Добро утроо ден 19; - чиа пудинг - риба со брокула и салата плус - детокс смути Некој совет дали да продолжам со вежбање? Испитав се, дури и mri на главата, ок сум освен на крвната слика железото ми е последна граница, ништо друго немам. Уште за доближување на притисоците да прашам матичен ми остана Предизвикот на Клои не ми беше веќе тежок баш пред случката со темнењето, да го продолжам или сепак нешто полесно нејзино да фатам?
Дур доев да ти кажам појке калории губев Сега јади реди и никако да почнам на режим Се мислам со ун да почнам најмногу ми делова таа
Да рапортирам набрзинка. Второто видео е доказ колку многу сум дебела. ЛЕЛЕ, ЛУЃЕ! Страшно тешко се крева грамадава од земја на раце. Само поголем поттик ми даде да се уозбилам и со вежбање и со режимот и да не се занесувам многу многу. До 5та минута кај што прави планк спуштајќи се и кревајќи се на раце стигнав. Три едвам ги направив. Тие па со седнати колена и да станеш кран треба да ме крене, еб%@$е. Јакото е ама што одма добив желба после тоа да си го извежбам она лесното 15 минути видевце шо си го терам пошто го можам нели 2х, чак и три можам да го правам. Ама нема шо егото да си го билдам. Тоа е шо е. Треба да уфрлам и вежби за рацете. Јас никогаш во животот не можев да направам склекови.
А зошто да не вежбаш? Нешто имам пропуштено изгледа. Ден петок, убав ден, ден пред викенд... Сабајлечки извежбани сега веќе 30ки и минутаипол планк, нозе малку уморни од вчерашниот тренинг за легс енд бутис, ама многу убаво ми дојде вчера пред искачање. Денес ќе се вежба раце и грб, а денес брзајќи не се загреав убаво и некој мускул подзатегнав на грб, језивко ќе биде вежбањето денес, ама ќе се загреам убаво и ќе се среди. појадок-галета со путер од кикирки, јаболче и цимет, ми фали протеин знам, можеби ќе се земе некој шејк протеински од ДМ или нешто слично ужина- протеинско пудингче ручек-ориз печен и малку пилешко вечера-нешто урдесто ќе биде јер сто пати досега се спремам урда да јадам и никако да јадам, се нешто искача друго, ама ќе се јаде обавезно денес
пешачи само. Избери една лесна вежба за раздвиживање, без скокање, без оптеретување на срцето...насабајле и/или навечер. Една недела терај така па види како се осеќаш после.
Најсикрено ви препорачувам сите што се двоумите за вежбање да ги изгледате сторињата на Бубало од последниот Q&A, дава многу одговори.
Фала ти жапче @AngelOfArh ми се слоши во вторникот, до толку што после светки и темница на двете очи, на левото око цел саат немав вид, само темница, ништо друго, премногу глава ме болеше и дури ми се повраќаше. Ми рекоа требало телото да одмори од короната, а не уште болна да се фрлам на вежбање, затоа не знам што да правам, моментално чекам и ред кај матичен да ми кажи
Добро утро и од мене. Вчера едвај се средив од еклерот, чипсот и бејлисот од претходната вечер. Имав страшна потреба за благо. На крај мерив шеќер (имам дома гостин дијабетичар и има апаратче) и низок ми беше. Ама издржав да не јадам благо пак и денес е ОК ден. Доручек: варен овес со брусниа и малку млеко Ужинка: Варено јајце и некој зеленчук Ручек: Појма немам ќе патуваме па во кафана нешто ќе се јаде Вечера: Млеко планирам @zhap4e ако не можеш да вежбаш одредени вежби не ти се мускулите доволно јаки во тој дел. Се средува со вежбање. Барај видеа со таргетирани вежби на почеток по 5 минути па зголемувај. Склекови прави на коленици. Кондицијата се гради со тек на време. @Vanilla15 ако ти реле пауза после Корона прави пауза недела/две и тоа е тоа. Фокусирај се во тој период на пешачење и можеби статични вежби за да одржуваш тонус на мускули. Нешто налик на она што го прави @AngelOfArh секој ден. Има три-четири вежби секој ден. Само ти гледај да ги правиш по 10 на пример и со паузи за да не се премориш. Штом ќе бидеш спремна ќе се вратиш на убаво вежбање.
Епа паузирај, и јас се осеќав спремна да вежбам одма после 1 недела ама на првиот тренинг испуштав душа а рачунај дека 9м вежбам 5 пати неделно.
Сакав да ве поздравам со кафе , ама пошо темава е за слабеење нека биде детокс смути Да си запишам и јас овде додека памтам: Вчера: Д. Овошје и 2 домашни кифлички( морав да пробам, сама ги правев, колку да видам дали ми се погодиле де) Р. Печено пилешко со зелена салата: ајсберг, младо кромидче и краставица. В. Малку од ручекот Пиев и чај и кафе и вода со лимон За денес планот ми е: Кафе и вода со лимон - испиени Д. Овошје или овошна салата ќе си направам, ќе видам, уште не сум гладна Р. Салата со компири и кромид В. Пола од ручекот Денес скробен ден ми е. Туку едно прашање: да ми кажете некоја финта како да се натерам да пијам повеќе вода, навистина немам многу потреба и заборавам Некогаш со сила пијам.
Ќе направам така, ама работата е што воопшто заборавам да се напијам. Освен еден бокал голем да наполнам и до мене да го чувам... друго чаре нема
Јас така направив.Два дена го испив цел ама вчера не можев. Јас со денови можам без вода.Или само по нешто солено неколку голтки. Другото е се со сила.
@mareane е па тоа е, да имам потреба ќе станам ќе се напијам. А вака, ептен само после ручек како што велиш ако било солено. Ништо, одам да полнам бокал ...
Стави си потсетник/аларм на 2 саати (да пиеш по 1 чаша макар и на сила). Јас ја користев апликацијата "TickTick" за такви работи.