Добро утро диеталки. Викендов не беше сјаен ама не беше ни страшен, добро се држев. Вчера завршив со видео од insanity workout, 40 минутно потење и цедење. Дали некој има вежбано по оваа програма? Да се дружиме во маките. Денес ќе правам само вежби за задник, ќе одморам од кардиото. На мени: Доручек- горко турско, смути од една мала банана, малини, аронија, лажица мед и малку разредено млеко со вода. Ручек- Манџа грашок со мевце, парче црн леб и салата. За вечера сум на роденден така да ќе се касни парче торта и нешто плус. Ќе гледам да не претерувам. Ви посакувам успешна работна недела.
Денес 34/90 Овошен ден некако баш ми е супер за детоксикација. Од наутро до сега две кафиња два портокали, вода и сега лимонада со цимет. Ќе си правам за брзо овошна салата со јаткасти плодови ммм
Денес воопшто немам апетит, незнам што ми стана П: тостиран тонус, намаз од авокадо, едвај едно варено јајце и неколку маслинки Р: варена свежа зелка со мелено месо, манџа В: вечерава немoжам да ја планирам однапред, некогаш јадам некогаш не, гледам да е количински помалку и да не е после 20h И одамна не сум пишала дека пијам многу течности, посебно вода, буквално секој ден ми започнува со цеден лимон и млака вода, после доручек кафе, скоро 2l вода и по сто пати на ден во wc
Фала многу Ванилка Па ете некоја средна висина да речам 1.70 сум. Е сега мене не ми е проблемот во стомакот, секако од никогаш сум немала голем стомак, малку салце имам на него ама нормално, таман е тој. Мене ми е проблем во бутките, големи ми се и сѐ што јадам ми се лепи на нив и во задникот катастрофа... имам голема кралица а не сакам толкава.. Ако не друго ето барем нека е до 70 кг, или евентуално ако успеам и до 68. Заради тој дел изгледам крупна.
Значи иста цел имаме, и јас сакам 68-70, висока сум 1.68 Карлицата не може да се смени таа е, и колку и да си минус, пак колковите остануваат воочливи, како да кажам.. Таква е градбата едноставно, сум видела и слаби девојчиња со оваа градба наша, колковите им стојат уште, не им се секирај толку на нив Да стигнеме до посакувана килажа и да сме здрави
Д кафе 3 во 1,една голема палачинка од лешта со хумус и 5 маслинки. Р 1 полнета пуперка, 1 лепче тонус +салата. В хроно пита и јогурт. Од питава ќе имам цела недела изгледа.
Озбилни каде сте?? утре сите на вага!!! @malerozna одмара, @Espadrila списокот спремен ли е? За денес Д овес со јаболка У банана Р гравче ама ќе пробам без леб само салата В салата Нешто слабо вода пијам ќе почнам пак да мерам друг начин нема вооптшо не ми текнува на водата
Рано е за мојот список. БМИ следен месец, јас ТАЈ список го водам и ажурирам . Неделен список и немаме уствари. Онака си реферираме.
Утро! Издишав готово, абе 2 дена вежбање ми се доста, одма се дишам. Секако јасно ми беше дека вака ќе биде цел живот, таков ми е метаболизмот. Ми се смири метаболизмот. Извежбани 30ки и планк, денес стомак на ред. појадок-урда палачинчиња со лутеница и маслинки ручек-салата со туна и јајце, требаше вчера ама пошто бев на роденден таму јадев салата со сирење и пилешко 1 парченце мало, така да денес ќе ми остане ручекот од вчера вечера-мислам дека ќе се потрудам да ја направам таа хроно питата, да имам опција за повеќе оброци
Со која диета? Имам пробано се што може да се проба во борба со килограми, додека не се деси кликот во глава и не почнав да вежбам и се хранам здраво наместо да бркам диети 5 кила за 20 дена, не ослабев.
А бе претпоставував дека онака ме закачаш, ама шо ќе шкртнам,,,,мудро молчам... Вагата не ми мрда, ама устава мрда со постот...
CLA помага само во комбинација со редовна здрава исхрана, вежбање и кардио. Не знам на која диета си ти ама ако не внесуваш во организмот сѐ што треба и колку што треба само ќе го успориш. Ниту една блогерка или инфлуенсерка која ја следите за фитнес и исхрана не е на диета и не сугерира краткоктрајна диета туку здрав начин на исхрана кој треба да се следи секогаш. Тука е клучот. Здрава балансирана исхрана, многу вода и вежбање. Инаку, капсулите се добри. За таа цена се ок.
Добар ден Денес на мени; - интегрален леб со хумус - пилешко, шопска и супа - детокс смути Утре мерење Се надевам само дека немам качено од последни 84кг пред 2 недели кога последно се мерев, бидејќи додека бев болна беше хаос, само бисквити млеко, чоколино итн, нешто што се голта полесно, калории небитни беа а и имав cheat night кој помина со многу алкохол Среќно утре девојки
Ај добро утро на сите Денес за доручек едно и пол јаболко и две турски Ручек марула салата со кромидче и роквици и ребро негде околу 250 гр и супата да (ќе ја заборавев) И вечера исто малку мевце и салатка. Ама па на роденден сум вечерва ако не друго барем парче торта ќе каснам срамота е како претходниот пат, вака ме гледаа цело време А инаку додадете ме во списокот и мене, ме нема