Да, ама јас тоа сега не може да го поправам. Од 11 годишна возраст почнав да снемувам мускулна маса и телото почна да ми станува меко, со сало, и иако јадев нормално отидов многу со килажата напред. Наскоро ќе одам на ендокринологија ако се отвори термин бидејќи мислам дека.имам хормонски.дисбаланс. Ви викам кога јадам не слабеам. Два месеци да јадам нормално одма одам 12 кг плус минимум а тоа е многу. Сега не се изгладнувам до толку ама пак гледам да сум во калориски дефицит во текот на денот и плус да имам висока физичка активност. Кога седам или пешачам само немам резултати.
Секој да не јаде ќе губи тежина, но тоа не е здраво долгорочно. Организмот си го упропастуваш. Можеби треба да пробаш со протеинска исхрана, со многу мал внес на јагленохидрати.
Зависи што е нормално според тебе. Немој да ме сфатиш грешно, само си дискутираме. Ако имаш желба и време, пиши отприлика што јадеш и колку, па може ќе дојдеме до заклучок и решение. А што велат докторите штом од 11 години имаш некаков здраствен проблем за такви варирања во килажата?
Wow. Толку погрешно мислење за работата и функцијата на организмот одамна немам прочитано. Жалосно е ова. Бидејки е форум и секој може да напише што сака, нема да го пријавам мислењево, но еден апел до сите млади девојки кои читаат овде: ова горе е КАКО НЕ ТРЕБА да правите. На овој начин само ќе си го упропастите телото и здравјето. Килажата се средува со здрава и балансирана исхрана. Ако не знаете сами како треба, постојат професионалци да ве научат.
Ti blagodaram mila za izgubenoto vreme i ubaviot odgovor vo koj imas nabrojano dosta namirnici, ce probam i sto povece voda da piam kako sto imas spomneto, i isto okolu rucekot ce geldam da zemam povece namirnici so vlakna ,
Ти треба баланс, не дефицит. Јас слабеам со 2000-2500 калории дневно само затоа што секој јаглехидрат го комбинирам со протеин и/или маст. Дури и чоколадо кога јадам и кафе кога пијам, комбинирам со грчки јогурт на пример. Со дефицит ништо не си постигнала до сега, нема ни понатаму. Почни да јадеш повеќе и ќе видиш како организмот ќе се избалансира кога ќе научи дека нема да го изгладнуваш.
нема потреба да си без храна по неколку дена у неделата. можеш intermittent fasting х саат заврши со јадење до следен ден, ограничен бр калории и под 40-50 гр јх дневно да тераш и ќе слабееш. Комбинирано со физичка активност... пошто, У темава не има и со здравствени проблеми и терапии ради кои сме качиле кила и бременост и се и сешто што допринело за вишок ем и бавен, бавен ко твојот метаболизам. Многу озбично пробај истото што и јас го терам, ќе видиш ефекти. Плус, види по колку слабеат луѓето неделно, ќе видиш дека бавно им оди на сите. Не си само ти внесувај протеини, имај ручек што ќе те држи, после до следен ден биди на течности. Научи го телото на оброци без грицкања и периоди у денот без храна да го обработува изеденото и салото што веќе го имаш. Те сфаќам за муабетот..и јас добар дел од диетите со три оброци и ужини да ги имам не што не ќе ослабам,ќе се здебелам имај у предвид на физичка активност секој ден,без јадење..срцето кад тад ќе покаже, а и коските зглобовите. А ќе дојдеш у години,состојби..кога од многу вежбање, не ќе можеш ради скапани колена, стапала, зглобови... ама па, ти си знаеш
Д :овошен јогурт со овесни У: мало крофниче Р :2 тонус лепчиња со хумус танок лист кашкавал и печеница В ќе биде нешто зеленчук салата само.
П: чиа со путер од кикирики и банана Р: овес и ленено со путер од кикирики и банана В: мусака, малку шпагети, малку чоколадирани кикирики. Утепав со кикирики денес До сега 7.600 чекори, до вечер ќе има уште.
Кикирики во лушпа беа порано а сега путер од кикирики,сникерс.... И мојата салата вечерва испадна ѓоа руска.Златна мешавина со 1 лажица мајонез и 2 л.јогурт.
Можеш тоа на децава што сметаат дека 5 кила вишак им е многу да им го кажеш, не мене со 40 кила вишак, те молам. Јас качив од погрешна терапија 30кг во 1г, скроз знам што и за што зборуваш, ама твоето не е здраво и ти имаш проблем со исхраната, а тоа довело до хормони дисбаланс очигледно, проблеми со здравје. Очигледно си млада, рачунај дека некогаш можеби ќе посакаш да родиш, да имаш деца, вака си го уништуваш здравјето. Не ти ја знам килажата, висината, ама колку и да имаш, на овој начин не се слабее. Требало оддамна да посетиш ендокринолог, уште кога си приметила дека нешто не е во ред. Познавам 2 жени како тебе, и двете успеаа со здрава и избалансирана исхрана, а потоа и со вежбање да набацат мускулна маса, да оформат тело и да се доведат во ред. Едната јадеше пола кришка леб на 3 дена, на 2 дена по 1 јаболко, чаша јогурт еднаш неделно, пиеше само кафе, чаеви и спиеше по цели денови, додека не ја однесоа на доктор и не и кажаа дека нејзиното е болест, најдоа добар нутриционист (не сум сигурна мислам дека Митови го консултираа), сега е мајка на близначиња. Што поскоро се доведеш во ред, тоа подобро, зошто ова твоето ноќе е нормално. А јас денес сконтав дека заокружи 10 од новиот живот, по тој повод направив една компарација на фармерките што ги носев низ овие 10м, последниве ги купив денес, исти се како претходните само 1 број помали а дури 5 броја помали од првите. Извежбав, сега да се истуширам и у кревет, утре ме чека домашно кардио (генералка) И кардио тренинг за нозе кој планирам ако е убаво времето во Сарај да го направам.
И јас да пишам овде Од 10ти февруари почнав со тренинг дома од некои пола саат и постепено накачував, стигнав до 1 час и со здрава храна без бел леб и благо Последнава недела, од понеделник наваму имам вежбано 3 пати, но 3 пати јадев благо и 2 пати јадев тост Резултати имам, се гледа од авион дека задникот ми е поцврст а стомакот намален со оглед на тоа дека се породив пред 9 месеци со царски и после тоа дека доев не пазев на исхраната Оваа недела дали и дека пред добивање сум неможам да одолеам на ниедна храна И не дека не сум активна, цел ден со малото натаму наваму, со количката надвор ама имам грижа на совест Што убаво имав затерано, режим, се знаеше што и како ама ете И ве читам секој ден, оти сте ми најголема мотивација да станам да извежбам Срцки сте, се надевам брзо ќе се вратам назад на старите навики
Утро! Дур зоврива водата за на синко тараната денес ќе се извежбаат 40ките и планкот, а после ќе се појадува. Денес ќе се трошат многу калории. Кардио за нозе на ред и чистење дома и тераса. Појадок-вчера не ја изедов пројата па денес ќе се изеде Ужинка-банана која што исто не ја изедов вчера Ручек-тестенини со морски плодови Вечера-овесни палачинки со овошје и путер од кикирики
Здраво девојки Денес на мени: - брускети (двопек) и варено јајце - мусака со тиквичка - детокс смути За вчера нема да се изјаснам
Од 11 години губиш/ не можеш да задржиш мускулна маса и уште немаш отидено на лекар?Колку години имаш?
Денешно мени: П: пржени хроно лебчиња со јајце, парче сирење и домат Р: остана риба од вчерашниот ручек, секако дека нема да ја исфрлам + салата В: за вечера многу тешко, имам милион обврски, никако неможам да стигнам да јадам до 19-20h, а после тоа ми е мн доцна, и ова е грешна, во денот потребни се три оброци, ама со мали деца и ова што успевам да го направам сум пресреќна
38/90 Протеински Р: Две бутчиња за ручек, спанаќ кромидче и мало интегрално лепче. В: Две бутчиња за вечера, со свеж спанаќ салата ќе ги направам без леб нормално.
Убаво попладне! Денес утрински пилатес и кардио,неочекувано добро потење. Немав ич време оти ми се најавија гости за утре а станот бомба. Па така каснав од нога една банана,кафето претече,пиев дури попладне капучино...ручек благодарение на мајка ми,супа,мешана салата и риба и една чаша вино. Вечера нема да има. Десертот допрва се очекува зависи од домакинката со уште едно горко турско. Утре вежбање нема, ќе има гости и свинско со пекарски компир. Проблем ќе ми направат еклерите и бајадерите . Ве поздравувам друштво