е тоа сакам и јас да стигнам да сум ок со кг и да осатнам на нив и да поработам на телото со вежби..Нарциске сега си ваква ... Д овес со банана У јаболка и 1 варено јајце Р туна со салата В ќе видиме... @Cka ќе постиме?? јас првата недела планирам без зејтин, здравје ќе видам како ќе биде...
Добро утро ден 5ти, циклус 2: - сутлијаш со цимет - супа, јајца во доматен сос и салата - детокс смути - за ужинка ќе видиме што дојде при рака, вчера беше јаболко
И јас имам прашања за постот. Сакам првата недела без масло. Ќе морам да прекинам со УН, секако не ми беше репер диетава. Туку, давајте предлози што да се јаде без масло.
Супер, дај ми идеја за јадења. А за здраво благо, освен енергетски бомбици,(бомбици со урми, кокос, суво грозје, банана бленидирана, суви кајсии, мелени ореви, сусам....комбинации) другото е све на база слатко и мармалад
Уште не сум ваква повеќе сум ваква Не останав јас на истата килажа, пак качувам ако јадам без мерка. Ама разликата е што сега полесно можам да ги симнам. И вежбање. Вежбањето кај мене направи голема разлика во изглед. Имам фармерки од Котон кои ги носев на 57кг, и сега пак точни на 60-61кг. Затоа викам, ич не е битна вагата.
Кога постите дали користите веге производи како посен мајонез, посна хопла за готвење, веге паштета, маргарин, веге млека, и слично?
Еве список вака одприлика што би јадела првата недела без зејтин и после во текот на постот..е сега незнам како ќе биде со цени на зеленчуците па ќе бирам што можам.. намерно ми е доручекот исти, овесни снегулки не ги јадам ни сега со јогурт туку ги попарувам со врел чај и доаѓаат како варен овес и ми е вкусен така и многу брз тука на работа...и дефинитивно ќе мора и ужинка втора попладне не држи посново.. Посна недела без зејтин Доручек:овес варен со банана, овес со јаболка и цимет, пченица варена со ореви... Ужина: овошје со шака ореви или лешници... Ручек : интегрално лепче со хумус и маслинки, грав бел само варен со црвена пиперка (или без неа) , интегрални макарони/шпагети со доматно пире, леќа.. Вечера :лепче (тонус) со намаз некој од авокадо, варена киноа, или салата некоја со зачинета со лимон и сол само... Посни јадења со зејтин Доручек:овес варен со банана, овес со јаболка и цимет, пченица варена со ореви, посна хроно пита со праз, солени мафини, палачинки од леќа (без јајце, може и така с еубави), овесни палачинки, лепче со ајвар и маслинки... Ужина: овошје со шака ореви или лешници...благи мафини со банана и ореви, оризови галети со путер од кикирики и банана...чија пудинг (или со некое растително млеко или со вода и некоја урма да даде блажина) Ручек :грав, спанаќ манџа со ориз, полнети пиперки само со ориз, мешан зеленчук печен во релна, риба за ручек со салата, туна салата со пченка, грашак манџа, печурки пржени со салата, мусака со спанаќ/тиквица.. Ужина :шака ореви, лешници, леблебија со малку брусница или суво грозје.. Вечера : супа домашна (комприр, морков, пашканат, и др зеленчуци по желба) , салата со туна мала, палачинка солена со некој намаз...
Како некој готов производ наменет за слабеење? Јас не. Но имам пиено кафе со лимон дома, од мене правено. Ужасно е на вкус но многу ми има помогнато за ужасно низок притисок и главоболка.
Не, не е готов производ дома сами си го праваат со кафе и цедиш лимон сите покажуваат дека се слабее од тоа
Една просечна посна сарма има до кај 150 калории максимум, ако не е пржено зајрето со масло и ако не е цела на ориз. Чудно како помага за низок притисок и главоболка, кога и кафето (кофеинот) и лимонот се диуретици, го намалуваат притисокот. Верувај ти во што сакаш, ама дека слабееш, не слабееш, само те тера на мочање и исфрлаш вишок вода.
Jас сармата ја гуглав секаде ми ја даваше 70кал за посна сарма на 100гр. Така да кркнав 3 првиот пат и 4 вториот пат, клот само сарма. Пази сеа! Некако од синоќа се осеќам издишано, лабаво, лежам на грб абе како да немам мислиш стомак ич... Утрово се качувам на вага, од среда до сега, минус 3 кила после стагнација или горе доле пола кило, не памтам кога во живот сум била 70, не памтам. Јас зимам дека мојата најголема бројка што сум ја видела на вага од после породување е 98 кила, а сигурно сум стигнала до 100ка, така да минимум 28 кила, а сигурно се 30, имам симнато за неверојатни 9ипол месеци. Бројката ништо не ми важи, ми важи што стомакот се повлекува, што немам веќе свадбарки скоро ич, што немам гуша, што мене лично она што го гледам во огледало ми се свиѓа. Утрински со последни сили и тон тешки нозе извежбав 30ки и планк, откако ја видов убавата бројка на вага, мотивација ми беше, ама мислам дека требаше да ги прескокнам, многу ми беше после вчерашниот дупли тренинг за нозе. Денес раце, гради и грб на ред, ама претходно дома малце да дремнам мислам, многу сум уморна. појадок-половина порција гранола со грчки и малини и малце путер од кикирики ручек-може не ми треба, ама ќе јадам плескавица, да се почастам, лепчето кутриња ќе го јадат, јас си земав од дома голема салата вечера-палачинки од леќа со фета и марула, требаше вчера ама не вечерав пошто ме задржаа и после касно ми беше, а и да имам место за денес за ручекот ужина-нема!
Зависи од сармата, со калку и какви намирници е правена, колкаво е парчето сарма. Јас си имам израчунато моја сарма, со состојките што ги користев ни излегоа 24 парчиња, и 1 парче сарма ми е одприлика 62 калории, ете нека биде и 70. Мораш сам да си направиш математика, од многу работи зависи.