Прашав во групата на фб за чоколадото, дека нели благо е дозволено до 125 грама, а чоколадото беше 80 и ми рекоа чоколадото плус темна чоколада. Засега имам ефект вистина. Е сега и кога ќе ја завршам диетава ќе се ставам на одржување, па едноставно ќе си го гледам како начин на живот, не дека ќе се одречам од сѐ туку залче два колку да помини меракот и доста е. Денес бидејќи е прочка ем ми беше протеински ден ем нели таков е адетот да не се двојам, каснав стекче, малку свинско и 2 ќебапчиња и марула нормално. Доручек немав станав покасно а после тоа се брзав и не јадев овошје. Е сега за вечера ако каснам случајно едно батаче варено и салата или пак само салата ќе видам зашто денес на ручек внесов повеќе калории отколку што требаше, па да избалансирам.
Се рачунаат вкупниот број на калории во текот на целиот ден, без разлика кога како ќе ги внесеш во денот. Не се мачи на тој начин, не се изгладнувај со изоставување на оброк или претерано кратење од оброкот. Изеди си го батачето заедно со салатата.
П: пржени јајца, ‘ржан леб, салама, кашкавал, јогурт, 550 калории Р: крофна, 240 калории В: риба, салата, бело вино, охридско макало, 550 калории. Џаст денс пола саат плус 6500 чекори .
Тие 100 грама чоколадо милка би имале преку 500 калории и преку 50 грама шеќери. Не за друго ама повеќе од 1/4 од калориите ги внесуваш со оброк кој нема некоја добра нутритивна вредност. И проблемот е што 1/4 си внела на "оброк" кој не те ни најал, нит си внела нешто со него. Пак ќе повторам, све е ок да каснеш. Ама ако збориме за здрав режим за слабеење, цела милка дефинитивно не доаѓа у обзир.
Јас никогаш не можам да изедам цело чоколадо.И што пак сум дебела.. И кога бев на Ун вечерта не јадев благо туку пак тесто.Сум слабеела со УН до 5 кг. Денов од се по нешто.Благо не каснав ,бело брашно само 1 коцка питулици. Д. 1 јајце пржено со изварка и малку суво мевце У 1 јајце варено. Р-В ќе рачунам заедно:се измешав месо питулици салата подварок...и 1 чаша вино.Ама да не бев во темава ќе изедев сигирно дупло повеќе од се.. Знам дека утре ќе имам 1 до 2 кг и ќе се изгуби 5 ката напред што ја видов завчера ама тоа е...
Јас деновиве добро се држам, иако не сум ви пишала неколку дена . Редовно вежбам, не сум пропуштила ниедно вежбање деновиве . Денес најздраво се хранам од последниве денови, но сакав еден ден малку полесна храна за разлика од другите денови кога секој ден нешто благо си каснувам... -1.5кг последно бев кога се мерев, ќе се мерам деновиве пак, па ќе видиме следно до каде сум стигната.
Па на пример тој шо држи хроно диета на пример. За појадок таму е сланина. Во ун е овошје. Е сега мислам дека поентата на диетата не е само да ослабеш нели?
Сланина, лук и ракија за имунитет Фано Мене ако ме прашаш, ни едното, ни другото е ок. Најдобро е да има и протеин, и здрави масти, и јх за доручек. Али не е тоа темата. Туку дали е ок 80г чоколада за оброк вечера
Не. Едно е овошје или сланина, друго чоколада. Сериозно. Мислам ок, секој нека си одлучи за себе. Ама никој не може да ме убеди за било која диета дека е дозволено, дека може, дека не е страшно и сл. Шо рече ти, не се важни само резултатите, туку и здрави да останеме после диета. @angelche16 Вака најмајчински ти кажувам, пошто знам дека си млада, во групата на фб не се нутриционисти. Не сме ни ние, ама здрав разум е да ти кажеме дека Милка чоколада не е и нема да биде никогаш добра замена за оброк. Подобро да си каснела некој домашен колач со овошје, чиз кејк или сл. Ова е скроз нездраво, особено што имаше повисок шеќер. И тука ќе запрам. Рекла сам шта сам рекла
И јас полека ја откажувам УН. Имам ефекти од неа. Неколку пати до сега. Но ми здосадува а и дефинитивно шо вика една моја пријателка докторка, метаболички и биохемиски нити има логика нити нутритивно е здрава. Ќе се обидам со калориски дефицит и баланс на нутриенти. Учам од вас сите, читам по нешто и друго... А ќе почнам од утре и со пост. Ќе биде тешко ама... Да се лесни и благоугодни постите.
Мене ме интересира калориите на продуктите што се варат на пример ориз , макарони се сметани на 100 гр зготвени или пред да се готват или без врска ми е прашањево?
Готвени. Ама освен ако не мериш на вага, некако тешко да ги израчунаш. Едит: така се правеше муабет во темата за броење калории барем.
Ajde kazete mi nacin da se oslabi. Veke sum na dieta bez leb, blago, cokolado, gazirani pijaloci i nadolu nikako da odam. Gladna sum eksik, a brojkata si stoi