Денес денов оф мори мајко ми е, се и сешто изедов...зошто вака во викенд посебно сабота ми се јаде незнам... Д палента со сирење У јаболка Р пипер со патлиџан пржен со јајца, плус мартадела и чаша пиво...абе колку ми беше слатко... В пуканки , па на гости бев плус кикирики јадев... Ај тоа е...а и не вежбав денес ...
Абе арни сте сите што вежбате, јас само си пешачам ама треба да почнам да вежбам уффф ама никако пак мотивација не ме фаќа ама мораа!!
Петокот не го пишав... Д. Парче интегрален леб со крем сир,димен лосос и валеријана Р. Две варени јајца,пола авокадо,марула, и интегрален крекер У. Јаболко В. Три оризови галети со хумус и малку пармезан И два реда чоколадо со лешници Денес. Д. Палачинки од овес и банана,путер од кикирики и шумско овошје Р. 2 плескавички од мисиркино мелено со печен зеленчук и салата плус ред чоколадо В. Пола кришка интегрален леб плус јајце и мартадела И џин тоник. И уште еден
Утре јадењето простено ќе ни е? Леле денеска се чувствувам ко да ги вратив сите изгубени кг. Во стомаков ко 6 месец сум.Немам вага а ќе станував да се мерам. @Ariel па исто ко 100 гр.некои интегрални крекери да си каснала.Кога зачитав некни в маркет по тие ѓоа интегрални па некои протеински сите имаа над 450 калории во само 100 грама.
Девојки ами да ве прашам. Јас пошто треба да ослабам барем уште 7 8 кила ако не успеам 10 ако почнам да вежбам сигурно тежинава ќе ми оди нагоре, да не нешто ми попречи тоа во процесот на слабеење? Можеби е глупаво прашањево но сестра ми кога доаѓаше порано со мене во теретана не само што не ослабе туку и се здебели поради мускулите. Мислење? И ако да, со што вежби да почнам?
Кога слабееш (здраво слабеење) губиш масно ткиво. Кога накачуваш килажа со вежбање, зголемуваш мускулно ткиво. Вежбањето не пречи при слабеење, можеш да вежбаш и пак да губиш масно ткиво, ама бројката на вагата да е иста или да оди нагоре, зависи. Значи не те "здебелува" вежбањето буквално. Вежбање баш и помага да се зачува формата на телото при слабеење. Затоа вагата не е секогаш добар показател за прогресот, туку физички како се менуваш.
)) https://www.facebook.com/watch/?v=4923343637745019 Вчера бев баш примерна и со јаглехидратите и со времето на јадење. Денес ... топла водица и лимон сркната. Кафето го одлагам пошто гледам и „прозорецот“ за јадење да го стеснам на помалку часа у денот. Ако успеам и тоа и јх да смалам. Ручек денес салата, пиле и печен карфиол со сирење и јајца. Кај 12 ќе ролам марули со нешто. Кај 16 ручек и тоа е за денес. Да се стабилизирам малце, сработам нешто па ќе повежбам. Вечер пак и то.
Денес ќе биде што ќе биде, само да одолеам на месените работи кај мајка ми, другото нема да е толку страшно месо со салата ќе е... Од утре здравје Убав ден диеталки
Не не, најди на нет слика од компарација сало и мускул и се ќе ти стане јасно. Јас цело време пишувам за тоа и зошто мене бми мерен само по килажа и висина не ми е меродавен. Салото е енергија која телото треба да ја обработи за да создаде калории за да функционира, а мускулот е готова енергија, или попросто ко што си сфатив јас, кога телото гладува троши готова енергија, а кога јаде балансирано и здраво го храни мускулот а троши од салото. Ова ми го има кажано доктор, не ми е прочитано на нет, затоа и го пренесувам. Многу е важно во процесот на слабеење, да не гладуваш, да немаш момент инсулинот да варира страшно, да биде цело време рамна линија и само така се слабее здраво. Тоа значи, имај цело време здрав оброк при рака, не чекај да огладнеш страшно и да се стресен цела па после да јадеш, оти така нема да имаш контрола и додека се обработи целата храна за да донесе енергија, шеќерот да се разложи, дури телото да се врати во нормала, отиде воз у кукуруз, сме натепале без потреба калории и шеќери. Недела е, ден за одмор, ќе одмарам вистински. Веќе појадувам ама денес менито не ви го пишувам оти ќе биде каша попара. После појадокот ќе ги извежбам моите 30ки и планк па ќе му ја планирам како да не потрошам дополнително енергија. Убав ден!
@angelche16 ќе те цитирам и тука зашто го приметив пишаново. Памтам имаше пишано за шеќерот, а и нели дека имаш намера да ослабеш. Не ме сфаќај погрешно, и кога слабееш дозволено е и блакце и све АМА работата е што таквото придржување до режимот треба да е построго за разлика од кога на пример ќе дојдеш до целта и ќе почнеш да одржуваш баланс. Е кога велам придржување, некако пишаново не ми е нешо.... Претпоставувам на УН си, ама не знам кој здрав режим треба да вели дека е океј да изезеш цело чоколадо, особено навечер. (Ова навечер не е ради некои глупи митови дека вечер повеќе дебелее, туку ради забите енд стаф). Не знам како ти влијае диетава ама мој совет ако продолжи тоа со глукозата, да ја смениш. УН од секогаш ми била чудна со купот јаглехидрати.
@angelche16 башка 250 гр шпагети. Океј, касни шпагети, нема проблем. Ама до кај 100 гр., а не пола пакетче.
Не може цел ден со 100 грама шпагети да е. Али цела милка плус еден ред црно чоколадо Машала. Едно мало парче баклава од 60 грама има околу 250 калории. Колку за информација пошто денес Прочка.
Не не, ставив 100 гр шпагети неварени, а потоа испаѓаат како 250 гр варени. Само 100 ставив во водата.
Остави ти тоа, кажи како не ти се слоши од 80г чоколада и плус уште еден ред темна чоколада Шала на страна, не само што е штетно толку да изедеш, туку и во ун никаде не пишува за цела чоколада. Парче торта, три помали колачиња или 3 топки сладолед ок е. Како го читам менито за ун, сѐ полоша и полоша ми изгледа диетава. А кога ќе ми текне дека и јас ја држев
Иако УН е многу позната и као успешна диета јас не познавам една жена што ослабела и не вратила после. Ниту една. Може има не викам не, ама со УН слабеењето апсолутно не е здраво и квалитетно. Е лесно е, се трпи, ама според мене не е за некој што му треба 3-4-5 кила, тоа е за некој што има 30 кила за слабеење па да почне со УН и да продолжи со некоја поригорозна диета. Цело чоколадо за вечера, никакви нутритивни вредности, ништо здраво, ништо избалансирано...
Девојки јас денес ја завршувам втората хроно рестрикција, вкупно 56 дена режим, многу добро се чуствувам и одам на трета рестрикција, тоа значи уште 28 дена. Презадоволна сум од резултатот, започнав со 71кг а утрово се мерев и си видов 63че тоа значи 8кг за 56 дена, имам уште доста, додека не видам 57 не се откажувам најважно ми е што имам енергија, добро се осеќам, не сум воопшто гладна и гледам што е можно повеќе да јадам свежи салати и да пијам доста течност. Денешно мени: П: тестенини со домат, сувимеснато и сиренце Р: 5 ќебапи и огромна салата зелка, цвекло, мирков и краставица В: печени печурки и краставица