Викендов арна бев спрема др. викенди. Денов го почнав со еклерче ,ама вчера цел ден истрпев да не каснам за кон пладне денес да изедам да се потрошат калориите... Ручекот ќе ми биде касно после 6 па дотогаш рака бадеми или некое овошје. Ај сликнете кои се тие готови протеини купечки пудинзи што ли се, што можат вака да се изедат на работа.
Јас го ставам во шејк со овошје и млеко, во палачинки од некоја житарка и банана, во овесна каша... Го купувам тој од ДМ, нивен бренд е. Ќе си земеш протеин од грашок, има и ок веге протеини. Во Тинекс имаш повеќе избор. Искрено овие Ехрман најубави ми се, на Збрегов ми се ептен хемија.
За сите имаш да најдеш на нет. Еве пример за тој на Ehrmann High Protein Pudding Karamell (ehrmann.de).
Денес сепак не терав воден ден. Кон ручек ми се раскркореа цревата ко сто години да немав јадено. Психички не сум прилагодена на новово. Денес... салата краставици, домат и малку сирење. Ручек омлет со печурки, павлака и кисела зелка. Вечерно вежбање завршено и толку денес.
Јас изгледа толку многу се залетав со чистење викендов, што денес имам воспаление на мускулите ... Се ме боли... И на раце и на нозе... Џоа да сум вежбала, се рачуна?
Лошо ми тргна неделава.Незнам од кај олку да не можам да одолеам на благо. Кафе,еклерче. Мало парче пита со спанаќ На 2 пати по 3 коцки чоколадо. 1 интегрално ѓеврече со ориз со томатело и парче младо сирење.
се рачуна Секоја физичка активност се рачуна. Со секоја се троши по некоја калорија. Мислам дека апликацијана my fitness pal има и ко опција вежби да го ставиш Шала на страна. Се е подобро од тоа да човек само јаде и седи или лежи. Мареане, имаше една таква диета на Ирина кај што имаше и благо мислам и наводно луѓето слабееја. си ја држела ли?
Се враќам на темава. Од денес почнувам со Жан Митрев диетата. Ке ја модифицирам малку по мое. Осет немам со јадењево. Можеби и на психичка база јадам.
А бе нема што не сум пробала.Кај неа мислам од сабајле беше благото?Одамна беше...незнам може и навечер да беше. Јас обично немам проблем со благо ама денес ау...кај еклерот дома ама па на работа на 2 пати частенки имаше.И си позедов и дури уште ми се јадеше... Ај бе 4 коцки чоколада се само 1 ред. Се тешам...
@mareane ајде денес било па поминало Се дешава и така. И јас денес очајна желба за благо. И цел ден бев воспитана, а сега од вечерта.... Права невоспитана ... Ама не значи дека не сум на диета.. Утре продолжувам Ќе продолжиш и ти... Како инаку... Треба у среда да се мереме
П: ленено семе со јогурт и банана Р: кафана В: супа, спанаќ со павлака Нема активност, јер втор ден од циклус.
Јас пуштив еднаш Мибенд на опција кардио и ми покажа дека за еден ден чистење сум смачкала 800кал. Со бришење прозори, тргање, прередување кујна, чистење се туто комплето и мењање постелнини и успат едно 10 машини испраа и да ги пружам. Ич не е лошо.
Јас вчера имав над 500 калории и 8500 чекори, а не излегов од дома. И тоа со стандардни неделни активности - машини, правосмукалка, пеглање, не беше генералка со сериозно чистење.
Не е лош, има и подобри. Генерално кога разгледуваш води се по следново: Протеин концентрат = 80% од тежината е протеин (најефтина варијанта) Протеин изолат = 90% протеин Протеин хидроизолат = 98% протеин (најскапа варијанта) Според ова, протеинот кој го гледаш е концентрат. Добар си е секако, за својата категорија. Да бирам јас, од таа продавница ако купуваш, би бирал меѓу овие два: https://hardcoreshop.mk/shop/critical-whey-2-27kg-75-servings/ Или https://hardcoreshop.mk/shop/critical-whey-2-27kg-75-servings/ И на крај би го избрал вториов хахах. Како и да е, нема да згрешиш, нијанси се во прашање. @andrejko82 Протеините имаат животинско или од растително потекло. Сурутката се добива како остаток при преработка на млечни производи, и со додатна обработка (различна) добиваме некој од трите видови протеини во прав кои ги напишав погоре. Протеин концентрат е најосновната форма, што може да ја купите и во дуќан за здрава храна (најчесто без додадени вкусови). Но, има и протеини во прав и од растително потекло, со комбинации од кафеав ориз, грашок и други зеленчуци, соја и слично (секако со вкусови како чоколадо/ванила и т.н.). Ги има и кај нас скоро секаде. Протеините во прав се додадок во исхраната. Може да се комбинираат на различни начини и да се конзумираат во шејкови, смути, пудинзи, колачи, мусли, овес и на еден куп други начини. Оние што вежбаат ги земаат за го дополнат внесот на протеините за да достигнат одреден дневен внес, особено кога немаат време за подготовка на храна богата со протеини. Доколку сте во калориски дефицит, внимавајте за да не го надминете калорискиот внес (тоа значи дека треба да намалите некој оброк). Доколку ви е за качување на тежината (или раст на мускулна маса) и вежбате, користете го слободно како додаток плус (ужина). Инаку кога сум во калориски дефицит и сакам да изгубам тежина, заменувам еден оброк (доручек или вечера) во денот со шејк (млеко, протеини во прав, банана или друго овошје). Едит: да додадам дека секако е многу подобра варијанта од купечките протеински пудинзи или протеински напитоци (не дека се лоши).
Ехххх Сега гледам Не можам да едитирам... Еве уште еднаш Првиот https://hardcoreshop.mk/shop/gold-standard-227-kg/ Вториот https://hardcoreshop.mk/shop/critical-whey-2-27kg-75-servings/ Јас би го избрал вториов, на Applied Nutrition Едит: причината зашо би го избрал вториов е само затоа што има помалку шеќер
Девојки може не е за овде пршањево но реков да прашам. Бидејќи пред 20 дена почнав со ун диетата, декември правев крвна анализа и шеќерот ми беше 5.3 а тогаш добро си јадев благичко, денес правев анализи и за тироидна, но и го испитував шеќерот ми беше 6.1 денес. Се се мислам случајно бидејќи во ун се јаде овошје повеќе да не случајно ми е од овошјето? Намалив со благо многу од кога сум на диета и си реков како може да е зголемен. Е сега и тироидните хормони ми се покачени за разлика од преходниот месец но не нешто многу. Се мислам да не е нешто од диетава бидејќи наеднаш од 87кг денес е мерев стигнав на 80.80 а иако во обем скоро малце можеби сум повеќе на вага сум ослабена. Што мислите вие едно мислење така?
Проблемот кај УН е што не се мешаат протеини и јаглехидрати и ако не се лажам има цел ден каде што се јаде стриктно јаглехидрати. Тоа е најлошо нешто што можеш да направиш за крвниот шеќер, да не ги комбинираш јаглехидратите (леб, тестенини, компир) со протеини (месо, јајца, грчки јогурт...) и секако масти дополнително. Пробај врати се на побалансирана исхрана и не јади овошје само по себе, посебно не рано одсабајле. Овошјето е здраво ама стрес е на организмот кога ќе се разбудиш и јадеш само овошје, шеќерот во крвта иде многу горе и со тоа си го пореметуваш шеќерот општо. Затоа, од сопствено искуство и работа со нутриционист, никако компир, макарони, овошје без ништо друго, пример: компир со печено месо, макарони со сос и пилешко, овошје со јаткасти плодови или парче кашкавал. Секако совет, прекини со УН диета, очигледно нешто не штима штом губиш на тежина а шеќерот не ти е добар, треба да е обратно.