Зошто ли зошто сум толку голем дебил? :смајлиштосиудирабокс: Цел ден бев на јогурт, и вечерва драги мои јас изразив желба за лубеницата што ја меркав цел ден. Уствари тоа не беше желба, тоа беше нагон, тоа беше потреба И тоа ни помалку ни повеќе туку 10 минути пред полноќ. Полна сум од хранопровод до дванесетпалечно црево И не е смешно воопшто. Ама и нема да паѓам во депресија за еден мој испад. Идемо даље.
Лубеницата не дебели има само 12 калории ако мислиш на то нема врска убо е луненица и навечер и јас имам јадено така
Како бе убо? Лубеницата е овошје=шеќери нали, а навечер шеќери не се добредојдени... Или ја сум се побркала нешто?
ништо не е што си јадела и тоа лубеница.....ај да било некоја торта или нешто тешко па да му се секираш јас со ун диетава, што главно се сведува на јаглехидрати, си јадев и навечер овошје или тоа што ми било за ручек...и си ослабееев..... инаку да, подобро е навечер да се јадат салати или протеини, ама ете имало ефект и од обратното. не се секирај, шекерот од овошјето во никој случај неможе да те здебели
Девојќи ај кажете ми точна информација колку калории има во 100 гр. лубеница, да ги слушам македонските сајтови кои велат 30 или англиските кои велат едвај два-13 калории?
http://telo2.com/ Погледнете ја странава,има премногу интересни работи,табели со калориски вредности,планови за јадење итн итн. А не' има и нас http://telo2.com/?p=2334 Колку сме познати еј
http://telo2.com/?p=2334/#more-2334 Овие...токму се,или како?! Билката ќе ја молам да си бара оштета и да не сефтоса со по еден купаќ за на плажа ако на непрашано ни делат памет! Ова се вика јавен резил бре! Барам одмор на Тајланд!!! Леле нелитературно пишување еј!(особа,кила,поклапаат,си ја утнала работата ахахахахаха...ааааааа,овие ремет маваат).Леле ми го насмеа денов хахахахахаха.... Ова можда и го пишува некој блидер-самоук од локална билдерница! Мече,да си бараш оштета хахахаха...ти го вреѓа дигитрончето!
Стварно е крајно нелитературно, ама тоа програмчето од ексел ќе го испробам утре. Вака ко што си пресметував за тој венериниот индекс, ич не сум згодна
Јас мислам од многу поодамна ја постирај страната Тело2... Да така беше патем ич не е точна за калории таман разгледував.
хахаха леле, гледам и се чудам. Која среќа сум па ми одговориле мене, језда со мене ништо чудно да сум згрешила во бројките, ама нека ми пишеле лп ( ), не така јавно бре да ме понижуваат. Ццц, уште 72 килограми вишок. А јас ас имам меѓу 15-17 кг за губење. Може ни толку да не се. Нема врска, им благодарам на вниманието, и на културата. Не знам кај да им пишам па еве тука А може како оштета ако сакаат нов дигитрон да добијам, или нешто за убрзано слабеење. Тенкју. Инаку јас од сабајле јадев перек, т.е перекот им беше од пред три дена па беше поише накај двопек И сега цел ден ќе јадам диња, и јогурт. А вчера јадев житарици, пушена риба, и кебапчиња(печени) 7-8. И две кришки црн леб. Некои 1100 калории ако пак не сум згрешила нешто
Па не да е нелитературно,почнав да читам таму некои причи и се откажав Баш како што вика Лилит,замислувам билдер пред мене и ми дрнда,знаеш вака онака со рацете прета,јооо ман,ти реков ми рече Не можам бе,пресметувања,глупости,ваков индекс,онаков индекс,ајт у... Едино тие планчичите од 400 па до 1200 калории и табелите ги прегледав.
Вчера јадев две печени копанчиња и салата. Денес варен ориз со патлиџанчиња и овошје до вечер И овие се нашле паметни да одговараат на прашања Ако им е до толку на не опаметат нека си направат тука јузер и нека пишуваат во темава, нема што таму да разглабаат.
Пф...според овој венерин индекс,супер сум бе!Ама пустото...не е тоа тоа,овој утнал математиките. Да погодам,сега сите се мерите за да сметате у ексел! Еве сеа и јас,па ќе ви пишам како резултатот,дали сум положила!
Лилит полека со мерките, да не треба да одиме по нови дигитрони заедно Или евеншли да го преинсталираме ексел
На овој не му чини екселот! Нормален е?! Испаѓа дека јас сум мекотело животинче и немам ебан мускул на себе.Па да ослабам уште 7 кг - анорексија! Аиии...неарна работаааа...ало бе чоек,си чул за гради.Женски гради или сакаш мускулести женски гради?! Ало треба да раѓам утре,не ми треба покачување на ниво на тестестерон... Е ме изнервира сеа.
Лилит извини, вистината боли, ти очигледно не си свесна колкав вишок имаш ( шала секако ) Или си погрешила во мерењето
Ма ич,ич не се мери!смајлишопавтасораката Ќе ти дојде тешко... Упад ни изврши!Брееее...тука машко,тука да дојдеш да ни пишуваш! И ај сеа да не собереш сите на кеј и да не тренираш,а не вака педерски да не резилиш за свои цели и нашето женско,фемински величество! Леле,а јас тоа внимателно...мери,мери,по два пати премерував.Кук ме издаде,морам да признаам,не било ко што мислев,имав 5 цм плус,ама да му се плукнам,конструкција на тело,чул некад?!