Добар ден девојкии се мерев (ама по тренерки јас, ладно е за гола ), и имам 82.6кг. На последното мерење пред две недели имав 84кг. Океј е, супер сум задоволна со оглед на тоа што не го пратев режимот баш тие две недели, ама -1.4 е одлично. Се ближи свадбата, првата недела од јуни, не знам дали ќе стигнам до 70, не знам што да вклучам друго, од активност пример, исхрана немам намера да кратам... А ќе си земам и детокс програма во траење од 7 дена, најверојатно после третата здравје а и пред свадба ќе ја повторам Денес на мени, ден 17, програма 2: - овес со кефир - интегрални тестенини со болоњезе сос - детокс смути Вчера имав плус 2 реда црно чоколадо на менито. Убав ден девојки
Јас сум -800гр, пресреќна! Видно ослабната, другарки со кои не сум се видела три недели вчера ми викаат жено што си направила морам да признам убаво е кога некој тоа ќе го примети Се вратив и на вежвање, фала му на Бога кичмата помина… имам уште за симнување но до сега сум презадоволна, и веќе размислувам како да си се одржам кога ќе престанам со режимот, зошто не е цел само да се симнат, туку и да не се вратат вишокот килограми. П: тестенини со запржен домат, пршут и моцарела (частенка ) Р: пак стек со марула, краставица и домат В: без план за вечера
Добар ден, Денес -300 грама од минатат Среда. Јас сум задоволна со оглед на тоа што имам добиено во моментов и не вежбав нешто многу. Вчера вежбав сепак полесни вежби да не биде без ич. Денес доручек: печена киноа (од замрзивач) и јогурт и секако смутито сабајлечко Ужина: Сега пијам кафе па покасно ќе видам нешто овошје да изедам. Ручек: Пилешко со морков и компир и марула салата Вечера:Млеко
Јас денес ќе го прескокнам мерењето, во пмс сум, подуена до немај каде. Само ќе се разочарам ако се качам на вага. Чекајте ме наредна среда.
И јас наредна среда. Колоквиумска ми беше неделава, затоа ќе скокнам мерење, под стрес дека бев малку.
85.1, 800 грама неделава. Има шанси да видам 7 напред до мај. Почнаа да ми паѓаат панталоните, сакоата ми се оверсајзд, ќе мора пак шопинг. Денес 2 кафиња и 2 мандарини. За вечера немам идеја, ќе се бара нешто во замрзнувач.
Д Варен ѓеврек со чаша јогурт У кафе,смути +јаболко Р: ориз со томатело и златна мешавина и 1 корнишон Пак јаболко и кафе. Се надевам толку ќе биде.Лошо ми влијае минусот на вага, се опуштам.
И јас да реферирам денес. Слично ко повеќето, со грамови сум во минус. Ама нели битно НЕ СУМ ЗДЕБЕЛЕНА, ако не сум ослабена. Сега само ОЗБИЛНО Моите грамови од минатата недела се - 400...па... Све е боље од ич или од плус. Еве еден поздрав... Се насмеав на сликата, ама ова не сме ние.нели. Ова е за некои неозбилни
Добро утро девојки, ве нема Вчера на менито имав плус две јаболка, ужинка. Денес на мени, ден 18, програма 2: - смути со овес и банана - леќа манџа и салата - детокс смути - за ужинки ќе видиме - овој ден од програмава се осеќам некако гладна поради смутито течно, па и манџичка после, така да може и ќе вечерам таратур ама ќе видиме Убав ден имајте
Утро! Утрински извежбани 40ки и пленк 2мин, со чучњеви немам мака, можам и 100 без пауза, ама со склекови.... Ама кога си ги гледам рацете колку ми се истенчени, овие перничињата на грбот дека ми ги нема, клучната коска испакната, рамената дефинирани, градите прибрани не кипе, само стомакот е критичен, се друго е веќе потаман. Пред 10м кога почнував ми се гледаше предалеку овој успех, сега се прашувам што чекав досега. Денес ќе се вежбаат попладне нозе и задник. појадок-гранола со грчки, путер од кикирки и малини ужина-банана ручек-интегрална паста со брокула, пченка и наут и пола грчко јогуртче да дојде ко сосче вечера-палачинки од некоја житарка, солено со фета и лутеница
Извини вака доцна што се надоврзувам, сакав да домуабетам за салатата. Те прашав оти сакав да ти сугерирам ако салатата ти е само зелениш тогаш добар избор е да го додадеш и мевцето за да ти се комплетира нутритивно оброкот. А на пример ако не сакаш мевце, додај малце варен наут или црвен грав или пченка или киноа за јаглехидрати, и урда или моцарела или печурки за протеин, и маслинки или авокадо или семки од тиква за масти. Доволно е по лажица-две, чисто да се комплетира оброкот со свежиот зеленчук, бидејќи реално само марула/рукола/спанаќ/краставица/домат/зелка/цвекло/итн е само прилог. Мој предлог, а ти како сакаш.
Не реферирав јадењето вчера Појадок 2 мали тоста со посен кашкавал со црн леб со семиња . Ручек ориз со златна мешавина и макало од компир и праз и лук...со 2 парче леб со семиња на жито лукс. Ужина ... и тука утнав, ама ептен бев лукосона, ми требаше нешто да ми дигне системот, 2 -3 мали топчиња посни пиварки. Барем убави беа (оти купечки, може да се погодеа и бљак ). За вечера ништо. Слабо сум со пиење вода!!!. Не знам како да се искоригирам по ова прашање. Ќе се трудам нешто као шише на биро, па да пијам....ќе практикувам 2-3 дена , па ќе баталам....
Јас едно време имав ставено потсетник на телефон преку "TickTick" апликацијата. Си носев секаде со мене пола литарско шише и на 2 саати имав потсетник пола од шишето да е испиено. Ако не сум испила, тогаш допивав. Во принцип треба постепено да се пие вода, ама па и чаша на екс на секои 2 саати е подобро отколку да не пиеш ич со саати.
Добро утро друштво набрзинка да ве читнам и да пишам дури бебето ми спие. Сабајле на мерењето ја видов долго очекуваната 6ка напред, иако беа 69.7 изгледаше надежно, барем да знам дека маката не ми е залудна. Наредно ќе се мерам за две недели, гледам дека повеќето така правите а и тоа е правилно а не ко мене секое утро обесена на вагата. Во врска со вежбањето си смислив план сама: понеделник кардио и задник,вторник кардио и раце, среда хиит пилатес, четврток кардио и стомачни, петок фул боди хиит, сабота пилатес,недела ништо или само растегнување. Во врска со оброците... Вчера Д; банана, 4 урми, мандарина цеден лимон и нескафе топло без млеко и без шеќер нормално У: леблебии со суво грозје Р: салата од варени компирчиња,кромид и магдонос со околу 150гр свинско. В: нема Денес: Д: банана, 4 урми, мандарина нескафе исто како вчера. Р: ќе биде спанаќ со пилешко В: нема да има Денес беше на мени утринско кардио со стомачни а вчера хиит пилатес. Се надевам дека до почеток на јуни ќе ближам до 60кг. Многу сакам да можам да повежбам повеќе од 30 мин ама бебка не ме остава, да бидам среќна и толку што можам реално со бебе од 2 месеци некако вежбањето е луксуз ама му го зедов редот, неговата дремка од 6 и 30 до 7 секое утро ете паметно ја користам. Имајте си убав и продуктивен ден
Да, советот ти е сосем на место, но сум на УН диета и тоа не е дозволено. Се јаде пола од ручекот па затоа.
Денес Д овес со банана и јаболка У јаболка Р леќа , да си ја дојадам од вчера и салата В салата и лимонада Вчера како се извежбав топ ми дојде, може и вечер ќе извежбам некои видео на Клои имам во најва вишок време..
Добро вечер Денес доручек: овес, путер од кикирики, брусница, млеко Ужина: колаче и кафе (со колешки во слаткарница работевме 5 саати) Ручек: зелка манџа Вечера: млеко Денес ќе вежбам иако сум настината. Нема лабаво.
Д јаболко, кафе,пола јаболко,кафе Р хроно пита,кисела краставичка, 1 мала плескавица. В чаша млеко со бисквити
36/90 јх ден Денес поручек прескокнав, не стигнав да јадам. Ручек марула салата и пециво со спанаќ. Вечера наместо да купувам благо со многу калории и нездраво гледав видеа и решив да си направам. 20 грама овесни снегулки со малку вода ги сварив и им додадов цимет внатре, друг слој одозгора од збрегов 100 грама протеин пудинг од кокос и бадем. Одозгора над тоа истопив црно чоколадо.
Zdravo Sakam da prasam, so bebe sum go dojam, uste nema ni 2 meseci, sakam da padnam so kilaza znam deka ne odi vendnas, postepeno... Prasanjeto mi e so mozam da jadam da ne e leb koj me sdebeluvaa , da skratam nesto no da vnimavam za melkoto da ne mi prekine posto neli moram tecnosti i da jadam za da imam mleko, nekoja so vakvo iskustvo so mozam da pravam da pocna da pagjam na kilaza, imav 60 kg sega sum 70