Најдов нешто интересно за споредба мрѓу различни типови диети, односно диети со малку јаглехидрати (под 40% од дневна енергија) и оние со повеќе (45% до 65%). На подолг рок скоро и да нема разлика (разликата по две години е 1 кило). Најбитно е според текстот балансираност и калориски дефицит. Може да ви биде корисно https://www.sciencealert.com/is-a-l...-weight-loss-a-new-review-brings-the-evidence.
42 ден хроно П: две пржени јајца со пола домар и три парчиња пршита + пола краставичка + тостиран тонус Р: бела вешалуца на скара + салата домат, краставица и кромид В: зелка салата и мн малку стек
Нова недела, тамам за малку промени или враќање во нормала Вчера протестно го изедов реброто што протестно нејќев да го јадам. Го изедов по 16 саат, не оти бев гладна. Протест изгледа ми беа и пореметените оброци овие денови. Мада, со број на калории се држам во дефицит и не јадам грицки, чипсови и други глупости.. сепак, друго си е бар еден нормален оброк да имам и да си уживам и во него и во сабајлечкиот ритуал со кафе и јаболко или какво год овошје дур скролам и планирам. Па и некоја јатка чат-пат. Денес... ќе си сркнам кафе, изедам две мандарини за ручек, ако најдам кисела зелка ќе правам растурена сарма, ако не нешто друго, ќе видиме. Сабајлечки само стомачни правев. Видеана на Клои покасно ќе бидат, сепак. И то. А, да. Многу сум хепи со тоа како се истенчува половинава, стомакот особено. Цело сало таму и ми е сконцентрирано. Чекам и сиските да почне да ги снемува за да не ги сечам, на крај. Ајде на труд сега.
Да се приклучам и јас во темава, ако ме примате секако. Две години сум на некој мој измислен режим и од 68 кила дојдов на 55 ама сега покрај коронава вратив 2 кила (ама многу јадев) и многу ми смета тоа, па сега на малку построг режим сум деновиве за да ги намалам и тие 2 кила. Две години за доручек јадев само корн флекс и јогурт, искрено ми се згади веќе од корнфлексот. Од вежбање само вртам орбитрек по 45 минути навечер и ништо друго. Калории никогаш не сум броела, ама исфрлив скроз благо, грицки, бел леб и газирано. За денес менито Д - чиа пудинг со банана, какао и малку путер од кикирики (дома спремено) У - 2 портокали Р - Намаз од леќа со 2 варени јајца и маслинки на една кришка црн леб (ручекот ми е на работа околу 14 часот) В - Варено пилешко месо и салата ( вечерава ми е откако ке дојдам дома после работа значи не покасно од 18 часот).
Д овесни снегулки со портокал и јаболко У јајце варено и портокал Р гравче тавче В незнам, нешто ситно Вежбање денес со Ванче!!!
Утро! Да се исповедам оти така помали се шансите за грешка. 20ките и пленкот ги смачкав сабајлечки и зедов да се облечам, опа, пантолоните се широки, чек другите, и тие се широки, ај третиве изгледаат покултурно, друго се не е употребливо.Ми текна на едно костимче што го имам од сестра ми број 38, да го пробам, пасент, едвај чекам да се исуши да го носам на работа, чекам да ослабам за него скоро 6 години. Вечер тотал боди на мени, ќе внесам и еден тренинг од Кајла Итсинес, ако не ја пратите на Инста запратете ја, има многу јаки тренинзи. појадок-кајгана со спанаќ, овес, наут, урда и маслинки ужинка-си ставив цела тегла со суво, јатки и темна чоколада во капки, па ќе си зимам по 1 шака за ужинка оваа недела, што се фати тоа ручек-карабатаче едно обескостено и без кожа, издинстано со 1 компирче и пола коцка за супа и зелка салата вечера-немам никаква идеа, најверојатно ќе биде некоја импровизација или ќе мора веќе да отворам програмата да се потсетам што се јадело, вечерите ми се најмачни Иначе дефинитивно кога сум на работа јадам подобро, си имам ред, дома стандард се касни со јадење, се јаде од храната за домашниве и ми смета тоа, во понеделник стандард сум со подуен стомак. Ама ќе се средам, ќе почнам да припремам од сабајле за да не се изгладнувам. Кај мене функционира само војнички режим, на 4ч, под саат се. Убав ден!
Добро утро вагата не ме сакаше утрово, не знам зошто ама ќе лета в канта вчера сабајлето бев 85.2кг а сабајлево ми покажува 85.7кг, што не е можно, сигурна сум дека бев во калориски дефицит вчера, а и доста истрошев, вечерта нозете ми гореа, не застанав цел ден си испочитував се од мени, ама и апнав црно чоколадо мало бидејќи само со доручекот, ручекот и детокс смутито ми излегуваа некаде 800тина калории, што е и премалку, не се осеќав гладна ама осетив потреба за благичко Ден 15; доручек: овошно смути ручек: плескавички од тиквица (или само урдата со јајце) детокс смути ии ќе се вежба Клои, 30тина минути е за денеска
Не кажувам унапред што ќе јадам оти сто планови сменив во умов.Еднаш реков ќе одам на медицинската ,посче ќе терам витамински денеска море воден треба и тоа не на вода туку на чај од магдонос. Многу сум подуена и имам вишок не мањак викендов... Засега само кафе и чај...
Ден 21 Д. Овес со јогурт и брусница Р. Парче интегрален леб,две варени јајца,малку сирење и ајвар В. Мала туна со марула
Добар ден, Ај да си пишам и јас. Доручек: Палачинки од леќа со малку павлака и малку паштета медитерана и малку кашкавал Ужина: Кафе и не знам дали нешто плус зашто во моментов не ми се јаде Ручек: Варено ќофте Вечера: Веројатно млеко ама ќе видам што ќе испадне на крај Денес само одење ќе биде активност. Секако Вторник, Четврток и Недела ми се денови за вежбање.
Денес се мерев немам мрднато 1 недела Д банана Р пилешки копани во air fryer приготвени со брокула и авокадо намачкано на едно лепче Вечера исто само на пола
Не знам на каква диета или програма си, и колку калории внесуваш, односно во колкав дефицит си? Ај баш ме интересира ако знаеш пиши ми. Како и да е, штом се чувствуваш вака, под итно покачи го калорискиот внес за 200-300 калории дневно. На каква програма си? Има разлика калориски дефицит кај активни и кај неактивни луѓе, па уште и вежбаш. Toa e the last resort. Витамините и се останато е додаток во исхраната, а не замена за исхрана. Впрочем на самите пакувања го пишува тоа. Се надевам советот ти е да пие моментално за да и се подобри моменталната состојба дур да излезе од проблемот, а не да срка витамини за да може да го поднесе недоволниот внес на енергија за нормално функционирање на телото.
Одвај чекам среда за мерење, веќе ги осеќам фармерките покомотни Викендот ме плашеше, ама го истерав по планот. Денес сабајле кафе со две овошки, потоа имав бранч омлет со печурки со парче црн леб, вечера ќе биде всушност доцен ручек - печени компири со салата. Во меѓувреме ужинка оризова плочка и неколку суви сливи, испиени два литри вода. После работа пешачење, а вечер ме чека вртење на орбитрек, а можеби ќе пробам да скокам со јаже
Јас ич не се замарам за 500 г плус. Мислам, тоа се или вишок течности, или измет да ми простите. Толку масти секако не може да се наталожат за еден ден. Резултатите се гледаат по облеката. Доручек 1 парче 'ржан леб со путер, кашкавал, сушен свински врат и маслинки. Ужина интегрални колачиња со јаболко, 1 јаболко и 1 киви. Ручек ориз тава со шампињони и свински ребра. Вечера некоја житарка. А и десерт ќе лапнам, само не знам што. Се држам до она 80 здрава : 20 нездрава храна. Засега има ефект кај мене.
На половина пат од втора рестрикција хроно па може да се каже и на половина пат од посакуваната тежина П: едно варено јајце, тостиран тонус, ајвар и маслинки Р: стек и салата зелка, морков, цвекло и четвртина авокадо, авокадото салативе ми ги прави превкусни В: ако стигнам ќе вечерам белка и салата зелка Јас девојки секогаш ден однапред ги планирам оброциве, бидејќи сум со мали деца многу е тешко да се постигне се. Затоа гледам на секој можен начин да си олеснам, така на пример синоќа исецкав салата зелка, морков и цвекло за неколку денови, ја ставив во склопче и во фрижидер. Исто и кога правам стек, пржам повеќе за да имам и по два-три дена да јадам. Сакам само да кажам дека секој може се да постигне доколку сака, се останато е изговор, како што јас наогав изговори дека сум со мали деца и немам време и неможам да бидам на режим, но еве сум имала ајде малку мотивација за сите оние што сакаат да започнат а наоѓаат милион изговори
Здраво друштво Викендов не стигнав да пишам, дома не бев прибрана. Саботата цел ден на скијање, ама успеав да се организирам со оброци. Си направив 3 тостови од тонус, доматно пире, печурки, моцарела, сланина. Ужина еден протеински бар, ручек седнавме на јадење па изедов една вешалица со салата. Вечерта дома кога дојдов толку бев уморна што само какао си направив и изедов една рака апетисани. Вчера славев за едно новороденче, генерално бев по план, ама испив малку повеќе вино и нормално изедов и една мекица Доручекот беше овесна каша со се нешто, ручекот таљатели со спанаќ, јајца и пармезан, вечерата ми беше салата од рендана трупка, морков, цвекло и околу 50 гр микс потпечени семки. Денес си продолжувам по старо : )) Д: 2 лепчиња тонус од хељда со едно мало пасирано авокадо и фета Кафе Р: Голема зелена салата со наут, јајца и микс потпечени семки Кафе В: Најверојатно ќе биде туна со многу лимон и кромид, а може и една рендана трупка Планирам и еден убав тренинг да ме раздрма, ќе го пишам после во фитнес мотивации. Со вода одлично ми иде, веќе неколку дена по ред стигнувам до 2 литра, што за мене е неверојатен успех.
Појадок, интехрални домашни бг крекери со хумусз краставица и домат. Ручек пастрмка и варена брокула и карфиол со салата. Вечера не знам. Ми се јаде ми се плаче...
Инаку се сложувам и за организирање оброци и за муабетот со вртоглавиците. Во никој случај витамински суплементи не треба да се користат за таа намена, туку треба да се прилагоди менито и интензитетот на вежбање ако се вежба. За организирање оброци мене многу ми помага да имам испазарено однапред за да не се мислам што би јадела и да посегнувам по глупости. Исто така - гледам и да не пазарам глупости, зашто далеку од очи, далеку од срце важи тука Многу ми е од помош кога имам дома изрендано поголема количина салата или измиени зелени салати. Некогаш купувам и готови миени салати од Кам ама знам дека тоа не е баш евтина опција кога станува збор за поголемо домаќинство. Исто доста често печам пиле, а некогаш и 2 одеднаш, па имам спремни опции за ручек, вечера. Кога готвам мелено месо, го правам како болоњезе, дел оставам за со тестенини, другото го мешам со две пакетчиња замрзната боранија и го потпекувам во голема тава. Скоро секогаш имам при рака голема конзерва грашок, или црвена леќа, нешто што буквално се готви за пола саат од нога. Често правам и некој намаз дома (хумус) па ми се наоѓа за било кој оброк...тегличе спремно со потпечени семки, што многу добро одат со салати, варам повеќе јајца одеднаш, замрзнувам тонус.... итн.
@NarCis@ ако ти се верува немам ништо облека по која можам да мерам од кога останав трудна (а тоа беше пред точно 3 години ), само на хеланки и тренерки сум, работам од дома, и немам апсолутно ништо купено за себе од тогаш освен гаќи и венчаница што си сошив за свадба ако сум излегувала, а многу ретко сум излегувала (пандемија, дете ова она), било по фустан или два пара фармерки што многу се шират и ми се точни и со 90кг... а додека да стигнам до старите алишта да мерам пред да останам трудна, има многу, тоа се 68-70кг Верувам дека обемот е намален на толку пазење и вежбање, ама ме нервира вагата
Јас имам проблем. Почнав да качувам. Не можам никако да се натерам да се придржувам. Секоја година сум на темава исто време, од јануари до април, да ги симнам +5 кг од минатиот период. Ама тие не ми се од празниците како сите што мислат, туку од периодот септември-декември, кога имам многу повеќе нервози на работа и неконтролирано јадам благо и на работа, и дома после работа. Е, сега, имам нов директор и на нервозите како да им нема крај. Еве, штотуку несвесно набутав цела банана што ми беше на биро со план да ја јадам утре. И уште сум на работа, а крај не гледам. Ако сега е вака, како ли ќе биде кон крајот на годината? Да сумирам, треба да си го решам проблемот на јадење поради справување со стресот, и тоа сега, повеќе од кога и да е. Ама стварно не знам како.