлијата зашто по сладоледот обжва ми дојде многу... Ама немав друг избор во кафана... Нема врска тоа е... Од утре со нови сили
https://www.aliexpress.com/item/32809891394.html Ќе измериш обем под и над колено и според тоа барај број.
Е и јас на почеток по 20 мин умирав, сега можам многу повеќе, ама самото тело веќе си знае колку може... Полека, полека ќе биде...
Денес ми е витамински ден , ама нешто едвај издржувам. Многу ми се јаде свашта само измислувам што утре за протеинскиот ден хаха . До денес супер бев на психички план во врска со диетата,. Сега мн тешко ми паѓа. се надевам од утре ќе ми помине хаха .
Денес почнав со режим на исхрана, целта ми е - 40 кг 1 салата (полна тава) со марула и кромидче Кратко вежбање
Извежбав околу половина час и баш убаво ми дојде. Се трудам да се држам до исхраната од програмот, ама не ми оди. Во текот на неделата јас постојано сум во движење до 17 часот и плус треба да вежбам вечерта и ова се премалку калории според мене. Почнав да имам сериозни вртоглавици и заради тоа си го комбинирам менито од програмот со моите желби и потреби. Д: тост од интегрален леб со моцарела, домат и мисиркино У: цеден портокал и цитрон Р: врап со зелена салата, домат, печено пилешко и грчки јогурт, тортиљата беше интегрална У: баклава со вишни В: после таква ужинка не ми се вечераше
Боље јади ги портокалот и цитроните, со цедење ем нутритивно ништо не добиваш ем не те заситува сокчето. И додај протеин повеќе во исхраната.
Порано земав Б витамини за вртоглавици, ама многу ме тераат на јадење. Го земам свежо цеден од маркет понекогаш кога ќе ме фати ептен желба за сок. Инаку се сложувам дека е подобро цело овошје да се касне.