Јас имам рецепт со една чаша црвена леќа искисната во две чаши вода преку вечер. Сабајле се фрла водата и се додава чаша млеко )можеш и јогурт ама потечен), едно јајце и малку прашок за пециво. Се печат на нелеплива тава. Јас ги правам како мали (амерички палачинки) и ми излегуваат околу 20 такви. Јадам по 4 или 5 на оброк. Остатокот во замрзнувач и по потреба одмрзнувам во микро.
Дојдов да ве дружам од денес вчера имав и бинџ епизода, и каша попара бев, два дена за никаде со јадење... ама од два дена, 10кг нема да качам сигурно аман за денес, ден 18: - сникерс овесна каша - парче свинско (треба пилешко ама ручек има направено) и салата - детокс смути после 2 дена не пиење Клои ќе почека уште некое време, до кога не знам искрено, повеќе време сигурно Понеделник завршувам 3 недели на оваа програма и започнувам нова, се надевам дека ќе немам епизоди со бинџ јадење на следнава, оти така никаде не одам и ништо не постигнувам... Поздрав девојкии
Ден24. Д. Проја со праз, ајвар и сирење У. печена тиква Р. јунешко мелено плус микс печен зеленчук и зелена салата В. пиво
Јас правам по рецепт на бубало Црвена леќа киснета од вечер, овесни снегулки 2 3 лажици, малку кромид, црн бибер и маслиново, блендирам и печам на сува тава
Па секако беа во план белките, ама ете напишав ќерките ми ги изедоа, ако треба за нив пак ќе јадам само жолчки деца мали, двегодишни, едвај чекам нешто да посакаат за јадење.
Какво е твоето детокс смути? Собирам идеи Овие леќа палачинки поише ми изгледат (по читање, во живо немам видено, нит пробано, нити направено) како тортиља, или тенка гиро пита, тако.... Онакво за врап ? Така некако ќе му дојде? И да додадам Вчера протеински јајца пржени во тортиља и салата - ОК Денес скроб- ориз печен, бела тава чиста... Планот беше друг за ручек ама инаку искочија работите. Ќе си го средев бар со златна мешавина.. Ама ок е, со куп микс салата витаминска.
Доручек- турско кафе, мала банана и пола парче баклава. Ручек- чинија спанаќ со ориз и мелено месо, парче црн леб, јогурт и пиперки туршија. Вечера- најверојатно само спанаќ без леб без ништо. Засега 5000 чекори направени и литро вода испиена. И вечер можда ќе попешачам, убаво е времето.
2х Клои исто видео завршено. Тараторот со кисело за утре. Зелка сала сменета со марула и краставица. Плус тањир од пилешката супа со јајце од вчера изедена. Да не се фрла као. Ко прасе најадена, ко прасе испотена.
И јас... Кај сите Турци таму и гол Асан ... Како тоа да не пробам од Клои . Ќутете бар се кандисав.. 10.минути повежбав. Како за старт доволно е. Е сеа и утре и задутре да терам....да не застанам и да си фатам ред во иднина. Не само денес . А Баш е фино и забавно. Не знам оти тооолку се кандисвав за оваа работа
Veke se custvuvam po lesno a vagata vika 1 kg pomalku. Ni Denes za dorucek kornfleks i jogurt, uzina banana, rucek proja od ovesno brasno i spanak so seminja, vecera bese spanak i oriz so salata od karfiol. Za utre spremiv ovesna kasa so cia i banana i kako, uzina ke bide edno parce kolac od oves, kokosovo brasno, orevi i kako i za rucek imam proja so spanak, a veceraat ne mi e smislena.
Вчера се мерев ама немав време да се пријавам - 1,4кг од минатата недела Значи вкупно до сега сум - 2,6кг Задоволна сум ептен со оглед на тоа што си терам исхрана што ми одговара, вкусна, лесна за спремање. Неделава ми почна со гужви на работа, немам којзнае колку разновидни оброци ама барем терам некаков ред со тоа што ми е најлесно да се организирам и да спакувам - овесни, тортиљи, купена готова скара и салати. Ми се јаде нешто убаво домашно зготвено ама по се изгледа ќе чекам викенд...
Кај може луѓе да доручкуваат овошје? Велам ајде УН диета.Пробав вчера си направив сама овошен јпгурт од берис и плус банана и овес.За 1ч квичев ко гладно куче. Овошјето ме разјадува и ми копа желудник ,па после седнав и јадев. У:Две мали лебчиња со зденка и кашкавал. Кафе Р: Леќа со салата и леб У:не се сеќавам веќе ни што вечерав. Денес: Д: Американски палачинки без шеќер со банана и овес Кафе. У: Кокошја супа (купечка) Р:Мусака со салата од зелка брокула и краставица со балсамико и лимон. У:Некој двопек со сусам В: 1јајце варено Јас сум минус ама не знам колку оти не пишав стартна килажа.Ах старост.
Д :овес со јогурт ,малку корнфлекс и чија. У: мало смути и 1 интегрално колаче уз кафе Р , В :голема чинија пилешка крем супа со печурки и салата од брокула. + неколку ливчиња пршута(од стрв) Уште водава да ја допијам... Купив леќа ќе закиснам утре ќе пробам од палачинките
9ти ден како внимавам што јадам, бројам калории, вежбам, пијам многу вода, немам проблем со глад и слично, но како нешто чудно да ми се случува во организмот, подуеност, тврда столица... Јас си увртив во глава дека имам проблем со тироидната, читајќи ја Нарциса дека вагата не мрда и ќе одам деновиве да испитам тоа. Ако е тоа да знам, може од тоа вака ми се натрупаа килограм по килограм минатата година, ако не да елиминирам и психички да олабавам и да вметнам повеќе физичка активност, па резултатите сами ќе дојдат. Денес доручек кафе и овошна салата, ужина ред црно чоколадо, ручек цезар салата и печени компири, вечера исто салата. Испиени околу 3 литри вода, извртени 15км на орбитрек и толку од рапортот за денес.
@Espadrila моето е од нутриционистката, содржи сок од 1 лимон, мала банана, прстофат ѓумбир и три брикетчиња смрзнат спанаќ, вода и во блендер. Мене наместо вечера ми доаѓа, погусто го правам, бидејќи доцна јадам преку ден, и еве дури сега го пијам смутиво.
Среда: доручек- печена лепиња со лук и кашкавал (од Стокомак), две парчиња царско месо, 4 маслинки. ужина- оризови галети со путер кикирики и кругчиња банана. ручек- салата од марула, рукола, младо кромидче, наут, шери патлиџан, кравјо сирење, дресинг од сенф и грчки јогурт. вечера- салата од марула, едно варено јајце и неколку мали коцки кашкавал. Четврток (денес): доручек- палачинки од овесно, банана и овесно млеко (со малку пециво), рака боровинки и малини, полиено со малце јаворов сируп. ужина- еден dm протеински бар. ручек- класична компир-манџа со парче интегрален леб и таратур. вечера- прва моја утка. Изедов пола останат кроасан 7 дејс од малата и тука се завршува денот. Вчера и завчера успеав да извежбам, за среќа не сум со воспалени мускули, малце раце ме болат ама тоа е тоа. Ваљда еден месец пауза не биле многу. Денес бев преморена, во 6 станувам и до 5 попладне не седнувам. Многу ми е мака кога ќе прочитам на профил кај македонскиве фитнес-тренери дека ако се сака секој може да одвои по пола саат во денот за да извежба, дека сме си наоѓале изговори. Се осеќам баш без врска и со грижа на совест зашто сум била уморна...Единстено се прашувам дали тие имаат друга работа во денот освен тренерството?
Вчера си земав лимон и зелен чај па, синоќа пред спање се напив тоа. Сабајле на гладно исто и одма резултати Ем и продолжува да кркори стомаков. Ќе продолжам ова да го пијам, али ќе видам и предлогот на Нарцис за влакна ем и ќе изгуглам да видам што нај ми фаќа око. Пошто имам растеретен распоред сабајлево.. ќе извежбам некое друго видео на Клои за сланинските/стомачните мускули. Ко ова пример Доволно шантаво и лесно, без каскадерски потези изгледа да ми стане интересно и редовно да почнам да го терам и него. Едит: Плус: Денес, полајт јадење ќе имам ваљда - low carb, low calories, low fat, no fruit, пошто, еднаш частовка со комплицирани масни ствари ко ќофтиња ми е доволно мене. Ако затерам и денес со таков оброк, кај и да е вагата ќе отиде нагоре место надолу. Ајде да повежбам, да имам време за туш и на труд.
Вчера вежбав иако не ми беше во план..добро е... Денес Д овес со јаболка У ржан лебче со хумус Р риба со зеленчук В ќе видиме...