Д:2 тонус лепчиња премачкани со кајмак и маслинки У 1 портокал и рака бадеми Р и В :2 во 1: тостирана интегрална тортиља со лист сувомеснато и печурки и брокула со 1 лажица павлака.Незнам кој ме прелажа ама бљак комбинацијава.
Сабајлето кафе и јаболко Ужина кисела млеко и мих јатки Ручек домашна пилешка супа со јајце, печен копан, кисела зелка со црвен пипер и кришка леб. Ќе ја прескокнам Клои денеска.
ne bilo do jadenjeto - do jadenjeto e. Denes sum na edno malo cokolatce, vareno proso i varena tikva. I pak pocna da pagja kilazata. Keeping strong! Odam do mojata poranesna tezina i posle toa ke odam do teretana moram fit da se napravam.
Колку калории има отприлика во едно мало парче баклава? Не вечерав ништо бидејќи многу доцна ручав, ама пусти форез морав да каснам благо.
Влегов у старите фармерки, левел 1 поминат. Не дека не виси сало од сите страни, ама барем се закопчаа,последен пат не се ни допираат двата краја Одиме на следно ниво, други фармерки се на ред. Јадам малку, ама се, не јадам само бел леб, само на тонус сум. Целта се фармерките од Амстердам, ако ги облечам нив, кафана частам. Морам да пешачам малку повеќе, многу сум дома
Ќе вежбав денес, тикви варени. Ми дојдоа гости и доцна ми е сега, ќе извежбам утре пред да излезам, тоа е. Требаше штом дојдов одма да извежбам имав енергија, ама нозете некако уморни ги осеќам а треба да вежбам нозе и остаив. Нема врска, секако ми беше рест деј.
Менито вчерашно да си го запишам П: тостиран тонус, намз од авокдо, 2 варени јајца (ќерките ми ги изедоа белките ) и три парчиња пршут Р: динстано телешко и салата краставица, домат, кромид и мн малку од намазот што беше за доручек В: немаше Утрешни мени: П: просо, доматен сос и моцарела Р: стек и салата зелка, морков, цвекло, крствица В: ќе видам, зависи дали ќе ми се јаде
Во вчерашниот доручек ти фали протеин, имаш само масти од жолчката, во иднина баш неа избегавај ја а белката јади ја. Добро утро! 20ките станаа 25ки, пополека, извежбани со минутаипол пленк. Со оглед на тоа што вчера нозе и бути не извежбав, секако ми беше рест деј, денес после работа ќе мора одма да извежбам зошто ќе треба да се искача во 8. појадок-домашна гранола (сама си ја правам, без шеќер е, само со мед и путер од кикирки), 1 канче грчки на олимпус, 1 лажиче путер од кикирки, 1 лажиче мед и шака малини ужина-галети со путер од кикирики и јаболко ручек-салата со туна, јајце, пченка, наут и семки и јатки ужина-ќе внесам уште една ужина некоја јх, зошто нема да вечерам, ваљда ќе биде некој бар или пудинг протеински, ќе видиме вечера-џин тоник, јбг и такви денови ќе има
Ќе треба пак да почнам да јадам овес насабајле. Откако престанав и се затерав со малку јаглехидрати...запек имам и по тоа што читам и тие што строго кето тераат имаат проблем ради мал внес на влакна. Ќе видам дал има и каков keto-friendly овес има кај нас. Никад не сум се загледала, се исти си зимав. Интересното е што и на овој запек, тежината паѓа и никакво дуење на стомакот немам - ко што си знае да ми се деси, инаку. Друго, во денови кога јадам повеќе од обично јаглехидрати, ко оној ден, наредно сабајле тежината ми оди 700гр до кило плус, понаредно утро ама, си паѓа на килажата што сум ја имала или мн малку под што сум ја имала пред денот со повеќе јх. Потоа си оди надолу. Ова за тие што ќе затераат со сличен режим. Да не се чудат пошто, и јас се мерам секој ден и бројам калории и се друго за да знам што-како ми влијае ((ем OCD си е у прашање)... пошто па,не е само сега ,дур ослабам и се стегнам,него и после да не се борам со кила што ко луди се враќаат оти ќе јадам јаглехидрати,плус калории... Утрово, пола мало јаболко. Заситена ми е потребата за шеќер па, толку ми сака душата)) не е демек кратам на калории со јаболкото. Ручек планирам ќофтиња (ги мислам пар денови), печурки, таратор со кисело млеко и лук, свежа зелка. Да олабавам од киселата))) оти да се штедам за сарма, деновиве. Вака ќе ми се збогтиса од неа. Друго ќе видиме.
@zhap4e и јас имав запек, ама го средив со псилиум хаск. Тоа се исто влакна и дозволени се во кето. Имаш во Зегин Хелти фуд, или побарај во други продавници за здрава храна. Исто пробај со чајот Слим микс на Алкалоид, се пие шолја чај после секој оброк. Ако не бива, внеси овес тогаш. Секако ќе си тераш low carb. Не знам вчера дали пишав мени, ама ај за секој случај. Доручек пржени лепчиња со павлака, свински врат и маслинки. Ручек црвена леќа и зелка-морков салата. Вечера салата марула со јајце, пченка, морков. Денес доручек- Баунти овесна (првпат ја правам, превкусна е). Ручек Цезар салата. Ужина овошје ќе биде. Вечера некоја комбинација со интегрален леб.
До денес точно 1 месец како сум овде во темава..да сумирам: добро ми оди (можеше и подобро ама ај тоа е) , повеќе вежбам, повеќе вода пијам уште само малку да ги скратам оброците..мислам ќе бидам на следно мерење по ок.. За денес Д овес со 1 портокал У 2 киви и 1 јајце Р омлет со салата или пилиешко што остана од вчера В ќе видиме
За мене требаше мерење во четврток не среда.Утрово -400 од вчера.Мене викендите ме реметат.Не дека секој викенд сум во хотел со шведска маса Туку што правам куп јадење,гости со мезе кое пола јас ќе го изедам и то..
Добар ден. Вчера денот да го избришам сакам. Доручекот тргна ОК. Ама потоа хаос. Место месо се јадеше кинеско за ручек (дека нели роденден се славеше), па морав и еклер да јадам. И на крај Бејлис и малку чипс. Се надевам нема да биде многу голема казната на вага наредна недела. Денес доручек палачинки од леќа со малку хумус и малку кашкавал. Ужинка: Јаболко Ручек: планирано и договерено сарма без мрдање Вечера: Млеко
Палачинките од леќа од обичната или од црвената ги правите? Рецепт имаше некаде ќе го најдам белким Досега во живот немам купено ни готвено леќа.
Јас од црвена ги правам. Во принцип е леќа и вода. Киснеш шоља леќа преку ноќ, утредента ќе ја измиеш, па во блендер ќе ја изблендаш со една до 2 шољи вода. И од таа смеса печеш палачинки без масло на нелеплива тава. Јас бидејќи многу пати ги имам правено, во меѓувреме експериментирам и додавам работи, како на пример пола шоља овес, пола шоља јогурт или урда, томатино сос, разни зачини. Ама пробај прво најкласично само леќа и вода да видиш како иде.
Црвена. 100гр киснета леќа, не варена, 1 јајце, околу 100мл јогурт, зачини и блендираш. За пржење загреваш на висока тт а пржиш на средна тт.