Што убаво се држев денеска и со јадење и со пешачење . Ама вечерва ја оплескав Внесов калории колку за цел ден . Д овесна каша со јогурт овошје и лајче мед.За првпат убава ми беше,ваљда поради медот Р. ориз со златна мешавина и 1 батаче. В чаша( 200 мл) кока кока кола парче пастрмајлија и 1 фронди стапче Мачно ми е сега од белото брашно ваљда ама стрвен г'з. Чекори 9000.
Јас оплескувам сега и имам грижа на совест... Ах овај дечково онде шо прајт пилешки крилца со чипс и вино ахх
Те видов во темата со модни критики, стварно мислам дека со друга диета помалку ќе се стресираш а повеќе ќе имаш ефект. Внеси и физичка активност, УН ќе ти симне 5 кила и нема да мрднеш, немаш ти некоја голема килажа за симнување. Утро! Рест деј! Нема вежбање, само ќе си го направам 40ките и планкот сега и после ќе шетам. Оваа недела не утнав тренинг, вежбав по 1 левел само и редовно по ден како што треба. Од утре пак ќе си вежбам по 2 левели. Си сакам дека така сум самосвесна и знам кога да прекинам, направам пауза и продолжам. Појадок-по желба на синче овесни палачинки со путер од кикирики Ручек-ќе јадам некоја лесна салата ваљда, а може и ужина да земам поголема место ручек зошто ќе имам вечера обемна а рана Вечера-спанаќ со јајце и пилешко, тоа уствари е ручек кај свекрва ми ама на мене ми е доцна за ручек
Денес 70ти ден хроно режим П: тостиран тонус, две јајца на око, еден домат Р: 4 кебапи, неколку печени компири (компирите се грешка), салата огромна и плус кромид В: мало парче стек и зелка салата Денес направив неколку отстапки од режимот, лижев сладолед неколку пати јадев неколку компирчиња, два три залаци чоколадирана бисквита, десетина смоки … најискрено мн ретко грешам намерно но денес беше тежок ден, цела ноќ неспиена, плус добиено…толку бев исцрпена што едвај едвај го протуркав денов.
Кај сте бе жени.Пишувајте макар со грешки.И битно да не одиме во плус.Иако сабајлево бев пола кг плус. Д кафе ×2 У 1 ред чоколада Р компир манџа В 1 Л. ориз, неколку компирчиња, парче свинско(да се дојаде) Не стигнав ништо за себе да си спремам викендов.Незнам неделава што ќе се јаде.
Мене сега на ручек ми кажаа дека сум намалила доста од последен пат кога ме виделе, значи чим се приметува почнало да оди надоле. Исто приметив и по едне фустан. А ми кажаа и дека 3 пати помалку од претходно сум јадела. Можете да замислите како сум се дувала ко паун. И има еден проблем, како сега да носам широко кога си сакам тесничко сега кога ми стои. Пола плакар отиде у ќеси за кај мајка, се ми е широко.
Добро утро Од денеска нова програма, претходната ја зезнав, воопшто не ја издржав како што треба тие 3 недели, немам ни некој резултат голем за да се пофалам. Сега нови 3 на повидок, во коалиција со брат ми ден 1, програма 3: - сутлијаш - салата со пилешко месо - детокс смути - ќе испијам и мача чај бидејќи се пренадував викендов Не знам што е со бројчињата во Reserved ама си купив пантолони 38 и 40ка, а носев 44ка
Утро! Утрински извежбани 40ки и планк, почнав да се навикнувам на тој интензитет и темпо, па ќе се држам извесен период на оваа бројка и ќе зголемам на 50 и 3мин планк. Денес Тотал боди, ама двете нивоа, доста беше лабав тренинг, од денес одам малку појако овие 3 недели за да се спремам за кардио денсот. појадок-овес-чиа со јогурт, путер од кикирки и вишни ручек-ориз со малку пилешко и салата вечера-немам појма...
Тука сум, се држам, постам и малку повеќе јадам за викенд ама вчера какво видео за toatl body сум извежбала компензирав за повеќе храна викеднов.. Д овесна каша со јаболка У бадеми и јаболка Р нензам сеуште не спремив за набрзина може некои интегрални шшагети да сварам со домашен ќечап или леќа ќе видам... В и тоа незнам.. Ќе се вежба и денес..
https://hardcoreshop.mk/shop/oatmeal-instant-cheesecake-1kg/ или https://hardcoreshop.mk/shop/instant-oatmeal-12-kg-strawberry/ Мислење
Д: дури во 13. 30 сендвич со 2 кришки тонус и сувомеснато Р пире со гулаш Вечера нема не сум гладна . Само е кафе одкасно.
Денешно мени: П: тостови со тонус, моцарела, пршут, сенф и маслинки Р: динстано телешко месо со многу кромид и салата огромна со сешто внатре (зелка, морков, цвекло, краставица, домат) В: не стигнав да вечерам Мојата цел до некаде е постигната, гардероба што ја носев пред бременоста ја извадив и се ми е точно, но сакам уште неколку кг да намалам па затоа продолжувам, најверојатно и четврта хроно рестрикција
Утро! 40ки и планк завршени, тип топ, вчера тренингот ми извади душа, денес нема да се вежба, утре ќе се вежба стомакот. Вчера заборавив дека имам печена пастрмка за вечера, па си ја изедов само со салата, убаво ми дојде. појадок-шејк ванила јагода со протеин ручек-цезар салата вечера-шо даде кафана, младенци на блиски
Вчера топ тренинг денес ќе одмарам. Д овес со јаболка У леблебија со суво грозје и некое бадемче Р пинџур со лепче У бадеми и јаболка В салата
Добро утро денес на мени, ден 2, програма 3: - овесна каша со путер од кикирики - јаболко со цимет - манџа грашок и салата - детокс смути
Ова програма 3 е као трет вид на диета? Извини, не се сеќавам баш, мислам дека ти кажа дека ќе ја мењаш диетата? На какви поточно беше (дали оние со називи, или свој стил)? И деншното твое мени, нешто слично ко моето за денес - овесни снегулки и чиа со мелени семиња, кокос, какао и путер од кикиритки -цеден портокал - посна грашок манџа со салата - не знам, ваљда салата некоја Две вечери по ред не вечерам. А сабајле се будам со тежина на желудник. Не ми е кисело, да имам киселина, туку баш тежина.... Последните залаци некаде околу 18 часот ми беа... Постите за сега леки и благоугодни Спремни ли сме за утре за мерење??? ДАААААААААААААААА дали сме спремни??? ДААААААААААААААААААААА дали сме ослабнати? НЕ ЗНАЕМЕ дали сме здебелени? НИКАКО какви сме ние? ОЗБИЛНИ Ве чекам утре на рапорт на предпоследно мерење за месец март. Следното ќе е на 30.03, а БМИ рапортираме на 06.04. Поздрав диеталки мои ... врти сучи последниве неколку години всушност само тука пишувам ......Тоа нели многу кажува за мене
Се работи за програми со неделни менија, и сега една програма трае 3 недели. Ко што уплаќаат нели програм кај Ана Стојанова, така и моево, само јас сум кај нутруционист Имам платено 3 такви, значи 9 недели имам планирано мени веќе. Се извинувам ако сум неразбирлива
Не бе па и ти, нит си неразбирлива, нити да се извиниш, нити пак некој докторат ќе спремам. Мислев смени 3 диети за овој период, затоа. Не до тоа ти шо си пишала, туку до јас шо сум си помислила