Мислам дека грамажата и калориите се однесуваат за термички необработени производи. Едно е сварени макарони, друго е сварени и потпржени во масло макарони, трето е сварени потпржени и запачени со сирење и дрн дрн. Пример, правиш тава ориз за 4ца и ставаш една голема шолја (250 мл) ориз. Ти јадеш 1/4 или помалку. Од тие сто грама пресметај 1/4 за твојата порција. За таа грамажа барај калории за печен ориз, варен ориз..
Видео срц. Поделено на две кај шо една жена спремна за вежбање седи на под(на левиот дел од снимката) и гледа жена шо прави претежок планк (на десниот дел од снимката) со кревање како склек па плеснува со рацете а нешто као џампинг џек прави и со нозете се ова во планк положба. И оваа го гледа тоа и зема си тура вино и чирс прај во камерата
Викам јас, среќа немам фб, да не гледам вакви стресови @fana другпат ваква сензитивна содржина ставај во спојлер.
Секој различно поднесува режими, диети, сланина , овошје...сите сме различни и дефинитивно секој за себе мора да одлучи што како...е сега и се има на интернет, буквално ама мора да пробаш што делува на тебе...колку многу сум се изгладнувала, со години сум имала нездрав однос кон храната, последнава година буквално учам што треба и кога треба...цел живот сум буцка, а после 2от пораѓај по 5 години лани имав килажа како кога ме мереа на тоа вагата во болница пред пораѓај Затоа сега памет у глава нема јадење се и свашта И постот малку е зафркнат ако не се пази на внесот на јаглехидрати , може да е меч со две острици...затоа полека внимателно и мора да биде уживање ова патување...
Апсолутно се согласувам, секој треба сам да знае што му одговара и каков режим ќе практикува. Темава е за да се подржуваме и мотивираме, а секој сам ќе одлучи дали ќе оди на нутриционист, дали ќе практикува хроно, ун, кето…. Во темава сигурно никој не дошол од што се хранел многу здраво и правилно, така да вакви коментари како денешниве ми се излишни
Мене пример совршено ми е јасно што ми предизвикува вишок ама има денови ко денес кога свесно си приуштувам.Ама незнам како може до толку да варирам значи од вчера сабајле до вечерва имам 1,6 кг повеќе... Треба да намалам и со мерењево... Ќе ве молам вие што постите деновиве редовно пишувајте ќе постам барем една недела и јас. Порано постев сите пости ама секогаш имав после неколку кг вишок .Затоа последниве години избегнувам
Си чини вагата .Ама ваљда задршка на течности поради внес на разнолика храна и алкохол. Јас па Ун кога сум ја држела тоа немешање на храна мн.добро ми делувало во поглед на подуеност ,овошјето наутро за метаболизам и не сум имала вакви варијации. Искрено тие 4 кг кои ги изгубив овие два месеци се си мислам се течности само оти разликата во изглед и обем е минимална . Деновите кога,испив повеќе течност најдобри резултати имав.Викендов о чаши вода
Добро утро диеталки. Денес поим немам шо да јадам. Нит идеја имам, нит нешто конкретно ми се пријадува. Лажам. Имам малку од печениот карфиол со сирење за кај 12. Колку да не се фрла, нели. За покасно.. ќе видиме. По сум за манџа ко леќа со колбас и патлиџан салата. Јаглехидратите ама... Ќе видиме. Слабо ме инспирирате за оброци, море испогледав видеа слики...што не. Леќа си е леќа. Топличко, вкусничко...лесничко )))
Жабо, јас на времево би топено сирење и плус карфиолот. Дури си мислам и за мене да си направам денес.
Со јајце немам пробано, не ми текнало. Крем сир, малку доматен сос и оригано, фета и на крај рендан кашкавал. Ко од кафана Уште фурнаринки да научам да правам, ама ќе го смачкам и така
Добро утро за викендов нема што да се каже, си јадев и мекица, месо, супа, салата, па и благо (маж ми да биде тепан со германските чоколади и оти ме падна на психа дека не треба да слабеам ), сега се осеќам страшно подувано а и една недела пред циклус сум, ќе се пие мача чај денес Ден 8, програма 2: - овесна каша - бадеми - пилешко со тиквичка и моцарела - детокс смути И сакам да пробам нешто нешто да извежбам, веќе одамна не ми игра притисокот, не мора да е challenge на Клои, ама нешто нејзино, не ветувам ништо, ме бара и малата дека цело време, 4 дена в градинка тргна и толку, се разболе
Денес превидено посно мени П чиа семе наквасено со вода преку ноќ, додадени 1/2 банана, 1/2 јаболко, 5-6 зрна сува брусница, 2 м.лажички микс од мелени семиња, 1 м.л. мед и 1 м.л. домашен путер од кикиритки (кој е всушност само блендирани кикирики без никакви додатоци) У шака лешници и наут Р посен грав и салата У домашни посни бомбици со овес, урми и кокос В не знам, ваљда салата
Утро! Утринските 30ки и планкот завршени, уште оваа недела 30, следна 40, почнав да ги правам без да имам мака веќе па мислам дека сум спремна за повеќе. Ништо не ме расонува како овој тренинг, ништо, а ми одзема само 4мин во денот, епа не е ништо во споредба со тоа што ќе го видам на вага. Вечер Тотал боди, ич го нејќам овој тренинг, многу ми е тежок пошто ми се префрла брзо од еден на друг дел од тело и ме нервира. Во исчекување сум на нов денс кардио предизвик кај Ана, едвај чекам, да сменам нешто во ритамот за да може да се спремиме за лето и топење на она што останало. Си најдов конечно сликите од лани летото, јас на огледало се гледам, ама ова сликиве особено ми даваат ветер у леџа. појадок-хулк омлет, ама е кајгана пошто ми се скрши, со авокадо и фета, малку поише ми излезе мислам, ама денес ручек за на работа не носам па може да се грицкаат само јатки или да се јаде некоја салата без протеин, се надевам протеинот од доручекот ќе ме задржи ужина-банана вечера-мислам дека ќе биде некоја салата