Без некој да ме сфати погрешно или навреди од листава сфатив дека слободно можеме да се поделеме на 2 категории тешка и средна тешката категорија е таа каде сме со БМИ над 25, и нам стварно ни е потребно работа и ОЗБИЛНОСТ , а другата - средна е со БМИ под 25 и на која и треба нешто далеку понежни рестрикции ... just thinking... приметив исто дека на почетокот бевме помотивирани, а сега се туку нешто забушаваме. И јас ама сите изгледа, со по некој исклучок. Како да го смениме тоа???? Ајмо женски пролет иде, треба сукњи со нога боја хулахопки да ставиме и кошули и блузи во светли бои. Мора да се оправиме Само јако и да не заборавиме Имајте убав ден
Здраво, денес единаести ден со Ун ииии -3.5 кг . Имам многу голема желба да ослабам ниту гости ниту излегувања не ме одвраќаат од намерата, каде и да одам вода пијам. Фармерките веќе убаво ми стојат имам само уште 80 дена до крај и се надевам на -15
Утро! Извежбани 30ки и планк, спремно мени за денес, сонцево ми дава позитивни вибрации. Вчера баш го одморив цел ден после работа, ручекот сам се правеше само го стаив на рингла, вечерта си отидов кај блиска пријателка на кафе и си поседев и таму јер дете црташе, играше, гледаше цртани, се на се до вечерта бев одморена. Си легнав некаде околу 12 и сфатив дека јас уствари не сум ненаспана, спијам ни малку ни многу, 7 часа ми се фаќа, а тоа е некоја граница на наспаност па решив сега да легнувам во 12, а да станувам во 6 и така нема да ми е ни малку ни многу. Од идеа до реализација ќе видиме колку ќе има. Денес се вежбаат нозе, уф едвај чекам, толку сакам да вежбам нозе и раце, чудо едно, другите тренинзи не ми се толку по ќеиф како овие мислам, после тренинг само се гледам у огледало да си ги видам резултатите Стварно се заљубив у себе со резултатов. појадок-протеински шејк од јагода и ванила ужина-ќе земам некој бар или пудинг протеински, а може и само црно чоколатце, ќе видиме, ме тепа криза за благо јер 5 дена до циклус ручек-цезар салата вечера-палачинки од леќа со фета и маслинки
Добро утро денес на мени: - смути со банана - леќа манџа и салата - детокс смути @Espadrila јас помалку од 25 бми не ни имам намера да стигнам искрено, бидејќи на ништо нема да личам, (ќе се пофалам сега сама ), 71кг ми е граница или 68кг еве што треба да имам, бидејќи стварно имам убава градба ко крушка и се што е помалку од тие килограми изгледа лошо на мене, не ми останува буквално ништо, освен колковите и уши Сега тоа е ствар на вкус, секој си се сака себе во различно светло, ама јас си ги сакам колковите големи, малите рамења и малиот струк (се надевам ќе го имам пак ) Значи со 25 бми јас уствари се сметам за идеална, и тоа ми е цел
Кило и нешто во минус од прошла недела. Можеше да биде и подобро, реално ако терам ко што терав прошла и предпрошла недела итн. Ама, и мене мотивацијата ми е опадната. Не ми е ради разочарување од бавното слабеење пошто се радувам ко мало дете на резултатите и си се свиѓам. Ама сум под стрес периодов. Нервозна сум, емотивна итн. По оној викенд кога се опуштив имав полесни оброци. Сабајлечки пиев зелен чај со пола лимон. Супер ми делува на вараењето. Кој има проблем со запек нека проба. Изедов пола јаболко. Не се откажувам ни од тоа. Изедов потоа и од моите бурита од марула со малку сирење (4 листа марула и тенко парче сирење = две бурита))) Ептем го сакам ова. Треба да си земам ама некое друго сирење. Кравјо имам моментално и нешто не ми прија. Не ми прија ни мешаното - овчо, кравјо колку и да ми е вкусно. Тоа подолго време го осеќам. За ручек мислев подварок со пушено месо или подварок со мелено месо ама, ич не ми се јадат комплицирани јадења. Деновиве ручам или месо со салата или омлет со печурки сирење сувомеснато и салата. Можда и денес така да истерам. Вчера не вежбав оти заспав. Кога станав немав сила за ништо. Денес нема бегање.
Земав викам ај ќе сметам бми, отворив пар калкулатори и сите викаат дека сум overweight, добро не сум во obesity, но сум на горна граница и тоа мене ништо не ми значи апсолутно, зошто, зошто знам колку стварно имам јас сало а колку мускул, тоа се осеќа а богамии се гледа. Јас сум ниска, да имам на оваа килажа висина минимум 170 би била дури и во нормални. Знам, на калкулаторот има и висина да внесеш, ама јас се гледам во огледало, знам дека не сум предебела, сум пополна, далеку сум од дебела сега. А бев, со 100 кила бев многу дебела, видовте погоре слика, така да мене ова бми сметање стварно ми нема логика. Не пишувам за да се правдам, туку да утешам некои од нас дека не може со исти очила да гледаме за сите.
Мереле во кг или бми нема некоја разлика, секој како се чуствува така, ама дека има некоја ориентација до каде што сме стигнале има.. мене ми одговара мерењво иако сама по себе гледам дека со вежбањево и те како се оформува телото и не е многу значајна бројката на килограмите..
Се согласувам @AngelOfArh БМИ нема некое многу големо значење според мене, освен ете да стави некоја граница, посебно што вика од 19 до 25 е нормално, а тоа е баш голема разлика во килажа. Баш има улога и формата на телото, моја колешка со иста висина и тежина како мене баш изгледа таман, јас со појаки бутки изгледам подебело од неа..
Aко идеме на оној општо познат мит тежина во зависност од килажа, јас треба да сум 50 кила на 160 висина, а тоа е бми 19, мало сутра.
Кај мене е 25.23, сум намалила. Доручек- топла вода со лимон, горко турско и банана Ручек- компир манџа со месо, туршија, парче црн леб Вечера- или варени јајца со јогурт или парче солен кекс со спанаќ и јогурт. Сакам да се стопли времето паа, ми се вежба во теретанаа. Мислам дека така одма ќе се стопам.
Протеински ден Д. 2 кафиња , вода со лимон, 2 банани Р. Тавче гравче , салата, и можеби едно парче црн леб , ќе видиме В. Салата Ужина: ужината што ја врати ќерче од градинка , да не се фрла Пс. Едното кафе камен ладно го испив, не стигнав навреме од обврски
Добар ден, Како и да се мериме битно параметрите да одат надолу, а задоволството од изглед да оди нагоре. Денес на мени: Доручек - овес со чиа, млеко, бруснива и лажичка путер од кикиритки Ужина: Јаболко едно мерси Ручек: Кременадла на гусано тавче и барен карфиол со павлака Вечера: Млеко Денес се ваицинирав па неколку дена нема вежбање така ми кажаа.
П: овес со банана Р: супа, салата, парче леб В: сирење, пола гиро Имам околу 6000 чекори до сега, не е лошо.
Јас намерно веќе не пишувам. Не сум на некој посебен режим, ама мене лично ептен ми годи. И башка, друго беше пред 2 години кога имав скоро 15кг за симнување, а друго сега кога се неколку. Затоа ми е безвезе и килажа и бми да пишувам, стварно не звучат страшно, а од друга страна треба да се симнат. Само што, сега сфатив дека повеќе треба да обрнам внимание на вежбањето и да досредам тоа што останало да се среди. Јас сум за во друга тема Ама сите ве поддржувам и кога и да ви треба нешто, слободно тагирајте ме. Особено за кето ако се работи И здравје, ако се пресрамам, за месец-два очекувајте слика во модни критики
Денес хаос денов.Еден саглам оброк немав .Се од нога половично безвезно... -кафе ,овес со јогурт и малу банана ама пола го изедов само - :гризев леплебии со суво грозје и по 1 касај од 2 врсти торти и кафе. -Јаболко и кафе -парче сирење и нек.листа суво месо. Морав да се осолам. 8000 чекори Осеќам губам мотивација и желба и идеја за здрави оброци.Викендов ќе биде со куп калорична храна.После се мислам малку да постам а тогаш внесувам доста храна И то... #исповед#
Јас денес бев 22/90 скробен ден од УН. Д: 2 зелени јаболка, кафе и чај Р: 3 сарми со ориз печурки и праз, црно лепче и кромид млад жив. В: 2 малечки сарми и кромид како салатка