@AngelOfArh да не ти пишувам на ФБ срам ми е,ама јас не сум била свесна дека си така убава жена!!! Па ти си како оние руските убавици, треба сеа на инста да почнеш само од тебе да ставаш. Мотивација си ми!!!
еве ви предизвик за водата (ама таа со ѓумбир обавезно) потрудсете се на секаков начин бар 14 дена..после ќе видите дека навистина е добро да се пие.. овагкажатааштонесакаводавоопшто
Ве читам често и јас сум си на некој свој режим (вечно сум уствари, некогаш да ослабам, некогаш да одржам килажа). Ама срам ми е да пишам што се јадам кога ве читам вас, зошто ич не пазам нешто посебно, само вежбам и ноќе не вечерам (ова 4г веќе, ич не сакам вечера и не јадам ноќе, доручекот ми е обилен, тогаш сум гладна и со најмногу апетит, па највеќе си внесувам калории во тој оброк и ме држи најадена тоа, така се навикнав да си функционирам). Ако ме примате чисто за поддршка, без пишување мени зошто ја сум повеќе фокусирана на вежбање, ќе ви пишувам што сум извежбала и до кај сум. Вежбање ми фалеше последниве 2 години поради обврски, таман ќе почнам, па ќе прекинам од немање време и уморна од други работи, па ме мрзеше да извежбам и се така, од немање физичка активност си се здебелив... А кога вежбам многу ми е убаво, а и вагата одма иде во минус кај мене тогаш. Решена сум сега да се вратам верно на вежбањето, нема откажување поради мрза, ветувам. Лани ослабев 10кг, но прекинав зошто ме фатија летото 2 испитни, одмор и некако изгубив фокус, не сум си ги вратила кг, но сега сакам да до продолжам, уште пола пат ми остана до финалната цел што ми беше.
Ти благодарам @Cka се трудам стварно многу! Еве ви го мојот труд жени убави, 9м, место да родам бебе се преродив самата себеси. Се чувствувам прекрасно!
Секоја чест жено на истрајноста си се преполовила. ... браво Ќе ме натераш сега да ти ги исчитам мислењата наназад, да видам што и како правиш. .. Продолжи така. Уште колку планираш да симнуваш?
Уште 5-10 најмногу, не ме личи мене слаба, имам обравчиња од раѓање, суво со образи, не личи. Сега имам 75, почнав со скоро 100. Само стомакот ми е останат и него да го намалам уште само малку и немам гајле, не ми е ни битна вагата толку многу, зошто се гледам во огледало и тоа ми е најважно.
Згодница. Би ти рекла браво и продолжи си со истото темпо и жар, ама супер си вака. Доволно е да се одржуваш само, ама ти си знаеш најдобро тука. На запад ништо ново. Доручек- кафе и овошје, ќе излегувам сеа па може ќе пивнам една чашка некој алкохол. Ручек- туна, салата туршија и црн леб Вечера- варени јајца, јогурт и ваљда пак нешто алкохол вечер, петок е. Имајте убав викенд.
Денешното петочно, посно мени по хроно П: тестенини (дозволени во хроно), домати и малку туна Р: печена пастрмка и салата зелка, морков, цвекло, краставица В: незнам дали ќе стигнам повторно за вечера, во хроно прекршок е да не вечераш, ќе ме казни вагата Во меѓу време пијам лимон, два во денот сигурно, многу вода и по едно кафе или какао
Сепак добив забрана за вежбање месец до два, смеам да пешачам само. Притисокот игра со мене : 85 со 65, 90 со 70 Лагано пешачење ми останува барем еден месец и домашни обврски. Кој знае колку ќе се закржлавам пак @AngelOfArh браво за упорноста! Инаку јас немав вежбано точно 3години и почнав точно 5 дена после позитивниот тест бидејќи се осеќав "океј", ама не било океј, тоа е.
Не требало да почнуваш воопшто. Особено што 3г не си вежбала, нит кондиција нит спремно тело. Не се форсирај, пешачи поинтензивно ама исто ко да би вежбала, секој ден, почни со 2км, па наголемувај, ако за 4 недели се осеќаш ок почни со лесни вежби дома, не форсирај, на сила не бива ништо. Јас почнав со вежбање после ковид на 7миот ден.
Опорави се ти, девојче и не се замарај со вежбање држ си се до режимот и види лесни, најлесни вежби ко чучњеви, ко разгибавање и толку. Вечерна сеанса од истото видео на Клои завршена. Доручек прескокнав, само чајот со лимон беше. Ужинав кисело млеко и неколку бадеми, лешници. Ручек омлет со печурки, маслинки и лист свински врат + таратор + кришка леб. Требаше стек да правам ама, касно се прибрав, гладна ко волк и ми истекуваше времето за јадење. Иначе, бев по продавници и се загледав у големо огледало. Заличувам на човек, еј. Си се свиѓам после долго несвиѓање. Толку си се засвиѓав шо си помислив више да не си купувам овошје, да пробам со помалку јх, сепак. Тешко ама.
Денес почнав супер, доручек овес со јогурт и банана,ужина една штанглица со суво овошје и после затерав кафана па пробав од се по малку, ама најмногу салата Дружбата беше побитна,режимот на day off
И јас исто... Сабајле направив палачинки од леќа (ко за 1 пат една тројка од мене имаат) На работа каснав малку бадеми и јаболко,ама вечерва кафана. Но сепак не претерав ко кога би била на диета:грлка салата ,ловечка плескавица,малу лепиња(ууф каква беше),чаша вино и 1 нескафе.
Мене ме снема поради обврските од факултет овој период, инаку ве читам редовно сите. Денес 16/90 имав овошен ден јадев 2 портокали, рака мешани јаткасти плодови и јаболко. Е сега и овај пусти дечково ко се враќавме од Битола за Охрид (имав обврски на факс) знае дека обожавам да јадам сладоледи. Му реков знаеш дека сум на диета и не јадам моментално вакво нешто и ми се налути ни тој не го јадеше неговиот. Ајде реков тоа е го изедов ми го подмити, пак уште задоволно се смешкаше ќе го искршев, секогаш има фори негови да ме зафркне. Утре 17/90 имам протеински Д: банана или два портокали и чај Р: или туна или нешто месо или пак јајца со салата голема чинија обавезно, тонус лепче и супа по оброкот. В: пола од ручекот, ќе видиме што ќе биде, зависно од обврските
Денов ќе биде на врат на нос. Али јбг. Да спастрам дете и одма се пуштам да извежбам јер денес на гробишта ќе се иде, не можам да оставам за попладне, попладне ме чека ручек во кафана. Сега прво ќе си ги направам 30ките и планкот, после кардио. Исхраната денес појма немам од што ќе се содржи искрено, ама сега ќе зборам после вежбање едно протеински шејк, а после шо дала кафана и денот. На частење сум денес и искрено појма немам што ќе јадеме јер не ни знам кај одиме. Само знам дека ќе пијам многу вода и ќе гледам да не изедам многу. Сепак денес ќе биде чит деј, а утре ќе се чистиме.
Девојки јас деновиве тотално сум разочарана, вежбам некаде месец, може и повеќе, супер ми тргна, презадоволна, едвај чекам да одам да извежбам, арно ама пред некој ден наведнувајќи се за да соблечам патика се фатив во кичмата, страшна болка, и порано сум имала проблеми со кичмата па знам дека не е зезање за неколку денови многу ми е подобро, само од себе некако проаѓа, ама јас пропуштив три часови и не сум сигурна дали воопшто ќе почнам пак. Ептен сум разочарана, како некој спортист кога ќе се повреди
Не се разочарувај, нема зошто. Проблеми со кичмата не се заебанција. Не знам што точно ти се дешава, ама ако се средува со вежби за грб, прави си ги и опорави се. Секогаш можеш понатаму да вежбаш, не ти бега вежбањето. Не знам дали сама вежбаш, ама доколку е така, мој совет е во иднина да се консултираш со тренер, бидејќи ако имаш предиспозиции да си зезнеш кичма, треба да најдеш соодветни вежби за тебе.