Рано е следната среда е на ред БМИ , така кажавме, еднаш месечно- прва среда у месецот. имаш фора уште една недела да се напрајш авион ак не се напрајш...ќе имаш фора до следното мерење ...и јас...си зборам и за себе, нуму лично да си сфатиш
Добар деен денеска не се мерев, последен резултат беше 85.2кг, значи -4.8кг за две недели. Вчера не знам што не пројадов бидејќи ми се слоши премногу, почнаа прво светки и темница на двете очи па на левото око дојде да скроз изгубам вид. Скоро саат време само црно, не гледав, па и паничев да не останам така, устата ми трнеше од паника, де половина тост, благо, кока кола две три голтки и на крај во болница, диазепам и нифлам ме боцкаа, зошто тоа не знам, ама ниту извежбав нешто вчера а и не знам дали ќе вежбам и денеска. Сеуште не сум ок, видот се врати, ама глава боли. Не требало толку рано после короната да се почне со диета и вежбање, оке, ќе испаузирам со вежбање барем. Ќе се мерам следна средна со вас, таман и бми среда е тогаш. Денес на мени: - палента и јогурт - цезар салата - детокс смути за вежбање ќе видам, ама тешко после вчерашната случка
Фала ти..не сум до толку навежбана..ти тераш ептен hard core ама ај, ќе биде не с еоткажувам, убаво ми е, убаво се чуствувам..ама сакам една 69 да видам (на вага) ...
Јас имам очна мигрена со истите симптоми, почнува како мала светлина на едно место да гледам, па се шири и потоа ми заслепува едното око. И пропратено со главоболка. Најчесто после 1 час поминува. Можеби си преморена. Паузирај малку од вежбање ако ти е пренапорно или полајт малку терај деновиве.
Па неделата пауза имав, а понеделникот беше прелесно, не се осетив ни уморна искрено. Вчера цел ден ме болеше глава ама не мислев дека до тоа ќе дојде, прв пат ми се случува и многу испаничив. Ќе видам може и ќе продолжам со некое полајт вежбање ама ако осетам тегоба ќе си престанам
Еве и јас да си пишам резултати од мерење - 500 грама од минатата недела. Вкупно кило и пол од почеток до сега. Јас сум си задоволна. Само надолу да оди бројката. Се осеќам и некако послаба, односно работите почнуваат подобро да ми стојат. Следна недела може и обем да си мерам да видам таму што се случува. Денес доручек: Печен овес и кисело млеко и смути Ужинка: или јатки малку или едно јаболко Ручек: Не знам што ќе биде на роденден сме ама веројатно месо и салата Вечера: Чаша млеко @Vanilla15
Денешно мени, ден 23 Д. Амарант со лајт јогурт, брусница,банана У. мини парче тиква Р. Пилешки стек, карфиол,брокула, морков, печени В. Две варени јајца со нешто плус ќе биде... може малку зелена салата и пармезан
Денес на мени: Доручек- кафе, парче црн леб, малку ајвар и сирење. Ужина- пола банана Ручек- еден испечен колбас, салата туршија и може јогурт. Вечера -две варени јајца. Ми се измести доручекот денес пошто станав од 7 сабајле, па немаше шанси да издржам до ручекот само со овошје. Времето е океј денес, па ќе испешачам плус сигурно.
88.1кг денес, минус 1.3кг од прошла недела, вкупно 3.5кг за 2 недели. Денес кафе и две круши досега, после работа ќе одам на пастрмајлија (поздрав Малерозна). Среда и сабота ми се cheat days, си дозволувам да се опуштам. Дневно по 6000-8000 чекори моментално, планирам да покачам на 8000-10000 од следна недела. Може ќе почнам и некоја поконкретна диета. Може и не, засега функционира и ова.
Јас сум +0.5. Како македонско оро, два чекори напред, еден назад. Мада моево повеќе накај назад иде .
- 2.300 за 3 недели модификувана и со грешки УН. Јас сум задоволна поготово затоа што ич не се движам ниту вежбам. Ама за недела дена ќе почнам и тоа.
ти си тука за друштво да ни правиш и да не бодриш И така не ти треба слабеење, мислам дека. Само мотивација да јадеш и нешто друго освен колач, торта и сл.
Ете ќе се цитирам од синоќа, кризата помина со пиење вода, не каснав апсолутно ништо и секако утрово имаше мерење, -750гр од минатиот пат, значи вагата ме награди за дисциплината се на се презадоволна сум, веќе убаво се приметува дека има промени на мене, но има уште и нема откажување
Ми поминува времето за уредување. Ама сега ги пробав панталоните што ги купив лани за кога ќе ослабам. Се копчат ОК. Уште ми се малку теснички ама на добар пат сум.
Да дојдам и јас во ресторанот, ќе те познаам по јадењето на маса И јас сакам пастрамајлија во поштенско сандаче Денес планирам да си купам месо и да го зготвам, тоа да се јаде наредните два-три дена. За вечер иам лосос, ќе го јадев синоќа да не ме болеше глава па си каснав Нутела. Стапот кај е? Сега пијам кафе со шеќер И сеуште глава ме боли
Јас цел ден чекам да ме отсрамиш... Јас и ти баш сме само за морална подршка. Ама остај овие се се деца млади ,ќе видат кога ќе дојат при нас дали така лесно минус олку минус онолку ќе кажуваат.. Малку шала на наш рачун да не сконе некој со нутритивни формули и т.н.
Одма контра со потпрашања ќе удриме . А бе не е убаво, ама здравје. Хормоните ми здивеа нешто, нервози, главоболки… тоа е.