Утро! Утрински се измерив, мене бми ништо не ми значи така да не пресметувам тоа, зошто јас сум мускулеста, немам сало. Она пола килце што ме казни вагата го смачкав веќе, добро е, мада сега веќе почнав и да задржувам вода, пред циклус сум, 7 дена по стар календар, а како што почна да доаѓа на 26 дена 5 дена, апетит на најјако и ете така. 30ките и 2мин планк завршени, на склекови ми е најтешко искрено да издржам до 30, ама се трпи, па ради тоа и раце ми се ептен уморни, едвај чекам да одмарам малку. Буквално не си ги осеќам од рамиња до лакти, тешки, уморни и болни ми се. Значи денес нема вежбање попладне појадок-овес со јогурт и чиа, ми фали некоја воќка, па ќе појдам до кам ужинка-банана ручек-тортиља со туна, салата зелка, пченка и маслинки, премачкана со сенф вечера-ќе киснам некоја житарка или леќа, немам идеа што да јадам
Бми намален од 25,96 на 25. Килограми досега намалени 2,5. Ова можеше и подобар резултат да е да имав повеќе време за вежбање. Се на се задоволна сум и се надевам дека наредниот месец ќе можам со петка напред да се пофалам Нескафе со оризово млеко и половина грчки овошен јогурт со протеин ( првпат го видов во Лидл, не е лош) Д: интегрален леб со хумус и кашкавал Р: ќе биде некое комбо со пилешко, карфиол и печурки- само да смислам што В: планирам салата и тоа шопска ми се јаде
Добро утро и од мене Претходната среда 82.15 а денес 80.55 баш сум среќна, ете да речам скоро 7 кила минус Инаку денес на мени вака : Д: 2 портокали кафе и чај Р: Кременадла и печурки со марула салата и ете тонус едно парче и по ручекот супа В:пола од ручек без супата и тонусот
Бми денес 28.5 Јас сум си задоволна, не сум гладна, супер се чуствувам а и еве малку по малку мрда вагата.... Д омлет со маслинки и малку ајвар У јаболко Р спанаќ В ќе видиме
Добро утро на сите. Денес вагата е на минус 600 грама од минатата недела. Облеката ми е покомотна така што денес ми е убав денот. Вчера вежбав ама видеото што го најдов не ми беше баш доволно па најдов некое со планк предизвик и успеав да додржам околу две и пол минути. За денес планот за јадење: Доручек: Овесна каша (овес, чиа, млеко, брусница и кокос) Ужинка: Јаболко Ручек: Пилешко со ориз и супа Вечера: Млеко Денес ќе одмарам од вежбање.
Јас нелогирана читам, од срам На -4 сум, јбг, благо јадев секој ден неделава Не се откажувам, немам веќе благо дома
Околу 800 гр.намалено за оваа т.е за овие 2 недели оти некни исто бев. Бми(заокружено на поголемата бројка) е 24,75 .Малку повеќе од 1 единица е намалено. Да се надевам дека овај месец ќе видам 5 ка напред на вагата.
Утрово застанав на вага, гола и боса -500гр од минатата среда, презадоволна со оглед на тоа што цела недела сум со болки во поливината и не вежбам.
Од премногу обврски неколку денови не си ги запишував мениата тука еве сега се ќе документирам 50ти ден хроно: П: ајвар, варено јајце, авокадо и тостиран тонус Р: варена зелка со мелено месо + пола домат В: парче стек и зелка салата 51ви ден: П: тостиран тонус, ајвар и сиренце Р: динстано телешко и салата зелка, морков, цвекло, краставица, домат В: две пржени белки и салата зелка и краставица денешно мени (52ри ден) П: тестенини, доматен сос и сиренце Р: стек и салата со се и сешто В: печурки печени во рерна и пак некоја салатка Во недела ја завршувам втората хроно рестрикција и секако започнувам со трета, мислам дека ќе одам и на четврта, имам уште 5-6кг за симнување, но презадоволна сум со досегашниот резултат, ако не започнев можеше сега и плус 70кг да бидам, така да идеме напред и уште едно два месеци ќе си пишувам во групава и баш ми е супер да ве читам и да си пишувам
Јас не пишувам овие 2 3 дена Се со гости сум и ја заборавив диетата да ме натепате и тоа со некој поголем стап Од мината недела сум -500, со оглед на тоа што не се придржував којзнае колку, добро е. БМИ 25. А да, досега само пешачев, колку да се речи пошто обврски еден куп, ама од денес почнувам да вежбам и со статичен, нешто слично на орбитрек.
+ 100 грама за мене оваа недела, ама не е страшно, очекував и повеќе искрено, не бев многу паметна но ете сабајлево се изненадив, само 100 грама +. BMI - калкулаторов покажува 25.6. Водата и вежбањето ми се сеуште проблем ама месецов фокусот ќе биде на нив максимално. И зеленчукот, да не го заборавам Значи за изминатиов месец да сумирам, -2.200 кг. Не е лошо, јас сум задоволна, овај пат решив да не се брзам, полека, кило по кило ќе се соберат кај да е до лето
Наставничке, наставничке, јас не стигнав денес да се измерам Не знам, не се мерев вчера, завчера, а и денес газ преку глава излегов и не застанав на вага. Мислам дека не сум нешто ослабена, кај мене и така оди бавно. Ама битно не осеќам дека сум здебелена
БМИ рамно 22. минус 200 гр од претходниот четврток, или тотал 52.2кг. Слабо оди вероајтно зашто немам многу вишок, или зашто се подопуштив викендов Нема врска, не се разочарувам, има да ги нема тие 2.2 кг кога-тогаш Денешно мени скоро исто како вчера Д. овес со амарант, кефир, брусница и банана у. две мандрарини р. две мали копанчиња,карфиол и микс зелена салата в. две варени јајца,пармезан, салата, чаша вино...
Конечна ранг листа со 02.02.2022 @Vanilla15 31.1 @kjofti4 31.5 @malerozna 31 @Cka 30.5 @andrejko82 29.3 @Espadrila 29 @MilaSs12 28.7 @Ariel 24.5 @Pelargonium 25.96 @mareane 25.94 @christinnn 25.4 @Ema.Sk 24.8 @Grungie 22.6 @NarCis@ 22.4 @MissChievous 20.7 Лејдис новата ажурирана листа со последни промени од 02.03.2022, секако од тие кои пријавиле @Espadrila 28 @Vanilla15 29.8 @Pelargonium 25 @andrejko82 28.5 @mareane 24.75 @BayernKa 25.6 @Ariel 24.8 @Estranged 31 @Grungie 22 @Kasiopaja221 25 - oва е едит
Нов месец , пролет иде уште пожестоко со диетава да биде хаххаха се изнасмеав сама што пишувам ама нека стои.. Д овес со јаболка У интегрално лепче со маслинка Р спанаќ В јајце и салата @NarCis@ добро девојче не е проблем ќе те почекаме за резултати утре, седни сега на место ( рече наставничката)