Ах денес како дбро се јадеше ама и шопинг се правеше и во 36ка фармерка се влезе П: тостиран тонус, домашни пренајубави колбаси и таратур/таратор како сака нека се вика, изедено со сласт, одамна толку вкусно нешто не сум јадела Р: стек на грил тава и салата зелка, морков, цвекло и домат В: мало парче од стекот за ручек и пола краставица
Денеска мислам прекорачив со калории. Д.варен пченица со малку ореви 1 лајче мед и цимет Р: проја и финџал јогурт В.2 чаши вино ,малку сирење и пршута
Од нас поддршка имаш. Од тука до небо само ти остани мотивирана и за ништо не се откажувај. И сега да прекршиш нешто, со следен оброк и следен ден корегирај се. Почни со помалку калории. Ако до сега си била над 3.000, смали на 2.000 калории дневно. Смали леб, смали благо. Не исфрлај одеднаш ако не можеш малку по малку. И почни да се раздвижуваш. Пешачи. Супер беше вчерашната лазања без тестото))) следен пат спанаќ ќе си запечам со урда и цели јајца. Ко италијанска Паскалина пита, само таа има две корички горе и долу и во средина машала фил од спанаќ, сирења и цели јајца ставени да се задушат/сварат во рерна. Вчера ко плус, испив и цеден портокал, изедов и едно јаболко. Другото се по прописи. Денес... пушено месо, карфиол, јајца.. со шопска и маслинки за ручек. Кај 12 стандард, ќе ролам марула со што има во фрижидер и евентуално пилешка домашна крем супа.
Утро! Вчера беше калакурница ден, нема што не каснав откако си дојдов од шетање. Капак правев благо и од тоа не знам колку изедов и сега ми е толку тешко да не можам да дишам исто како кога јадев без контрола. Денес ќе се чистиме малку со чајчиња, лимони цедени, вода, смудиња... значи денес нема јадење. Не за да се казнам, скраја да е, за да не ми стои несварена храна во желудник и да ми е тешко. А ќе извежбам и нешто, ќе пропешачам со дете и куче до кај сестра ми, ќе ми олесни. Така да денес рапорт на храна нема. Убав ден! Одам да извежбам утрински тренинг.
И денес убаво започна денот, со убав доручек, како што е редот П: пржени хроно лебчиња со јајце, малку сиренце и домат Р: пржена риба ослич, карфиол и тиквица печени во рерна и салата краставица, домат, кромид (нешто како шопска без сирење ) В: немам план, а сигурно ќе се вечера бидејќи имам доста апетит, за некој ден треба да добијам
Јас па уште не сум ни поручана имав многу обврски па сега ќе ручам. Р: Едно и пол интегрално геврече со ајвар и некоја маслинка В: смути со чиа пола банана малку павлака замрзнато овошје и одозгора топено црно чоколадо.
Не ми се верува дека се разболев од многу благо изедено, значи болна левел ќе се умира од мака во стомакот. Немам тт, немам други симптоми освен чувство како да сум затруена. И после нека ми каже некој дека храната не може да биде и отров и лек. Денес диета на течности, од утре ќе видиме.
Да пријавам кафана од вчера ама само 1 џин тоник и јадев тиквички печени и мешана салата. Е затоа е добар постот, си постиш и не јадеш бечка шницла, ребро во фурна нит некое поховано зденче или кашкавалче строго посно... Денес Д хроно пита У јаболка Р туна со интегрален ориз У 1 кришка леб со путер од кикирики и малку мармалад. После долго време мармалад ми дојде многу благо ама ми се пријаде па се почастив. В само салата и лимонада
Д палачинки од леќа со малку сирење и маслинки Р пржен ослиќ В хроно пита и јогурт. Многу ме бендиса мх,мх..@andrejko82 имаш частење за рецептов.3 дена не се думам сега барем за 1 оброк.
^ кај го има рецептот? Не сум во тек. Луѓе, веќе некое време стојам во место. Осеќам дека губам мотивација. А и ова родендени , прослави секој викенд ме отепаа Не јадам којзнае колку, внимавам , ама стагнирам. Цела недела постам. Само првава и последната недела, здравје планирам да ја постам. За 1 месец изгубив 4 кг, од кои 3 и пол во првите 2 недели
Вода заборавила да пише 250 мл. По нет барај ја како хроно раванија. И јас стагнирам. Ама слабо вежбам и пешачам периодов. Јас неполни 4 кг за месец и пол и толку.Две недели сум статускво.
Мислиш може место со праз да се направи со спанаќ, или не трпи промени рецептов? Мразам праз, а на слики по нет делува ептен убаво питава.
Сигурно дека може. Јас вечерва со змрзната мешавина некоја од фриз(лисја од праз пиперка патлижан) ја направив... И јас планирам следно со спанаќ да пробам. Еве како испадна кај мене..Малку наопаку сликава ама се гледа.
Ми се јаде ми се плаче денес многу малку калории внесов.. Ме фати некоја криза ама па ќе легнам сега ај.
Е баш ми е мерак дека ве бендисала хроно питава, @mareane и баш убаво ти излегла..многу е проста и брза за правење а навистина држи и најадува..и може со се да се прави, кој како сака.. За денес Д овен со урма и јаболка У парче хроно пита Р ориз интегрален со туна и салата В салата Сега за сега добро ми оди постењево, супер ми е..
Утро! Имав ужасни 4 дена позади мене, јадев лошо, не вежбав како досега и тоа ми направи проблем со цревата, гасови и опстипација. Се враќаме назад од денес, да се средам, оти не се трпам вака. Утрински ги извежбав 30ките и планкот, денес Тотал Боди ми е на ред да вежбам. појадок-галети со некој веге намаз ужина-урми ручек-салата со туна вечера-грашок потпечен со малку мевце и моркови
Добро утро Леси се враќа дома оваа програма баш ја зезнав што бев болна цела недела ама нема откажување, ќе ги свртам до свадба два пати програмите, имам време мислам. До први април да видам 79.9 барем А да, и да не беше тука темава, ќе се откажев после ваква недела... Во среда и ќе земам вага за да се мерам наутро, бидејќи се се мерам после испиен чај и кафе и литро вода Денешно мени: - овесна каша - пилешко со тиквичка и моцарела - детокс смути Ќе поодам на трака колку можам со книга во рака, инаку ми досадува брзо траката @angelche16 колку си високо девојче? Те видов во модни критики мислам беше, не ми изгледаш ко со голем вишок кг, барем по мој вкус, на сликата баш убаво изгледаш
Добро утро и од мене. Викендов не беше сјајен, ама не беше ни лош од аспект на храна. Имаше малку претерување на моменти ама со оглед на тоа што и добив во Сабота не сум многу потресена. Попотресена сум што се нешто не можам да вежбам. Не вежбав пред минатата недела па минатата вежбав два пати, па вчера пак не вежбав (од оправдани причини врзани со крв). Од денес внимавање и тоа е тоа. Денес доручек: Овесна каша со суво грозје и малку млеко Ужинка: Се мислам за моркови со малку вегетаријански намаз Ручек: Бургер (дома правен од 100% телешко месо) со марула и патлиџан. Ќе се обидам да не каснам леб ич или да каснам едно мало парче Вечера: Млеко @curious-doll добредојде. Се надевам дека ќе имаш успех со диетата. Пробај и малку физичка активност да зголемиш за да зголемиш ниво на енергија.