Сум јадела јас овес со вода, како каша. Ок е, само бара зачини, на пример јас ставав малку мед, цимет и јаболко и беше врв! Ова непечено, не сум по печени јаболка, ама муабетот ми е дека овес со вода и со добри додатоци е супер. Какао, банани, ореви, мед, вишни, какво и да е овошје може да комбинираш…
Денес на мени Д: 2 мали портокалчиња Р: Во голема чинија надробив марула, кромидчиња, роквици и на тоа додадов конзерва туна ама прво ја исцедив. Ја зачинав со малку маслиново масло и лимон. Во прилог на тоа едно мало црно лепче, и супа околу 200мл. В: истото за ручек само на пола без лепчето и супата.
Епа драги жени после бременоста и накачени добри плус 25 кг ви се приклучувам на групата. Пред бременоста бев 58кг а на пороѓај заминав со 83. Моментална тежина ми е 71 кг а целам кон 60. Здравиот начин на исхрана не ми бил никогаш проблем всушност пред да забременам бев во најдобра форма заедно со вежбање и исхрана. Многу се депримирав со мојата накачена килажа ама премногу сум мотивирана да си ги вратам килограмите и не ми е воопшто тешко. Вежбав и во бременоста ама исхраната ми беше се спротивно од предходно. Иако сум со бебе, 6 пати неделно почнав повторно да вежбам барем по 30 минути и откако сум породена во овие два месеци симнав 7 килограми. Останатите од 83 до 77.6 ги изгубив во текот на пораѓајот. Утрото секогаш ми започнува со кафе и овошје или некое овошно смути или варено јајце со баланс јогурт. А вечерата ми е исклучена исто и лебот, газираното, грицките и брзата храна уште од пред бременоста. Всушност менито сега ми изгледа како тогаш пред да забременам. Да напоменам дека не дојам и затоа си дозволувам ваква исхрана Вчера : Цеден лимон и кафе Д- банана, мандарина, варено јајце и јогурт У- мешано една рака кикиритки,леблебии и суво грозје. Р- печен стек на грил тостер со салата од марулка,цвекло и морков В-немам Денес : Цеден лимон со лажиче мед куркума и ѓумбир и кафе. Д - мандарина, неколку урми, варено јајце и чаша јогурт У- една рака мешано кикиритки, леблебии и суво грозје и мандарина. Р- чинија гравче(запршката без брашно, само масло и пипер) со парче сиренце без леб. В -немам Вежбам претежно кардио,фул боди и комбинација на дијастаз стомачни вежби . Се читаме со нареден абдејт и се надевам ќе успеам во мојата намера. Со среќа на сите
И јас одамна ви немам пишано како иде. А не иде Се придржувам до исхрана ама вежбањееее.... Тотално сум без енергија и преморена, поготово со болештиниве на децава. Еве два дена по ред извежбав, денес се надевам на трети, ама муж ми ми мати програма, да сме иделе на коктел па у 9 да си земеме деца од кај баба и дедо. Денес: нескафе со млеко. Доручек- кајгана од две јајца во тортиља, урда, пола авокадо и сенф. Ужина- протеински печени колачиња. Ручек- интегрални шпагети со доматен сос од печурки и маслинки+ пола конзерва туна. Вечера нема да има.
Ова овесот кога мислите на овесни снегулки се однесува?Освен со јогурт и плус некоја семка не ми е инаку ич убав .И тоа чијата само потопена со млеко па после додавате тие додатоци?.Мене не ми успеа не се набабри ама ич.Ја додавам уз друго сега. Д: Овошен јогурт со мусли(ова готово беше нешто купено)Доста калории аич не ме најаде. Р: (повеќе ко ужина му дојде во 2 саатот)две тонус лепчиња со намаз и танок лист мортадела В: ќе биде пржен ролован ослиќ.И утре задутре ова ќе виде оброк оти никој не ги бендиса а сум ги платил ѓаол и пол.
@mareane јас купувам од ситно мелените овесни снегулки од Кам и ги варам со млеко. Додавам малку ванила екстракт, цимет, овошје по вкус, можеш и како топинг овошен јогурт и превкусни се. Мене вака ми се повкусни, отколку само потопени во млеко преку ноќ.
Јас од чиа страшен запек имав, пардон мај френч. Па баталив. А овесот ниту го варам, ниту преку ноќ го оставам. Ситно мелен купувам, попарувам со врело млеко, оставам пола саат отприлика, одозгора банана, нешто бобасто за киселкаст вкус и толку. Само не ме држи. Вкупно со баната и млекото околу 500 калории се а за пола саат гладна сум. Тоа е едино што ми смета, само калории ми се бројат а нема ситост.
Е дека не ги вариш, затоа не те држат Свари ги, убаво да згуснат, да добијат на волумен и после раат си до ужина
Не ги варам ни јас, ту мач ворк. 4 супени лажици овес, путер од кикирики, мешани семиња попарено со врела вода и мноогу малце млеко. Си купив денес протеини па ќе додадам и една мерица тоа утре без путерот @mareane за да испадне како што треба мора во првите пола саат да ги промешаш два пати па стави ги во фрижидер (за чиата зборам). млекото заблажено со мед па сабајлето додади си семки или нешто друго
Исто еееј скрос. Породена пред 3 месеци. Пред бременост 58кг, на пораѓај 84кг, моментално 74кг. И со исхраната пред бременост во беменост исто. Само што јас дојам и не сум за пишување тука на дневно мени, ама ја следам темата, си читкам секој ден, добивам идеи за оброци, нешто учам, се мотивирам.
И кога веќе пишав да пишам и за чиа семето. Јас чиата ја мелам и ми набубрува временски исто ко лененото. Имаше денови кога сакав чиа, ама не ми се чекаше многу. Сега мешам се овесни, чиа, ленено и потурам со зовриено млеко и то е то. Е сеа не знам дали е ок вака ама наједноставно ми е.
Утро! Денес ќе се вежба се што се пропуштило и малце поише. Олабавив од средата малце, ама не е страшно. Сега прво 30ките и планкот дур се праи кафето и доручекот, после ќе се чисти, па редовен тренинг и ќе се спрема ручек. Појадок-печена овесна каша Ужинка-некоја домашна торта ќе биде ама здрава некоја, ќе имам гости на ручек па да се најде Ручек-кокошка, салата и узо Вечера-некои солени палачинки ќе бидат, со спанаќ, морков, нешто така со лубеница и фета
Вчера туната дојде на ред. И марула и леб јадев.. . И не знам што се грицнав...чак и неколку смоки. Толку време немам јадено смокииии.. Денес спанаќолазањата ќе е на ред. Нешто попосле ќе повежбам пошто со денови не сум вежбала освен чучњеви,тегнење и стомачни. Ми фали Клои ама, енергија под нула,колена климави...ќе видиме како ќе сум денес. Без форсирање. Битно салото се тенчи. Ако не ова лето, следното ќе сум топ Нек мине циклусов оти, калории многу не јадам ама,се накај јх гравитирам.
Мојата комбинација е секогаш ваква, супер е комбинацијата Пола шоља овесни снегулки, една супена лажица чиа, една супена ленено, со една шоља бадемово млеко (ако немам бадемово во моментот, со било кое друго растително, само соја не купувам, но никогаш со обично млеко). Го правам од вечер и го ставам во фрижидер. Сабајле е спремно и сѐ е набабрено, па само пред работа додавам овошјето. Инаку, додавам и лажица путер од кикирики (за масти, да биде избалансиран оброк), а овошјето е опционално, што имам. Најчесто е една банана пасирана и една рака бобичасто овошје замрзнато. Некогаш и протеин во прашак, ама тогаш мора да дотурам уште малце млеко. Зачини како цимет, екстракт од ванила, мелени оревчиња опционално, а засладувачи не ставам ако имам банана. Банани ми се No.1 во исхрана, ставам во тесто за палачинки, во утринските каши, шејкови после вежбање...просто не ми е вкусно ништо без нив, и ако немам во шпајз банани ме фаќа криза Денес: Доручек- соленки во air-fryer (како кифлички), од овесни и хељда со јајца и урда, моткани во сусам, ги мацкав во грчка павлака. Ужинка- палачинки од овес, хељда и банана. Одозгора пире од јаболко и малце мед. (Обратно требаше комбинацииве, соленките беа планирани за ужина ама многу убаво изгледаа топли ) Ручек- остатоци од вчера Изгледа ќе го дојадам сосот за шпагети од вчера, со тостирано интегрално лепче. Ужина/вечера- ако ми се јаде ќе каснам од колачот за децата. Правев нешто као банана-бред, само со пире од јаболки, јајца и какао. Рецепт од инста, изгледаше на букчкуриш, ама ќе го пробаме после.
Добар ден Скробен ден 31/90 Јас денес поручек прескокнав бидејќи станав касно кун 1. За ручек јадев варени компири и брокула со цвекло зелка и морков салата. За вечера ќе јадам исто ама пола од ручекот. А сега ќе одам на пешачење па се враќам дома да учам
Денес се частам. Д овесни со урма и јаболка У јаболка и банана Р ослич и пинџур а со пинџурот и 3 кришки леб В некоја салата Леле цела недела малку храна сега како се најадов ммммм, по ваков ручек ми падна притисок од лукот има да спијам.
Вчера вечерата ја утнав. Шетавме па купивме италијански пршути, салами и кашкавал па мезевме уз вино. Денес доручек урда со јајца, малку ајвар, маслинки и едно парче леб. Ручек сарма од лозов лист и кисело млеко малку Вечера ќе видиме.
Се деси и тоа, стотката ја допрев... да, 100кг.Максимум што сум имала, а да не сум бремена. Цел живот со вишок, а желба , мотивација за слабеење нула. Сега у последно време кога се прејадам неможам да дишам,буквално. Тешко ми е у желудникот, ми се повраќа, киселини нон стоп.А многу сум вљубена во храна....благо, сокови..се! Примам терапија за висок притисок, и тоа не ме мотивира да ослабнувам Не си се свиѓам како изгледам, а сепак немам мотивација. Секундарно,навечер ке ми текне така ај од утре си викам, утре пак стара песна. 30год сум више, понатаму потешко ќе е.. Да се пофалам дека од утре стартувам со УН .. Ќе ми треба мноооогу подршка , затоа ви се обратив тука