Ма не е битна конструкцијата тука што зборувате Сите има да не’ доведе до идеалното Инаку не знам зошто, ама јас не го сфатив како толкава навреда неговиот пост... веројатно дека не бев спомната јас Теди гледај на позитивната страна - баш убаво што не ти била точна пресметката. А за ова венериниов - јас немам колк, што да правам сега, да пикам чорапи? Струкот да се намали не е можно зашто во моментов ми е баш сведен на минимум, а мускули на нозете... добро колку и да може да се направат, сигурно нема да ме доведат до 90 Значи чорапите ми остануваат ... и ептен е цвикаторски потегот да не можеш да му ставиш коментар
Зимаш памук,го редиш,цак,цак,цак,со помош на партнерот,тој ти мести одмотана хабана трака на креветот и ти се тркалаш по него и тамам се лепи околу твоите колкови!Симпл! И чудно,никаде не спомнал гради...гради,ало гради!!! Јас сум увреѓена,иако не спомната.Ако имал нешто да каже,требало тука,а не да го користи тоа на својот сајт! Видете како и ги смалил цицињата...жално. http://telo2.com/?page_id=412 Јас сум иначе таа со 25,да се знае!Море вака коа гледам...изгледам ко за таа со 20,ама пресметкиве слабо некако... И не заборавајте,сликите се убава работа,ама математиката е прецизна ствар!
Јас незнам што се случува со мене Денес јадев житарици со млеко, едно чоколадо од 100 грама со вкупно 550 калории, 2-3 парчиња џипси, жими овде се контролирав, 2 мали колачиња. Засрамена сум! Една груба пресметка на калории како што пресметав излева дека имам внесено веќе 800 калории. До вечер не јадам! Оваа е заради недостаток на мотивација. Оваа недела сум тапа, не сум во ПМС, рано ми е, не знам што ми се случува ама како наркоман сум по благото.
Те фатил таков ден едноставно, нормално е и се случува. Па луѓе сме. Можеби денес нема да симнеш три кила, ама затоа утре продолжуваш. Ако имаш живци извежбај малку и ќе потрошиш скоро се, а ако немаш желба ни енергија само пиј вода и ако ти се јаде гледај протеини да внесуваш денес. Не ми се демотивирај. Олабави се малку. И нашиот желудник заслужува радости понекогаш
Има период на нејадење благо - абре пред мене да има 100 чоколада не јадам. Тоа се случува 5-6 дена. Али пр. седмиот ден како тебе Јуле неможам да се соземам од јадење благо. Лилит си открив што ме интересираше
Таа со 15% ја наведува како перфектно тело, е ако оваа има привлечен венерин индекс ко што кажува во другата статија јас глава сечам А градите иначе не се битни
Абе чекајте јас менувам податоци во екселов, а резултатите долу не се менуваат, пробав различни вредности да внесам за да го проверам Да едитирам, се менувале
и да не заборавиме дека бев малдо чупе 15 години, а сега сум млада невеста 21, и потешко иде каде каде Aбе Tеди, дигитронче да си купиш или дечково/девојкава не знае што е шала инаку јас за ручек јадев што ако не морски плодови варени со доматле магдонос, како манџа, лелелеллеле прстииииии изедов и за вечера си купив школки, може малце да се запржат на маслинов зејтин уф уф обожавам еј
Фала ти на подршката, имам такви периоди, у некоја фаза сум и благото и те како ми помага. Јас не можам да вежбам, тоа ме кочи. Еве оваа недела е таква, има такви денови, од утре построго и продолжуваме. Еден голем поздрав од мене и заблажете со еден ред чоколадо, јас частам
Извинете како да пресметам колку калории дневно внесувам. На пр од каде ќе знам колку има една банана или јајце. Ај на други производи пишува ама за тие што не пишува?
@Isabel, напиши на гугл how much calories has one banana etc. и ќе ти даде страни и ќе видеш. Унаку ZDRAVA KRAVA HR и имаш ако се регистрираш бројалица калорије - баш е супер.
Женетинки мои храбри, мои истомисленички во борбата против фрижидерот и неговите ужасни злодела, дада Георгина ви подарува нешто многу интересно и корисно http://swole.me/ Бујрум, калкулирајте, забавувајте се, се надевам ќе има фајде
Богами овој од Тело салата не направил и тоа без јајце, без зејтини, без ништо, суво да крцка и да гребе грлце ама, мислам дека ок му се пресметкиве и советиве, мада ииизгледа ко да не испердашил...али како тимско пердашењево го сфаќам јас ова, не само за Теди Теди се нашла само во прва борбена линија . Само и јас не го гледам ко навреда, пошто човекот е од глава до пети теретана man, а тоа си е нивни стил така мотивираат за здрава храна и вежбање и се трудат да демотивираат кога се залетува човек по помфрит, чоколатца, хамбургери... Тренерот по микс аеробик ми е таков за нередовните рече, од септември чоколатца и помфрит ќе нуди на тренинзи за да си ги мрднат задниците до зборно место Се мислам дали би издржала сега да му седнам и на орбитрекот после целосниов тренинг Тае Бо кардио.. или да оставам за покасно.. само ако оставам, тешко дека ќе седнам. Дур сум со топло тело и луда глава да пробам, па ако згрешам нека изгорам Ајде да здивнам секунда и да видам кај ќе ме однесе орбитреков
Јас денес сум посебна мрза. Пуштив да вежбам кардио, ама не можам да мрднам. Се ми е омалаксано некако. Едвај си го сварив оризот и толку е за денеска Ме мрзи и што пишувам и што гледам, не знам дали од пмсто ми е, ама за нигде сум. Ај барем немам ништо за јадење инаку ќе земев и ќе гнетев нешто Вака мирна глава.
ауууууу човеков од телоооо .......демек дава совети за слабеење и демек сака да им помогне на буцкастите луге, а секоја тема му е полна со навреди....глупави луѓе, имбецили, да се усвињи....итн. значи никаква контрола и вреѓање до максимум. Човеков изгледа дека не слушнал дека убавиот збор железни врати отвара....а и се што прочитав од таму не ми остави ништо позитивно....само револт.(а имаше интересни работи за читкање....али речникот ) не е важно....јас сум пак на диета....3ти ден на овошје и зеленчук само....утре 5 банани и 5 чаши млеко....и доволно ми е. за чудо не ме факаат кризи и немам недостаток на енергија. и добро е -1килце што инаку не ми е вода водата одамна ја исфрлив со оние 17килца пс. кога ке ја прочитам бројкава дури срам ме фака