Се мерев сабајле, да се пофалам вагата уште отишла во минус. Се расположив, убаво почна неделава. Следно мерење во понеделник, сега се измотивирав уште повеќе да се посветам.
Обично во среда се мериме сите на темата и си кажуваме кој до каде е. Мене ептен мотивациски ми делува.
Прв ден од трета хроно рестрикција ај со среќа нека ми е П: лутенуца, авокадо, маслинки и варено јајце Р: сарма и домат В: туна и кромид Се мислам за утре, нели е 8ми март па дали да се почастам една цезар салата или пола пастрмајлија (тоа најмногу ми недостига овие 57 дена) кое е помало зло или да си седам мирна, да не ми оди памет во лошо
Не знам кај да прашам па ајде тука. Варени јајца одприлика колку дена траат и се добри за јадење пред да се расипат? Немам време ни да се завртам, па одлучив може е најдобро еден ден да зготвам за следните 3-4, пошто вака немам време за готвење и на крај секогаш завршувам со нешто нездраво. Конкретно за јајца ме интересира пошто ги имам често на мени, би траеле на пример до 4 дена?
Добар ден, Викендов бев на семинар со многу храна. Се надевам само дека вагата нема да ме казни. Не ни вежбав ради вакцината. Денес нов ден, нова недела и си одам по старо. Доручек: Овес со суво грозје и малку млеко Ужинка: Оризова галета со путер од кикирики и неколку суви сливи Ручек: Ќофте, малку пире и салата Вечера: Чаша млеко @fana купечка сланина може не е здрава, ама две овошки сабајле а брдо храна потоа каде што еден ден е само јаглехидрати исто не е здрав начин на исхрана. Со УН диета мислам дека панкреасите да можат одма и се спакувале да си одат. Таква збунка на организам ретко кој може да издржи. А ако веќе се фати за сланина и во кето и во хроно е може. Ама не мора нит таму нит таму. До изборот е и во двете. Во УН нема избор. Редот е тој. Ваков ден, па таков ден и пак во круг. Ама ако некому годи тој режим нека си го држи. На крајот од денот кому како одговара. Битно е што е одржливо на долг рок, а што не е за конкретната личност.
За јх вечера можеш да јадеш кроасан, млеко со бисквити чизкејк... Не баш цела милка... До изборот е Ми се допаѓа што ун има класичен ручек, баш ручек. Месо леб салата, манџа леб салата, макарони со салата ... Како што си јадиме вообичаено. Во хроно не ми се допаѓа глупавата рестрикција. Јајца пржени насабајле со леб со салата со све.. е ако сакаш јајца за ручек морало белките само и без леб. Навечер не може да јадеш друга салата освен зелена ( ) демек нема да ослабиш ако јадеш навечер домат ( ).
@fana ОК е. Ти си заљубена у УН и ОК е. Инакѕ и у хроно се препорачува салата секогаш и во кето и секаде. У Хроно само белки за вечера се јадат, за другите оброци цели јајца. За УН пишав нема избор зашто мора тоа што е за денот предвидено. И еден ден панкреасот ќе се убие од производство на инсулин, па друг нема и така во круг. Мене ми се гледа најограничувачка и небалансирана ич на дневно ниво, ама пак кажувам секој со свој избор. Се јаде малку сабајле па повеќе навечер. Која е концентрацијата што ќе се постигне за работење без храна е прашање. Битно е секој да стигне до целта и да остане со навиките што го донеле до таа цел.
-Кафе и варена пченица со ореви и мед. -1 тонус лепче со хумус да издржам до ручек -пола банана -Гравче тавче со 2 тонус лепчиња и младо кокарче Поснава храна ич не ми држи ситост.3 тонус лепчиња во 1 ден...
П: чиа оброк Р: пак чиа оброк В: месо со салата Не знам денес дали ќе вежбам. Нешто уморна сум, цел ден едвај го терам.
Ама сите диети имаат некакви рестрикции. Во Ун па не можеш да јадеш овошје во друг дел од денот, туку само сабајле за доручек. Јас сега со вежбањево не можам да се замислам на ун, и да не можам во текот на денот да внесам протеини. Не оти ми се јаде или сум навикната така, туку ми е потребно. Да, ќе ослабам, ама не масти, туку мускулно ткиво, што воопшто не е добро. Замисли еден овошен ден, јас вежбам цел саат, кардио, дигам тегови, и после тоа јадам банана, портокал и урми Инаку хроно не ја знам, ама и во кето има класични јадења. Јас пример се изнајадов манџи и чорби. Тука веќе се работи за информираност и свесност. Дали е приоритет само вагата да оди надолу, или и здравјето да се задржи. @mareane Баш вчера на тикток ми излезе видео од една жена која држела диети и сите биле безуспешни, сѐ додека не ги средила хормоните. Мислам ти спомнуваше дека ти е хормонски, ако се сомневаш на тоа, не е лошо да провериш.
Vlegov vo edni farmerki koi ne mozev da gi oblecam hahahah kefoj sum. Ispesaciv i za rucek malo parce meso potpeceno so morkovi potpeceni, za dorucek jadov gevrek, meguuzina heljda so malku kashakval i vecera jabolka i dve posni biskviti....go even harder.
Денес 26/90 скробен Доручек немав, не стигнав цело утро ми беше на брзање. Ручек 100 и нешто грама ориз, црно лепче, печурки и кромид. Вечера на пола без лепчето.
Вчера и јас не вежбав. Ептем омалаксана, млитава бев. Уште сабајлето ме болеше грло и си продолжи цел ден, еве и ова сабајле сум таква. Сабајлечки... топла вода и лимун. После кафе. Да го дотрошам лимонот (уште еден) што го имам па ќе паузирам со него. Кај 12 или некоја салата или кисело млеко. Кај 16 боранија мрсна и нешто кисело. Манџа си е манџа
Добро утро!!! Влегов во панталони 40ка..ептен се возбудив.. Вчера не вечерав само лимонада пиев.. Денес Д пченица варена со јаболка У леблебија со суво грозје Р леќа В лимонада Малку храна е ова башка без зејтин неделава ама убаво ми е..не се форсирам пополека..
Утро! Сите од овде на писта денес, таков е денот, сите сме убави и посебни! Осмомартовски си ги сработев 30ките и планкот, се дотерав во штикли и испешачив до работа, очигледно со скоро 30 кила мањак полесно е на штикла од вообичаено. Денес празнично ќе вежбам стомачни, не ги сакам, ама ќе издржам. појадок-гранола, грчки, путер од кикирки и малини, омилениот појадок денес ручек-врап со телешко мелено, салата, пченка и сос од пире од патлиџан, сенф и грчки вечера-салата, било каква
Нешто забушавав деновиве, утре не ви кажувам до кај сум, следна недела јас ќе се мерам Вчера ручекот го измешав, јадев пилешко и ориз, а вечерта и половина тост од ќере што остана Де нека ми удри некој карање, не знам зошто изгубив мотивација, а не ни стагнирав, си слабеев или пмс си игра мајтап и на нервна база јадам За денес, ден 9, програма 2: - интегрален леб со хумус и домат - шопска, стек или плескавица и супа - детокс смути - ужинки ќе видиме Убав ден женски