Ако човек што никогаш не вежбал денес направи 3х15 чучњеви и ништо друго, утре ќе осеќа болка у мускули. И не е дека направил нешто лошо туку за неактивен мускул таа активност е нова и го заморува мускулот. Исто и ако активен човек вежба со поголема тежина. Не е добро по секој тренинг да си воспален, ама кога се враќаш по пауза, накачуваш тежина или додаваш нешто ново, воспалението е нормално и да не речам пожелно. Што значи одвреме навреме е сосема океј да осеќаш болка после вежбање (воспаление што го викаат) што е знак дека си му дал нешто ново на мускулот, нова шанса да расте откако се прилагодил на претходното темпо на вежбање. Па ако не го "шокираш" мускулот со нешто ново и потешко, нема да расте. Мускулите растат кога се одмараат и пробуваат да се обноват после шокот просто кажано. Едит Млечната киселина создава моментална нелагодност, не долготрајна. Повреди при вежбање се најчесто од лоша форма, незагревање, то ест од механички issues, помалку од метаболички.
Времето се расипа и ништо од пешачењето. А дома не можам да се натерам никако да извежбам асолно. Доручек- турско кафе, мала банана и еден мусли бар од виталиа. Ручек- 5 помали сарми, парче црн леб, макало со лук. Претерав со сармите ама јбг, вкусни ми се. Плус манав една чашка винце со еден лист кашкавал и малку сиренце, мезев. Вечера ќе биди само јогурт, не заслужвам поќе.
Не знам која диета ти е оваа, ама е се освен диета. Од доручек до вечер. Само ручекот ти е ок, иако со мезела и си изела 5 сарми. Прво доручекот ти е само јх, ништо друго, протеин аш. Вечера јогурт, зошто? Скроб се полни купените јогурти. Подобро свари си 2 јајца и 1 парче кравји кашкавал отколку чаша јогурт. Туку да одморам и ќе земам да направам есен планк челинџ од фб групата што сме на режим кај Ана
Вчера... Доручек- шоља нескафе со млеко, после еден саат омлет од две јајца во интегрална тортиља, 50г сирење, лажица ајвар и малку свежа рукола. Ужина за на работа- сирови бомбици од овесни, ленено, путер кикирики и парченца црно чоколадо. Ручек- грашок манџа со јајце на око, салата од марула и кромид. Вечера немаше. Вчерашниов ден ќе го рачунам за прв ден (од строгото придржување). Се качив на вага чисто да видам од каде почнувам, почетна 70ка, па идеално би било 4-5 кила минус но вагата не ме оптеретува толку, важно ми е тоа што го гледам во огледало... Заклучок: имам за вежбање А ко за прв ден не извежбав, не се најде време бидејќи имав попладнето гости. За компензација легнав рано без вечера, а не бев гладна, па до другото утро ми се фатија повеќе од 14 саати без храна. Денес... Доручек- нескафе со млеко па после 2 часа овесна каша која содржи: овесни снегулки, чиа и ленено семе, бадемово млеко, путер од кикирики, банана, рака замрзнати малини и боровници. Ужина- 20-тина бадеми и уште толку сушена брусница. Ручек- врап од интегрална тортиља со варено пилешко, грчки јогурт, марула, рукола, краставица, кромид и сенф. Што да биде за вечера? Се мислам за протеински шејк после вежбање. И јас сум од тие што сакаат добронамерна критика Мнооогу добри идеи! Ќе ги употребам сите до една!
Денешно мени: П: тестенини по хроно со доматен сос и моцарела Р: полнета пиперка и салата зелка, морков, цвекло В: краставичка и мало парче стек Се надевам утре нема да ме разочара вагата
Не држам диета само гледам да намалам од исхраната. А јадам се’, немам исклучено ништо. За доручекот, години уназад ми е ваков. Обично јадам само овошје и толку. Не ми иди да земам да си варам јајца или да приготвувам било какво јадење, апетит 0. А за јајцата варени за вечера е ептен уба идеја, баш и мислев да вметнам две варени јајца, иако ги јадам само белките. Па може плус и една чаша јогурт, чисто колку да ме држи сита.
Во ред, малку си ја проширил темата на спортисти и физички активни луѓе. Се согласувам дека нијансите во чувството на воспаление после вежбање тешко се доловуваат затоа што се субјективни и разни фактори се во игра. Мојот цитат беше за кристин и сакав да и' посочам постепено да прогресира во тренинзите. Според напишаното, ми изгледаше ко да се исфорсирала. Често го гледам ова, луѓе што почнуваат со вежбање (буквално почетници, без никаква спортска позадина) - инспирирани добиваат наплив на енегрија, почнуваат ударно и над своето ниво, не се загреваат, не оставаат време за регенерирање на мусклулите и ризикуваат повреди. Мислам дека до тука се согласуваме. Spoiler Кристин, ако ова не е случај кај тебе, се извинувам што те посочив. Фала за корекцијата. Еве, ја апдејтував застарената информација за млечната к-на. На кратко, актуелното објаснување е дека болката е последица на микротраума на мусклулните влакна и акумулирање на калциум во клетките, кој понатаму активира ензими што го разложуваат мусклулниот протеин, што доведува до воспалување и болка. Ќе ги проучам и научам процесите зашто ме интересира темава. Но, ова повторно не значи дека поголема болка во мускулите по вежбање е еквивалентна на подобар тренинг. И како тоа после вежбање може ништо да не се осеќа? Во старт нешто не е во ред. Ако има некоја посоодветна тема да продолжиме таму, ако сакаш. Да оставиме простор за првичната намена на темава. Девојки извинете за упад, а реков не ви се мешам овде. Се надминува и ова. Во мојот случај беа врснички (тогаш деца) што ме задевале за физичкиот изглед, но со многу интроспекција низ годините го оставив позади себе менталитетот на жртва. Поради тие епизоди од детството, учев и учам да бидам подобра верзија на себе. Сите сме под истово сонце.
Протеински 13/90 Појадок: два портокали кафе и чај Ручек: риба 250гр(писа) дечкото е рибар и ми фаќа, плус марула салата и тонус лепче. По ручекот чаша бистра супа. Вечера: исто писа 150 гр и марула Сакав да пешачам ама Охрид врнит не е баш за излегување, а од утре почнувам да вежбам
Како е денес? Денес појадок ист како вчерашниот. Ручек стек со печен компир и салата, вечера можеби потаж од црвена леќа и морков, ама ќе видиме. Вчера ништо не јадев за вечера, не бев гладна. Исфрлив глутен, јајца и млеко. Шеќери нормално да, но компирот ми бил важен. Бев вчера на доктор со се анализа на витамини и минерали, не е нутриционист, ама ми укажа на некои работи за неправедното оцнување на компирот и се израдував што барем компир е ок. Вит д критично ниско, пак.
Па ти плачеш за море, плажа и сонце... Не за диета.. за Д витаминот зборам. Денес витаминоза. Смути, јаболко, марула салата со краставица и некоја маслинка. Ќе мењавам режим за скоро. Не знам кога, ама ќе се трудам некој баланс во мојот стомачен космос да воведам
15 минути видеото еднаш - done. Мада имам сила за уште еднаш, ќе си ја штедам. После напорен ден, нема шо да се доотепувам. Туку, шо е работава со потењево од видеото. Вчера на второто се препотив, енергија имав за уште, али потење ко прасе. Сега на првово се препотив. Ко отповеќе енергија да трошам. Не знам како да го објаснам. Не ми е прв пат да го вежбам видеото. Напамет го знам и по два пати го терам одеднаш и олку потење немало. Капки имам по мене.
Кафиња 3 Корнфлекс со јогурт 200 мл смути, рака бадеми Плескавица,парче пивтија и обарена брокула . И скоро 1,5 литар вода од таа на Андрејко. 6300 чекори и вечер 15 ина мин .вежби на некое од видеава.Мислам кардио ќе биде оти ме болат стомачните (некаде длабоко под салото скриени може и да ги имам)
Колкав треба да биде внесот на калории кај физички неактивни луѓе, (работам канцелариска работа, работата ми е ептен блиску до дома, сега зимскиот период ретко се движам пешки, само по дома што сработувам ми е единствената физичка активност). Е сега прашањето ми е за да слабеам колку калории на ден треба да внесувам, да си намалам порциите од диетата
Пазете сеа, направив тоа челинџот и среде снимање синко ми упадна у кадар. Мислев не се слуша многу и снимив до крај. Ахам, ајде од ново. Втор обид и пак 2мин пленк, пак синко пред крај у кадар... е не преснимив. Значи 2 по 2мин пленк, загревање и 2 левела стомачни, истегнување и малку јога за болки во кичма. А зошто не внесеш бар некоја минимална физичка активност. Вака не знам што да ти одговорам, реално ваљда за да губиш само со регулација на исхрана треба да си испод 1200кал. Ама ете и другите нека кажат.
Зошто некој држи диета е негов проблем! Еве јас имам проблем со тироидата ми ја испитуваат сеуште не примам терапија може и затоа апетитот ми е зголемен. Исто и преддијабет имам ама немам терапија.Според БМИ сум нормална ама не си се бендисувам со волкав стомак и еве држам диета.Не мислам дека ми е на психичка база. Денес шетавме 30мин плус редовното одење до градинка,два пати и до 4 спрат два пати со бебе . Д: Една кришка црн леб со сир и моцарела. Кафе. У: Миндели и овошна салата( јагоди, малини,кива и боровинка). Р: Компир салата со лимон и кромид, брокула на путер,свинско месо и салата со лимон. В.мислев нема да вечерам, ама овој мојон купил радлер, сега го слушнав дека го отвара додека пишувам, а го молам веќе 2 недели.Сега ај не пиј.
Mi stopira kilazata od namaluvanje, ama odam uste pojako, ako se rasipa vremeto ke odam so dva pati po 10 min i vezbi za stomak. Inaku za dorucek, rucek i vecera - vareno proso so sirenje. Ekstra mi e, em mi e vkusno, em zasitva, em nema kalorii - probajte super e.
Денес денов го пројдов се како траба по режимот но некако не ми беше вкусно и не се најадив добро ниту за доручек, ни за ручек вечерата беше мала туна и кромид, имам КРИЗАА лелеее ми се лаее, гледам чиа пудинзи и лиги ми течат, не е воопшто лесно кога ќе фатат кризи
Моментално и мене за блакце не е лесно кога ги гледаш сите околу тебе како јадат. И менд моментално ми се јаде. Ама ај ќе пијам вода и ќе легнам имам рано предавање утре.
Јас прва денес ќе го кршам мразот, а? Уште минус 200г од минатата недела, ама пак ќе кажам, ништо не ми значат. Она што го гледам во огледало ми е поважно.
И јас -500гр само, почнав од четвртокот. Очекував барем килограм на толку пазење и физичка активност, но, во секој случај нема откажување.